10/05/2025
📢 Млади симулираа Европски парламент во чест на Денот на Европа! 🇪🇺
Вчера, во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Пантеон Платформа организираше симулација на Европскиот парламент по повод 9 мај - Денот на Европа. Настанот собра млади студенти и средношколци кои имаа можност да ги преземат улогите на членови на Европскиот парламент и активно да дискутираат и предлагаат решенија за важни европски прашања.
Преку практично искуство, учесниците дебатираа, предлагаа и гласаа за резолуции поврзани со надворешната политика и безбедноста на ЕУ. Оваа симулација им овозможи да се запознаат со процесите на донесување одлуки во Европската Унија, развивајќи вештини за јавно говорење, критичко размислување и тимска работа.
Ова беше главната активност од Еразмус+ проектот „EUropean Youth for Engagement and Advocacy“, финансиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, со цел да ги поттикне младите да ги разберат и активно да учествуваат во процесите на европска интеграција.
Пантеон Платформа останува посветена на промовирање на младинското учество и граѓанската едукација, градејќи генерации на активни и информирани млади.