Лекарска комора на Македонија / Oda e Mjekëve të Maqedonisë

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Лекарска комора на Македонија / Oda e Mjekëve të Maqedonisë
Directions Website Contact the organization

Лекарска комора на Македонија / Oda e Mjekëve të Maqedonisë Официјална Фејсбук страна на Лекарската комора на Република Северна Македонија

Лекарската комора на Република Северна Македонија организираше настан по повод одбележувањето значаен јубилеј – 90 годин...
14/09/2026

Лекарската комора на Република Северна Македонија организираше настан по повод одбележувањето значаен јубилеј – 90 години од раѓањето на еден од најголемите научни умови во современата медицина, нобеловецот проф. д-р Ферид Мурад, чии корени потекнуваат од нашата земја.

На настанот присуствуваа министерот д-р Беким Сали, претставници на здравствените институции и лекари кои заеднички му оддадоа почит на човекот чии откритија ја револуционизираа светската кардиологија и фармакологија.

Во своето воведно обраќање, претседателката на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, истакна дека делото на проф. д-р Мурад претставува трајна инспирација за целокупната медицинска фела.

„Проф. д-р Ферид Мурад не беше само исклучителен лекар и истражувач, туку пред сè, тој беше визионер. Неговото откритие покажа дека и најобичните молекули можат да имаат клучна улога во нашето тело. Но, она што нас нè прави особено горди е неговото потекло од гостиварскиот крај и фактот што тој никогаш не ги заборави своите корени, останувајќи искрен пријател на македонската медицинска и научна заедница“, истакна проф. д-р Гривчева Старделова.

Повеќе на https://sl1nk.com/c7a3y66
--------------------------------------------------------------------

Oda e Mjekëve e Republikës së Maqedonisë së Veriut organizoj event që shënoi sot një jubile të rëndësishëm 90 vjetorin e lindjes e një prej mendjeve më të mëdha shkencore në mjekësinë bashkëkohore, laureatit të Çmimit Nobel, Prof. Dr. Ferid Murad, rrënjët e të cilit vijnë nga vendi ynë.

Në event mori pjesë dr Bekim Sali dhe përfaqësues të shumtë të institucioneve shëndetësore, mjekë dhe bashkëpunëtorë, të cilët së bashku i dhanë nderimet e merituara njeriut zbulimet e të cilit revolucionarizuan kardiologjinë dhe farmakologjinë botërore.

Në fjalën e saj hyrëse, kryetarja e Odës së Mjekëve, Prof. Dr. Kalina Grivçeva Stardelova, theksoi se vepra e Prof. Dr. Murad përfaqëson një frymëzim të përhershëm për të gjithë fushën mjekësore dhe se Oda është jashtëzakonisht krenare për kontributin e tij global, si dhe për lidhjen e tij të pashkëputur me vendin tonë.

“Prof. Dr. Ferid Murad nuk ishte vetëm një mjek dhe hulumtues i jashtëzakonshëm, por para së gjithash, ai ishte një vizionar. Zbulimi i tij tregoi se edhe molekulat më të thjeshta mund të kenë një rol kyç në trupin tonë. Por, ajo që na bën veçanërisht krenarë është origjina e tij nga rajoni i Gostivarit dhe fakti se ai kurrë nuk i harroi rrënjët e tij, duke mbetur një mik i sinqertë i komunitetit mjekësor dhe shkencor maqedonas”, theksoi Prof. Dr. Grivçeva Stardelova.

Më shumë në https://l1nq.com/a28mj12

Честит Ден на независноста 🇲🇰Urime Dita e Pavarësisë 🇲🇰
08/09/2026

Честит Ден на независноста 🇲🇰

Urime Dita e Pavarësisë 🇲🇰

Собранието на Лекарската комора на седницата одржана на 02.09.2026 г. донесе одлука за одржување на избори на 07.10.2026...
02/09/2026

Собранието на Лекарската комора на седницата одржана на 02.09.2026 г. донесе одлука за одржување на избори на 07.10.2026г. кога во сите општински одбори ќе се изберат нови делегати.

Претседателот на Комората изборите ги распиша на 30.04.2026 г., а претседателот на Собранието свика три седници (на 30.04.2026, 21.05.2026 и 12.06.2026) на кои, меѓу другото, требаше да се донесат и одлуки поврзани со изборите. За сите седници делегатите беа уредно известени, но поради тоа што не беше потврдено присуството на првите две седници, а на трета и физички не дојдоа, не се обезбеди кворум и седниците не се одржани. Ова покажува дека претседателот на Комората и претседателот на Собранието сториле сè што е во нивна надлежност за нормално да се одвива изборниот процес.

Во врска со тоа што се проблематизира во јавноста, како Комората функционира сега кога е истечен мандатот, треба да се објасни дека се обезбедува само неопходен функционален континуитет за довршување на веќе започнатиот изборен процес и за неодложно законско и финансиско функционирање на Комората до конституирање на новите органи. Во оваа смисла важно е да се истакне и дека разгледувањето и одобрувањето на документите за издавање на лиценци за работа на докторите го прави посебна комисија која има мандат до декември 2026 г., и тие се потпишани од претседателот на оваа комисија. Актуелниот претседател на Комората, како втор потписник, ги потпишува лиценците по функција се додека нов претседател не биде впишан во Централниот регистар.

Честит и вековит Илинден! 🇲🇰
02/08/2026

Честит и вековит Илинден! 🇲🇰

Денес тимот за интервентна кардиологија при ГОБ „8-ми Септември", за прв пат во Македонија, воведе нов метод „CoroFlow",...
03/07/2026

Денес тимот за интервентна кардиологија при ГОБ „8-ми Септември", за прв пат во Македонија, воведе нов метод „CoroFlow", софистициран софтверски медицински систем за прецизна проценка и детектирање дисфункција во микроциркулацијата на срцевиот мускул.

Методот „CoroFlow“ овозможува попрецизна проценка на состојбата на коронарната микроциркулација, што може да придонесе за подобра дијагностика и третман на пациентите со срцеви заболувања кај кои класичните испитувања не секогаш ги откриваат причините за симптомите, со што претставува важен чекор за модернизација на кардиолошката дијагностика.

Честитки до целиот тим и многу нови успеси!

📌 Издвојуваме од Vox Medici: Докторите низ уметноста - разговор со спец. д-р Ѓорѓи Паскалов, педијатар и музичар.„И лека...
03/07/2026

📌 Издвојуваме од Vox Medici: Докторите низ уметноста - разговор со спец. д-р Ѓорѓи Паскалов, педијатар и музичар.

„И лекарот и музичарот примарно му служат на човекот. Музичарот го лекува духот, а лекарот телото, но и двајцата мораат да тргнат од премисата дека го третираат човекот во неговата целост, а не
само неговата болест. Овој пристап, изграден врз знаење, строга дисциплина и длабока хуманост, со текот на времето создава успех кој заедницата не само што го препознава, туку искрено го вреднува и го почитува“, вели за Vox Medici д-р Паскалов, кој е специјалист по педијатрија, супспецијалист по
неврологија, но и музичар
- блузер, кој „батериите“
ги полни со свирење на
усна хармоника.

📍 Прочитајте го целото интервју на
https://shorturl.at/CJsO6

📍 Електронско издание на последниот број на Vox medici на
https://shorturl.at/0E9Qc

📌 НОВ БРОЈ НА VOX MEDICI! Во новиот број на Vox Medici може да прочитате повеќе содржини меѓу кои:🔹️Тема на бројот: Моќт...
02/07/2026

📌 НОВ БРОЈ НА VOX MEDICI!

Во новиот број на Vox Medici може да прочитате повеќе содржини меѓу кои:

🔹️Тема на бројот: Моќта на 3Д-печатењето во персонализираната медицина
🔹️Македонско здравство: Универзитетската клиника за онкологија воведе стереотактична радиотерапија за прецизно лекување тумори
🔹️Стручен форум: Предупредување за праксата на лекарите од ПЗЗ: Зошто мора да се рекалибрира клиничкото сомневање за рак во рана фаза
🔹️Докторите низ уметноста: Разговор со спец. д-р Ѓорги Паскалов: Медицината и музиката - симбиоза за лекување на душата и на телото
🔹️Комората одбележа 34 години од основањето: Столб на професионализмот, медицинската етика и континуираниот развој на лекарската дејност
🔹️Лекарската комора стана полноправен член на Европскиот совет на лекарски комори

🔗Електронското издание на весникот е достапно на овој линк https://shorturl.at/0E9Qc

📍Каде да го најдете вашиот печатен примерок?

Печатеното издание на весникот Vox Medici се дистрибуира до клиниките, институтите, клиничките болници, општите и специјализирани болници и здравствени домови, како и до поголемите приватни здравствени установи.
Дистрибуцијата на весниците за докторите од примарната здравствена заштита и помалите приватни специјалистички ординации е регионална, организирана според општинските одбори, преку координаторите на ЗПЛРМ. Список по градови и здравствени установи од каде овие лекари може да подигнат весник е достапен на линкот https://shorturl.at/m9QJS

Примероци на Vox Medici се достапни и во просториите на Лекарската комора.

На 06-07 јуни Кочани традиционално по 19-ти пат беше домаќин на престижниот тениски турнир „МЕДИКАЛ ОПЕН“, кој годинава ...
26/06/2026

На 06-07 јуни Кочани традиционално по 19-ти пат беше домаќин на престижниот тениски турнир „МЕДИКАЛ ОПЕН“, кој годинава го прослави својот голем јубилеј – 30 години постоење.

И покрај исклучително топлото време, на терените владееше одлична атмосфера, висок спортски дух и голема борбеност меѓу лекарите-тенисери. По два дена исполнети со возбудливи натпревари, беа прогласени најдобрите во трите натпреварувачки категории.

Официјални резултати од турнирот:

ОПЕН КАТЕГОРИЈА
• Прво место: д-р Благој Темелков
• Второ место: д-р Ѓорѓи Стојковски
• Трето/Четврто место: д-р Александар Петличковски и д-р Горјан Милановски

КАТЕГОРИЈА 50+
• Прво место: д-р Александар Петличковски
• Второ место: д-р Гоце Бабоски
• Трето/Четврто место: д-р Вело Марковски и д-р Антонио Дојчиноски

ДВОЈКИ (ДУБЛ)
• Прво место: д-р Темелков / д-р Стојковски
• Второ место: д-р Марковски / д-р Коцев
• Трето/Четврто место: д-р Милановски / д-р Милановски и д-р Пановски / д-р Бабоски

На настанот по повод одбележување на 34 години од основањето Лекарската комора додели благодарници за новинари и медиуми...
09/06/2026

На настанот по повод одбележување на 34 години од основањето Лекарската комора додели благодарници за новинари и медиуми кои преку своите емисии посветени на здравството придонесуваат за подигнување на здравствената култура на населението.

Признанија добија Билјана Дебарлиева („Фактор здравје“ – ТВ24), Севдије Метај („Про вита“ – МРТ2), Александар Динев и Сања Димитровска („Добриот доктор“ – Сител), Марија Атанасовска („Телма амбуланта“ – Телма), како и Арѓира Елмази и Арта Сефадини („Огледало на здравјето“ – Алсат М).

Д-р Мевљудин Куч е добитник на највисокото признание на Лекарската комора за 2026 година, Плакетата “Св. Наум Охридски”....
09/06/2026

Д-р Мевљудин Куч е добитник на највисокото признание на Лекарската комора за 2026 година, Плакетата “Св. Наум Охридски”. Во негово име наградата ја прими неговиот син, д-р Златан Куч.

Наградата „Св. Наум Охридски“ е највисоко признание на Комората кое се доделува на доктор на медицина за особени остварувања во областа на здравството, односно на доктор кој особено се истакнал со совесно и одговорно извршување на докторската професија, ја стекнал довербата на пациентите и остварил особено добри резултати во нивото лекување, остварил добра соработка и однос со своите колеги и доследно се придржувал кон принципите на медицинската етика и Кодексот на медицинската деонтологија.

Д-р Мевљудин Куч е роден во 1959 година во Боришиќе, Сјеница, Република Србија. Основно и средно образование завршил во Скопје и во 1985 година дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Неговиот професионален пат започнува како воен лекар на Воено-медицинската академија во Белград, каде стекнува значајно клиничко искуство и ја зацврстува својата стручност и дисциплина. Во 1988 година се вработува во Здравствениот дом – Скопје, каде најпрво работи во службата за домашна посета, непосредно помагајќи им на пациентите во нивните домови, а потоа ја продолжува својата работа како матичен лекар во Поликлиниката Чаир. Со својата посветеност, достапност и човечки пристап, брзо стекнува доверба и почит кај пациентите. Во 2006 година, д-р Куч ја основа сопствената приватна здравствена установа „ПЗУ Д-р Куч“, која со текот на годините прераснува во препознатлив и респектиран медицински субјект во заедницата.

Паралелно со својата богата практика, д-р Куч дава значаен придонес и во институционалниот развој на лекарската професија. Тој е активен учесник во работата на Лекарската комора на Република Северна Македонија уште од нејзиното основање, па сè до денес. Во периодот од 2012 до 2017 година е член на Комисијата за приватно здравство, каде активно учествува во креирањето и унапредувањето на политики од значење за приватниот здравствен сектор. Од 2017 година до денес, во два последователни мандати, ја извршува функцијата член на Извршниот одбор, каде со своето искуство и стручност придонесува кон донесување на стратешки одлуки во интерес на лекарската професија и здравствениот систем.

Особено значаен е неговиот придонес во развојот на примарната здравствена заштита. Д-р Куч активно учествува во формирањето на Здружението на приватни лекари на Република Македонија (ЗПЛРМ), каде долги години е дел од раководството. Заедно со своите колеги, посветено работи на подобрување на статусот на матичните лекари, афирмирање на нивната улога во здравствениот систем и јакнење на примарната здравствена заштита како темел на современото здравство. Исто така, активно учествува и во организација и реализација на континуирана медицинска едукација за лекарите во рамките на ЗПЛРМ, а вклучен e и во процесот на полагање на стручниот испит, давајќи свој придонес во едукацијата и професионалното оформување на новите генерации лекари.

Д-р Мевљудин Куч претставува вистински пример за лекар кој не само што стручно, совесно и професионално ја извршува својата дејност, туку и доследно ги живее највисоките етички и хуманистички вредности на медицинската професија. Неговиот долгогодишен труд, посветеност и несебична грижа за пациентите, како и неговиот придонес во унапредувањето на здравствениот систем, оставаат длабок и траен белег во македонското здравство.

Address

"Партизански одреди" бр. 3
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Лекарска комора на Македонија / Oda e Mjekëve të Maqedonisë posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Лекарска комора на Македонија / Oda e Mjekëve të Maqedonisë:

Shortcuts

Share