11/11/2024
По опсежна опсервација и анализа дојдовме до објективен заклучок дека нашите драги мажи се неправедно маргинализирани и небрежно изоставани во нашите тесни планинарски кругови. Имено после сите женски акции, ослободувачко-партизански акции, детски акции, акции за ретки и не толку ретки, еколошки акции, дури ни во нивниот месец ноември не сретнавме опус, повод, причина или барем креација која ќе ги возвиши во висините и острините, само од една единствена причина-затоа што се мажи.
Затоа ние од Убава ќе се качуваме на Остри на 2263м. На 30ти ноември. Во име на сите мажи и оние кои се чувствуваат така. Акцијата е само за мажи, мажи мустаклии, мажи брадомустаклии, мажи тродневни бради и жени кои љубат или негуваат свои или туѓи мустаци и бради.
Стартна точка: Патишка река, 07.00 часот, 30.11.24, сабота
Должина: 16 км
Д+: 1300м
Опрема:
Мустак, брада и зимска планинарска опрема
Задолжително пријавување до: 29.11.2024, петок
Лица за контакт:
Ирена Диков 070325618
Ана Момировска 075295225
Напомена:
•Најострите мустаци можат да одат и пред и зад водичите
•И да врне и да вее мустак ќе се сучи на Остри