17/10/2026
Од бизнис-идеја до првите деловни чекори – секоја одлука е полесна кога знаеш кои се твоите можности. 💡
Со Дарко Илиов ја отворивме новата сезона на настани на ИСЛАА со вебинарот „Форми на трговски друштва – како да ја избереш вистинската форма за твојот бизнис?“.
Разговаравме за различните форми на организација на бизнисот, нивните особености и што треба да земеме предвид кога започнуваме самостојно или со деловен партнер.
Му благодариме на Дарко за споделеното знаење и на сите што ни се придружија! 🤝
Продолжуваме со теми што ни помагаат посигурно да ги направиме следните деловни чекори. Следете нè, ви подготвуваме уште еден интересен настан полн со совети и искуства веќе следниот месец!