21/05/2026
🍀
На 15 мај, СмартАП, во соработка со Здружение за одржлив социо-економски развој „Изгрејсонце“ - Скопје , Go Green - Биди Зелен а со поддршка од Општина Ѓорче Петров, организираше промотивен настан „Енергетски заедници во локалната самоуправа: Од соларна енергија до зелена мобилност“.
Настанот се одржа во просториите на Општина Ѓорче Петров, со учество на претставници од институции, локалната самоуправа, експерти од областа на енергетиката, граѓански организации и граѓани заинтересирани за развој на енергетските заедници.
Настанот го отвори градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, г. Александар Стојковски, кој го истакна значењето на локалната поддршка во процесите на енергетска транзиција.
Во рамки на настанот беа презентирани:
🔹 концептот за демократско управување со енергетските ресурси и улогата на граѓаните во локалното производство на енергија, претставен од здружението „Изгрејсонце“;
🔹 потребите од инфраструктура за полнење електрични возила во општината, на иницијатива на „Биди зелен/Go Green“;
🔹 иновативниот модел „Локални задруги за мобилност“ / Community Mobility Cooperatives, претставен од СмартАП, како пристап за заедничко управување со мобилни ресурси на локално ниво.
По презентациите се отвори конструктивна дискусија, во која беа споделени идеи, предизвици и предлози за унапредување на условите за развој на енергетските заедници во локалните заедници.
Овој настан беше важен чекор кон подигнување на свеста за потенцијалот на енергетските заедници како модел за поодржлива, подостапна и позелена енергија.
Овој проект е дел од Европската климатска иницијатива (EUKI) на Германското федерално министерство за животна средина, климатски акции, заштита на природата и нуклеарна безбедност.
Проектот е координиран од Универзитетот во Љубљана, во партнерство со Коримако (Словенија), Платформа за енергетска транзиција (Србија), Асоцијација Орасе Енерџи во Романија (Романија) и Лабораторијата за социјални иновации SmartUP (Северна Македонија).
#ЕнергетскиЗаедници #ЗеленаМобилност #СоларнаЕнергија #ЛокаленРазвој