05/06/2026
✂️🌿 DMWC Работилници: „Кроиме иднина со креативност, вештини и одржлива мода“
Во инспиративна и креативна атмосфера во Скопје, успешно продолжуваат DMWC работилниците за шиење и кроење, реализирани според модниот концепт на модната дизајнерка Irina Tosheva под менторство на Katerina Toshevaи со асистенција на Andrijana Pavlovski Преку процесот на дизајнирање, кроење и изработка на уникатни модни парчиња, учесниците ги унапредуваат своите практични вештини, ја развиваат креативноста и го јакнат својот претприемачки дух. Работилниците претставуваат простор каде што знаењето, иновациите и одржливоста се спојуваат во современи модни решенија.
Посебен акцент е ставен на одговорното користење на материјалите, реупотребата и принципите на циркуларната мода, поттикнувајќи создавање на модни производи со позитивно влијание врз животната средина.
Покрај совладувањето на техниките на шиење и кроење, учесниците градат самодоверба, тимски дух и нови идеи за идни професионални можности во креативните индустрии.
🧵✨ Заедно кроиме иднина во која модата е креативна, одговорна и одржлива.
📌 Дел од проектот „Зајакнување на женското претприемништво преку занаетчиство и одржливост“, имплементиран од Dobredojde Macedonia Welcome Centre , со поддршка од Slovenian Embassy Skopje/Амбасада на Република Словенија и Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија