Група млади луѓе или организација во нивно име може да
аплицира за финансирање за проект за солидарност во
одредените рокови. Не е потребна Ознака за квалитет за
проектите за солидарност.
ОРГАНИЗАЦИИ
Со цел да учествуваат во волонтерски активности,
практикантски програми и работни места, организациите
треба да добијат Ознака за квалитет. Ознаката за квалитет
осигурува усогласеност со принципите и целите на Европскиот
солидарен корпус. Организациите аплицираат за Ознака за
квалитет во Националната агенција на сопствената земја
или регионалните SALTO (Можности за поддршка и напредно
учење и обука) во случај на земји-партнери. Апликациите за
Ознака за квалитет може да се поднесуваат континуирано.
Секоја јавна или приватна организација од земја-членка
на Европската унија што има Ознака за квалитет може да
поднесува апликации за финансирање во одредените
рокови за волонтирање, практикантска работа и работни
места.
Тие треба да се поднесуваат преку онлајн формулари
во Националната агенција во земјата каде што е основана
организацијата што аплицира. Организациите од земјитечленки што не се дел од Европската унија, а имаат Ознака за квалитет може да учествуваат во волонтерските активности
како партнери.
Во конкретни случаи, аплицирањето за Ознака за квалитет
и финансирање треба да се упати до Извршната агенција за
образование, аудиовизуелни и културни работи (EACEA).
За да учествувате индивидуално, регистрирајте се на
порталот на Европскиот солидарен корпус:
https://europa.eu/solidarity-corps
За да го видите Водичот на Европскиот солидарен
корпус, да аплицирате за финансирање или да ги најдете
деталите за контакт на вашата Национална агенција или
SALTO (Можност за поддршка и напредно учење и обука),
одете на: https://ec.europa.eu/youth/solidarity-corps