Finance Think

Finance Think Нашата работа поттикнува промени во економските, социјалните и развојните политики за подобар животен стандард на граѓаните и за подобро окружување за фирмите.

Нашите економски истражувања и анализи се концентрирани околу следните програмски области:

- Политики на раст и развој
- Сиромаштија, вработување, вештини
- Фискална одговорност и транспарентност
- Родови и доходни нееднаквости
- Конкурентност и пристапување кон ЕУ
- Општински финансии и политики
- Зелена економија

08/09/2026
🇲🇰 35 години Македонска независност 🇲🇰
08/09/2026

🇲🇰 35 години Македонска независност 🇲🇰

06/09/2026
Finance Think за Телевизија 24 ⚠ Прво, градежништвото е главно водено од растот на нискоградбата и специјализираните гра...
06/09/2026

Finance Think за Телевизија 24

⚠ Прво, градежништвото е главно водено од растот на нискоградбата и специјализираните градежни работи, што може да се припише на изведбата на капиталните инвестиции на државата, на национално и локално ниво. Оваа активност е клучна за растот, но е проследена со висок буџетски дефицит. Второ, растот на личната потрошувачка и понатаму е одраз на растот на доходите, покрај од платите и кредитите на домаќинствата и на големиот раст на пензиите во последните две години, што доведе до притисоци врз пензискиот буџет. Со тоа, растот на БДП, во значајна мера, иако не целосно, е индуциран од буџетска потрошувачка која оневозможува доволна фискална консолидација.

Од друга страна, експертите велат, не е доволно само колку расте економијата, туку и од каде доаѓа тој раст. Анализата на Фајнанс тинк покажува дека растот од 4,3 проц....

04/09/2026

Аналитичарите од Finance Think во најновиот макро-монитор предупредуваат дека засилената солидната економска активност во за вториот квартал од 2026 година е

Finance Think за Pari.com.mk☢️ Зад бројката од 4,3 отсто раст на македонската економија во второто тримесечје, најсилен ...
04/09/2026

Finance Think за Pari.com.mk

☢️ Зад бројката од 4,3 отсто раст на македонската економија во второто тримесечје, најсилен резултат по пандемиските квартали од 2021 година наваму, се крие приказна многу поразлична од онаа што првиот впечаток ја сугерира. Аналитичарите од институтот Finance Think, во својот последен „Макроекономски монитор”, ја расчленуваат сликата зад бројката и укажуваат дека растот во значителна мера е поттикнат од буџетска потрошувачка, а не од самоодржлив економски развој.

Зад бројката од 4,3 отсто раст на македонската економија во второто тримесечје, најсилен резултат по пандемиските квартали од 2021 година наваму, се крие приказна мно....

📈 Економската активност  #забрза, но забрзувањето е во голема мера поттикнато од  #буџетски трошења🏗️ Во вториот квартал...
04/09/2026

📈 Економската активност #забрза, но забрзувањето е во голема мера поттикнато од #буџетски трошења

🏗️ Во вториот квартал од 2026, растот на БДП забрза на 4.3%. Ова е прв квартал со раст над 4% по пост-пандемиските квартали од 2021 година. Во овој квартал, растот е доминантно воден од #градежништвото (21.9%), што на расходната страна се рефлектира и преку висок раст на бруто #инвестициите (16.5%). Солидни стапки на раст остварија и #индустријата (3.9%) и #трговијата (4.1%), а на расходната страна #личната потрошувачка (3.3%) и #извозот (10.4%). Оваа особено солидна динамика на растот е сврзана со најмалку две #критични тенденции. Прво, градежништвото е главно водено од растот на #нискоградбата (48.9%) и специјализираните градежни работи (61.5%), што може да се припише на изведбата на #капиталните инвестиции на државата, на национално и локално ниво. Оваа активност е клучна за растот, но е проследена со висок буџетски #дефицит (7.1% во првата половина од годината). Второ, растот на личната потрошувачка и понатаму е одраз на растот на доходите, покрај од платите (номинален раст 7.3%), и кредитите на домаќинствата (12.1%), и на големиот раст на пензиите во последните две години, што доведе до притисоци врз пензискиот буџет (во првата половина од 2026, тој е натреализиран на ниво од 55%). Со тоа, растот на БДП, во значајна мера, иако не целосно, е индуциран од буџетска потрошувачка која оневозможува доволна фискална #консолидација.

👷 Невработеноста во вториот квартал од 2026 остана иста, 11.3%, проследена со слична вработеност и иста активност на населението. Со тоа, пазарот на труд остана во зона на интензивна #летаргичност, односно тој не реагира на растот на БДП. Неформалната вработеност понатамошно порасна, од веќе високите 13.3% од вкупната вработеност на 14.3%, и може да претставува важен – иако не единствен – показател дека особено-високото ниво на сива економија – и веројатно особено во градежништвото – не се намалува.

💶 Во вториот квартал од 2026, #инфлацијата порасна на 4.6% на годишна основа (од 3.7%), но ова беа главно ефекти од ниска споредбена основа (претходен период кога во сила беа мерки за ограничување на маржи и цени). Сепак, траењето на конфликтите на европско тло и на Блискиот исток, а на домашен терен притисоците врз буџетскиот дефицит, налагаат особена внимателност во поглед на динамиката на цените од страна на монетарната и фискалната политика.

📊 Растот на економијата се очекува да се задржи во текот на 2026, главно воден од домашните фактори. Проекцијата на Finance Think за растот на БДП во 2026 изнесува 3.5%, а за инфлацијата 4.1%.

🔗 https://h1.nu/1Dh7G

Address

Frederik Sopen 1/2
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Finance Think posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Finance Think:

Shortcuts

Share