Главната цел на проектот е да овозможи поддршка за развој на нови и постојните социјални претпријатија, да ја зајакне нивната економска независност преку следење на принципот “Не оставај никој зад себе” и има за цел да ги подобри оперативните капацитети и одржливостa на веќе постоечките и новите социјални претпријатија и да креира нови работни места за ранливите групи граѓани и лица со попреченост
.
Проектот ќе придонесе за поволни услови за работа на социјални претпријатија, преку поддршка за воспоставување нови и подобрување на оперативните капацитети на најмалку 6 социјални претпријатија, а истовремено ќе поддржи нови вработувања на најмалку 9 лица од ранливите групи (лица со попреченост, жени во ризик и долгорочно невработени). Имајќи ги предвид потребите и ограничувањата на ниво на целата земја, низ проектните активности ќе се допрат главните ограничувања како недостатокот на знаење и свесност за социјалното претприемништво и недостатокот на соработка помеѓу социјални претпријатија, јавните институции и приватниот бизнис.
Специфични цели на проектот:
(1) Поддршка за основањето на нови и развојот на постојните социјални претпријатија за да се обезбеди одржлив економски раст и да се подобри квалитетот на нивните услуги и производи;
(2) Поддршка на вработувањето на ранливите групи граѓани со што се создаваат нови и одржливи работни места следејќи го принципот – “Не оставај никој зад себе“;
(3) Воспоставување на соработка меѓу социјални претпријатија/ГО, локалните бизниси и општините да го стимулираат зелениот економски раст, заштитата на животната средина и да ги подобрат социјалните услуги и нивното вмрежување;
(4) Подигнување на јавната свест за предностите на развојот на социјалните претпријатија и вклучување на ранливите групи во заедницата
Целна група и крајни корисници на проектот се социјални претпријатија/граѓански организации кои се ангажирани во оваа област, социјално ранливи лица (лица со посебни потреби, жени во ризик и долгорочно невработени) и нивните семејства, локални бизниси, општини и национални владини институции.
Период на имплементација на проектот: 01.12.2021 - 31.05.2023, во период од 18 месеци
Проектот е финансиран од Eвропската Унија.