Сина Револуција

Сина Револуција Здружение за едукација, советување, превенција и грижа на лица со дијабетес СИНА РЕВОЛУЦИЈА - Прилеп

11/04/2026
ДО КОГА?ДО КОГА лицата со дијабетес ќе живеат во неизвесност?ДО КОГА ќе нема инсулин, ленти, глукометри и сензори?И најв...
04/03/2026

ДО КОГА?

ДО КОГА лицата со дијабетес ќе живеат во неизвесност?

ДО КОГА ќе нема инсулин, ленти, глукометри и сензори?

И најважното прашање –
ДАЛИ Е ВИСТИНА дека државата веќе една година нема платено за инсулин и други помагала?

Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë
Влада на Република Северна Македонија

Граѓаните заслужуваат одговор.
Лицата со дијабетес заслужуваат сигурност.
Инсулинот не е политичка тема.
Не е ставка за одложување.
Не е трошок што може да почека.
Инсулинот е ЖИВОТ.
Ако има долг – кажете јавно.
Ако има проблем со набавка – објаснете транспарентно.
Ако има застој – преземете одговорност.
Молкот создава страв.
Непостапувањето создава ризик.
Дијабетесот не чека процедури.
Не чека тендери.
Не чека бирократија.
Бараме итна и континуирана испорака.
Бараме транспарентност.
Бараме гаранција дека никогаш повеќе нема да се доведуваат во прашање животите на лицата со тип 1 дијабетес.
Доста е неизвесност.
Време е за одговори.
#ИнсулинЕЖивот #Тип1НеЧека #ТранспарентностСега #НеСмеСтатистика

Денес, по повод 14 Ноември – Денот на лицата со дијабетес, по трет пат како иницијатива „Сина револуција“ спроведуваме а...
16/11/2025

Денес, по повод 14 Ноември – Денот на лицата со дијабетес, по трет пат како иницијатива „Сина револуција“ спроведуваме акција за пошумување.

🙏 Голема благодарност до сите волонтери, поддржувачи, организации и компании кои беа дел од оваа приказна. Секое дрво е доказ дека кога се обединуваат луѓе со заедничка цел – природата победува!

Да продолжиме заедно да создаваме зелени победи! 💚

Ги повикуваме компаниите, институциите, здруженијата и сите граѓани да се приклучат на акцијата за пошумување „НЕ БИДИ Т...
11/11/2025

Ги повикуваме компаниите, институциите, здруженијата и сите граѓани да се приклучат на акцијата за пошумување „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, организирана од Сина Револуција во општина Прилеп, по повод Светскиот ден на лицата со дијабетес.

КАКО МОЖЕ ДА СЕ ВКЛУЧИТЕ:

💙 Донирајте средства или услуги
Со вашата поддршка ќе овозможиме набавка на садници, нивна нега и целосна организација на акцијата. Секое донирање претставува директен придонес кон создавање поздраво и позелено опкружување за сите нас.

🌳 Волонтирајте
Вашето време и труд се подеднакво важни како и финансиската поддршка. Придружете ни се на денот на акцијата и засадете дрво со вашите раце. Организиран превоз од пред домот на културата „Марко Цепенков“ Прилеп, тргнување во 09:30 часот, 16.11.2025 година и обезбеден оброк за сите волонтери.

📢 Споделете ја пораката
Информирајте ги пријателите, семејството, колегите. Споделете ја акцијата на социјалните мрежи и помогнете ја пораката да стигне до што повеќе луѓе. Колку сме повеќе – толку повеќе дрвја ќе посадиме.

Заедно можеме да создадеме симбол на солидарност, здравје и грижа за природата.
Секое засадено дрво е инвестиција во иднината.
Секој од нас може да биде дел од промената.

Со почит,
Сина Револуција

Нема граници кога срцето трча!Денес, група херои со тип 1 дијабетес ја освоија патеката на Скопскиот маратон!Не за медал...
05/10/2025

Нема граници кога срцето трча!
Денес, група херои со тип 1 дијабетес ја освоија патеката на Скопскиот маратон!
Не за медали, туку за порака – дека тип 1 не е пречка, туку моќ што нè тера да одиме понатаму, секој ден.

Секој километар беше победа.
Секој чекор – доказ дека со дисциплина, знаење и волја, можеме да стигнеме подалеку од сите граници што некој некогаш ни ги поставил.

Ние не бегаме од дијабетесот – трчаме со него, и пред него!
💙 За нас. За сите кои се борат секој ден. За иднината без страв.

✨ Денес, со едукативна трибина го одбележавме 29 септември – Светскиот ден на срцето.Настанот нè потсети колку е важна в...
29/09/2025

✨ Денес, со едукативна трибина го одбележавме 29 септември – Светскиот ден на срцето.

Настанот нè потсети колку е важна врската меѓу кардиоваскуларното здравје и дијабетесот, ризик-факторите и современите превентивни пристапи, но и потребата од унапредување на здравите животни навики во заедницата. ❤️

Со своите излагања придонесоа:
👩‍⚕️ д-р Аксиња Гарбеска – Кебакоска, специјалист по социјална медицина, ЈЗУ Центар за јавно здравје
👩‍⚕️ д-р Александра Милевска – Благојевска, специјалист по интерна медицина, субспецијалист кардиолог, ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп
🥗 м-р Везире Старова, нутриционист
💉 Татјана Ѓорѓиоски, дипломирана медицинска сестра

Особено внимание беше посветено на правилната исхрана и подобрата контрола на дијабетесот преку броење на јаглехидрати, а на учесниците им беше претставена и книгата 📖 „Да се храниме и готвиме здраво“ од м-р Везире Старова – практичен водич за секојдневие.

Здружение Центар за развој и едукација- Прилеп
БАЛАНС МК - Асоцијација за детски дијабетес на Македонија

Во чест на Денот на срцето, Ве покануваме на едукативна трибина посветена на кардиоваскуларното здравје и здравите живот...
28/09/2025

Во чест на Денот на срцето, Ве покануваме на едукативна трибина посветена на кардиоваскуларното здравје и здравите животни навики.

Трибината посветена на ризик-факторите за срцеви заболувања, современите превентивни пристапи и значењето на здравите навики во секојдневниот живот како и препораки за правилна исхрана кај лицата со дијабетес, практични совети за нутриција и диетика.

• д-р Аксиња Гарбеска – Кебакоска, специјалист по социјална медицина од ЈЗУ Центар за јавно здравје,
• д-р Александра Милевска – Благојевска, специјалист по интерна медицина и субспецијалист кардиолог во ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“, Прилеп.
• м-р Везире Старова, нутриционист, и
• Татјана Ѓорѓиоски, дипломирана медицинска сестра.

📅 Датум: 29 септември 2025 година
🕒 Време: 18 часот
📍 Локација: Градска Библиотека "Борка Талески" Прилеп

27/09/2025

Enjoy the videos and music that you love, upload original content and share it all with friends, family and the world on YouTube.

Денес стотици граѓани застанаа на страната на своето здравје – преку 500 лица направија бесплатна проверка на гликемијат...
27/09/2025

Денес стотици граѓани застанаа на страната на своето здравје – преку 500 лица направија бесплатна проверка на гликемијата и на својот витаминско-минерален статус и добија совети како здравата исхрана и активниот животен стил можат да спречат сериозни последици.

Нашата мисија е јасна: повеќе знаење, повеќе свесност и повеќе поддршка за сите кои живеат со дијабетес, но и за оние кои сакаат да го зачуваат своето здравје.

Заедно покажавме дека превенцијата не е само збор – таа е акција. Секој измерен резултат и секој совет е дел од патот кон поздраво утре.

Да продолжиме храбро и обединето, затоа што здравјето нема замена!

Здружение Центар за развој и едукација- Прилеп
Соу Орде Чопела Прилеп
Pharmacy

Драги пријатели,Ве покануваме на настан посветен на поддршка на здравјето и свесниот избор на храна!Овој собир ќе обедин...
23/09/2025

Драги пријатели,
Ве покануваме на настан посветен на поддршка на здравјето и свесниот избор на храна!
Овој собир ќе обедини две важни цели:

🩺 Грижа за здравјето – На настанот ќе овозможиме бесплатно мерење на гликемијата, совети за превентивна грижа и мерење на витаминско-минералниот статус. Ќе добиете практични препораки за подобра грижа за телото, како за лицата со дијабетес, така и за секој што сака да живее поздраво и со намален ризик од заболувања.

🥗 Здрава исхрана за посилен живот – Заедно ќе откриеме колку храната може да биде наш сојузник за енергија, сила и рамнотежа. Ќе откриеме како правилните избори на оброци влијаат врз нашето здравје, ќе споделиме едноставни рецепти и идеи за практична, вкусна и балансирана исхрана. Овој дел од настанот е потсетник дека секојдневно можеме да направиме мал избор што носи голема промена за нашето тело и благосостојба.

Нашата цел е да изградиме заедница која се грижи за себе преку информираност и здрави навики. Нека овој ден биде посветен на знаење, инспирација и поддршка еден за друг.
Со вашата вклученост, можеме да создадеме средина во која здравата исхрана ќе биде прифатена како стил на живот, а не како обврска.

💙 Заедно за подобро утро и поздрав живот! 💙

💙 Синиот круг повторно е на патеката!На 5 октомври 2025 трчаме на Wizz Air Скопски Маратон за да покажеме дека дијабетес...
02/09/2025

💙 Синиот круг повторно е на патеката!
На 5 октомври 2025 трчаме на Wizz Air Скопски Маратон за да покажеме дека дијабетесот нема да нè сопре – нè прави посилни! 🏃‍♂️🏃‍♀️

🏃‍♀️🏃‍♂️ Секој наш чекор е симбол на храброст, издржливост и верба .
Ние не бегаме од предизвиците – ги претвораме во мотивација!
Ние сме борци. Ние сме маратонци. Ние сме #Тип1.

👉 Доколку сакате да ни се придружите и заедно да ја пренесеме пораката за свест, прифаќање и промена, пишете ни во порака!

Address

Skopje
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Сина Револуција posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Сина Револуција:

Share