05/12/2024
🎶 Inclusive Music : Каде што секој има шанса да создаде музика! 🎵
По една година од завршувањето на грантот од проектот, Inclusive Music со гордост споделува значајни успеси и напредоци! 🌟
🔹 Денес, Инклузив Мјузик брои преку 50 ученици, од кои многумина го започнаа своето музичко патување токму со нашиот грантист. Нивниот напредок е инспирација за мисија на музичкото училиште – инклузија преку музика. 🎤🎸
✅ Во 2024 година, училиштето го прошири тимот со нов наставник по музика со полно работно време, со што денес имаме три професионалци, вклучувајќи и дефектолог.
✅ Во 2023 година дониравме гитара на еден од најталентираните ученици, а благодарение на соработката со музичката продавница До Ре Ми, обезбедуваме инструменти и попусти за нашите ученици.
✅ Просториите на училиштето беа посетени од престижни претставници на Јамаха од Германија, што е дополнително признание за напорите и успешната работа.
✨ Планови за 2025 година? Проширување на физичкиот простор и поголеми капацитети, за да можеме да ги поддржиме сите ученици и да го реализираме нивниот целосен потенцијал.
Се гордееме што го градиме патот за музичка инклузија и развиваме разбирање преку индивидуални програми и мешана групна настава. Ве покануваме да бидете дел од нивното патување!
#ИнклузивМјузик #МузикаЗаСите #Инклузија #Прогрес #ЗаедноСоздаваме