LIONS CLUB PAJKO MAALO

LIONS CLUB PAJKO MAALO ЛИОНС КЛУБ ПАЈКО МААЛО, Скопје, Македонија

Добродојдовте на фејсбук страната на Лионс Клуб Пајко Маало – Скопје!

Како членови на Лионс Клуб, најголемата непрофитна организација со преку 45.000 клубови и со повеќе од 1.5 милиони членови ширум светот ние сме определени да го работиме тоа што Лионс Клубовите најдобро го прават – да служат на опшеството преку најразлични настани и активности, а со особен акцент на помагање на луѓето со пробл

еми со видот.

Нашиот клуб се состанува секој втор четврток во месецот со почеток од 20:00 часот, во просториите на Хотел Карпош, Скопје.

СЛУЖИМЕ !

Zabavata moze da pocne!
01/04/2026

Zabavata moze da pocne!

Караоке под маски 🎭👺 со DJ Bobo 🎧
01/04/2026

Караоке под маски 🎭👺 со DJ Bobo 🎧

🦁🦁🦁На 02.02.2026 Лајонс клуб Пајко Маало го организираше Првиот Хуманитарен турнир во фрлање секири „НЕ СЕ СЕКИРАЈ“. Се ...
30/03/2026

🦁🦁🦁На 02.02.2026 Лајонс клуб Пајко Маало го организираше Првиот Хуманитарен турнир во фрлање секири „НЕ СЕ СЕКИРАЈ“.
Се забавувавме, натпреварувавме, славевме роденден, дувавме свеќи, промовиравме песни, си поклонивме песни и дониравме.

🎉На следниот линк може да ја видите атмосферата на настанот.
https://www.facebook.com/media/set/?vanity=pajkomaalolions&set=a.1245807204431596

Се гледаме следната година.😎

Служиме и се дружиме.🦁🦁🦁

30/03/2026
🦁🦁🦁Вртевме, вртевме и кај Селим се падна 🎉🍀Среќни новогодишни и божиќни празници од ЛК Пајко Маало 🎇🎆🥳Служиме 🦁🦁🦁
15/01/2026

🦁🦁🦁
Вртевме, вртевме и кај Селим се падна 🎉🍀
Среќни новогодишни и божиќни празници од ЛК Пајко Маало 🎇🎆🥳

Служиме 🦁🦁🦁

🦁🦁🦁Џумбус во Велес 🥳🎄🧑‍🎄🎇🎆Да започне годината со едно ЖИВЕЛИ 🍾🥂Благодариме Велешани (ЛК Велес)Lions Club Veles Lions clu...
03/01/2026

🦁🦁🦁
Џумбус во Велес 🥳
🎄🧑‍🎄🎇🎆
Да започне годината со едно ЖИВЕЛИ 🍾🥂
Благодариме Велешани (ЛК Велес)
Lions Club Veles
Lions club Tikves Kavadarci
Lions Club Alfa - Skopje
Lions Club DARMA

Новогодишна хуманост 🧑‍🎄🧑‍🎄🧑‍🎄
16/12/2025

Новогодишна хуманост 🧑‍🎄🧑‍🎄🧑‍🎄

Драги наши, неколку слики од богатата понуда на денешниот базар.  Да уживаме во прекрасната новогодишна атмосфера, а во ...
16/12/2025

Драги наши, неколку слики од богатата понуда на денешниот базар. Да уживаме во прекрасната новогодишна атмосфера, а во исто време да донесеме насмевка на лицето онаму даде што е најпотребна.
Служиме и се дружиме!

🍀За сите љубители на книгата, нашиот хуманитарен новогодишен базар ќе биде збогатен со насловот „Просторот помеѓу 0 и 1“...
15/12/2025

🍀За сите љубители на книгата, нашиот хуманитарен новогодишен базар ќе биде збогатен со насловот „Просторот помеѓу 0 и 1“ од Катерина Павловска . Сите гости што ќе дојдат на настанот, ќе имаат можност да ја запознаат, да се дружат и да купат потпишана книга од Кате. Сите средства од продажбата на книги ќе бидат донирани за хуманитарни цели.

За да ви ја доловиме приказната „Просторот помеѓу 0 и 1“, еве што вели еден читател: „ оваа новела ги има сите состојки за добра забава: научна фантастика со трилер моменти, драма и авантура со јак еротски набој во позадина. И сето тоа, напишано на толку лесен и прифатлив начин што читателот целосно се нурнува во приказната“ 🍀

Се гледамен на 16.12.2025 во 19 часот во Мамбо Џин и Тоник Бар (спроти Центар за странски јазици)

Служиме и се дружиме 🦁

Драги Пријатели,Од срце Ви благодариме што одвоивте од Вашето време и бевте дел од нашиот XIV Традиционален турнир во Пи...
08/12/2025

Драги Пријатели,

Од срце Ви благодариме што одвоивте од Вашето време и бевте дел од нашиот XIV Традиционален турнир во Пикадо 🎯„Зоран Минов“. Да се забавуваме и да се подаде рака онаму каде што е најпотребно е секогаш нашето движечко мото.

Собраните средства од турнирот се веќе донирани за Жарир Симрин кој доживеа акутен инфаркт и кој има потреба од помош за да ги покрие болничките трошоци. За Жерар може да се рече дека е човек со големо срце, хуманист, кој несебично работи со најранливите категории на граѓани.

Каква беше атмосферата на турниот може да видите на следниот линк: https://www.facebook.com/media/set/?set=a.1158414879837496&type=3

Служиме.🦁🦁🦁

Драги Пријатели,Од срце Ви благодариме што одвоивте време и присуствувавте на нашиот настан „4та Отворена дискусија за п...
23/11/2025

Драги Пријатели,

Од срце Ви благодариме што одвоивте време и присуствувавте на нашиот настан „4та Отворена дискусија за поттикнување на свеста за ГРИЖА ЗА МАШКОТО ЗДРАВЈЕ“ - МАШКОТО МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ, организиран по четврти пат во Македонија. Нашата цел да се поттикне дискусија и интеракција на нашите гости - психолози со публиката беше постигната и се бараше време плус за уште едно прашање.

Многу впечатлив беше моментот што меѓу присутните имаше претставнички од женската популација кои исто така активно се вклучија во дискусијата.

Дружењето со гостите продолжи во неформална дискусија по завршување на самиот настан.

Уште еднаш да изразиме благодарност до психилог и психотреапевт Кирил Тројачанец и до психилог и психотреапевт Димо Попчев, кои и покрај сите ангажмани најдоа време да одговорат на поставените прашања.
Голема благодарност и до останатите кои придонесоа за успешна релаизација на овој настан.

Овој настан доби многу позитивен одговор од публиката која даде поттик да се организира повторно следната година.
Ние се надевавме дека оваа дискусија ќе продолжи понатаму и ќе прерасне во традиција.

Слики од настанот може да се видат во албумот на следниот линк:
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.1147404367605214&type=3

СЛУЖИМЕ🦁🦁🦁

Address

Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when LIONS CLUB PAJKO MAALO posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share