Здружение Македонска асоцијација на земјоделските задруги

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Здружение Македонска асоцијација на земјоделските задруги

Здружение Македонска асоцијација на земјоделските задруги Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Здружение Македонска асоцијација на земјоделските задруги, Non-Governmental Organization (NGO), Улица Јордан Мијалков број 38, Skopje.

Присуство на претседателот на МАЗЗ на свеченото одбележување на денот на Европската Унија 🇪🇺
07/05/2026

Присуство на претседателот на МАЗЗ на свеченото одбележување на денот на Европската Унија 🇪🇺

Денес, во хотел Гардениа, Велес, се одржа седница на редовно Годишно Собрание на Македонската асоцијација на земјоделски...
03/04/2026

Денес, во хотел Гардениа, Велес, се одржа седница на редовно Годишно Собрание на Македонската асоцијација на земјоделски задруги. На седницата на Собрание, присутните делегати ги усвоија: Годишниот наративен извештај на МАЗЗ за 2025 година, Годишниот финансиски извештај на МАЗЗ за 2025 година и Годишниот план на активности на МАЗЗ за 2026 година. Дополнително се изврши и официјален прием на новите членки во МАЗЗ и се верификуваа нивните мандати како членови/делегати на Собранието.

Објавен јавен повик за финансиска поддршка за земјоделски задруги – Мерка 131.1 (2026)Агенцијата за финансиска поддршка ...
16/03/2026

Објавен јавен повик за финансиска поддршка за земјоделски задруги – Мерка 131.1 (2026)
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави Јавен повик бр. 02/2026 за доставување на барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година.
Со овој повик се обезбедува финансиска поддршка преку Мерка 131 – Економско здружување на земјоделски стопанства, односно подмерка 131.1, наменета за поттикнување на здружување и подобро функционирање на земјоделските задруги.
Право на користење на средствата имаат:
Земјоделски задруги регистрирани за вршење земјоделска дејност;
Задруги евидентирани во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Прифатливи трошоци
Финансиската поддршка опфаќа повеќе категории трошоци поврзани со основање и функционирање на задругите.
1. Трошоци за воспоставување на земјоделска задруга
Трошоци направени во период до 12 месеци од основањето на задругата.
2. Трошоци за функционирање на задругата
Поддршката може да се користи за:
Бруто плата за едно вработено лице во земјоделската задруга
Сметководствени услуги и ревизија
Изработка и одржување на интернет страница
Висина на финансиската поддршка
Поддршката се доделува како неповратни средства, а висината зависи од типот на трошок:
До 100% од прифатливите трошоци за воспоставување на задруга
До 60% од трошоците за бруто плата за едно вработено лице
До 100% од трошоците за сметководство, ревизија и изработка/одржување на веб страница.
Крајниот рок за доставување на барањата е: 10 април 2026 година.

16/03/2026

Информација за членките на МАЗЗ 📣📣📣
Согласно одлуката донесена на состанок на Управен одбор на МАЗЗ одржан на 27.02.2026 година во Струмица, Претседателот на МАЗЗ ја закажа седницата на Редовното Годишно Собрание на МАЗЗ на 03.04.2026 година (петок) во хотел Гардениа, Велес со почеток од 11:00 часот. Поканата со Дневниот ред и сите останати документи кои ќе бидат предмет на разгледување и усвојување на Собранието ќе им бидат доставени на сите делгегати со право на глас на маил во рамките на предвидениот статутарен рок.

ФОРУМ ЗА КООПЕРАТИВНО ЛИДЕРСТВОНА БАЛКАНОТ И ЦРНОМОРСКИОТ РЕГИОНПретседателот на Македонската асоцијација на земјоделски...
09/03/2026

ФОРУМ ЗА КООПЕРАТИВНО ЛИДЕРСТВО
НА БАЛКАНОТ И ЦРНОМОРСКИОТ РЕГИОН
Претседателот на Македонската асоцијација на земјоделски задруги Драги Памуков, учествувше на Форумот за задруги на Балканот и Црноморскиот регион, кој се одржуваше од 4 до 6 март 2026 година во Софија, Бугарија.
Макдонската асоцијација на земјоделски задруги се заблагодарува на Централниот Задружен Сојуз - Бугарија (CCU) за поканата за учество на Кооперативниот форум „2026: Задруги со заедничка визјија за партнерство,,.
Голема чест е да се биде дел од овој важен настан кој ги собра на едно место претставниците на задругите и организациите од регионот со цел зајакнување на соработката, споделување искуства и развивање заеднички иницијативи.
Со нетрпение очекуваме понатамошна соработка, нови партнерства и заеднички проекти што ќе придонесат за развој на задругиот сектор и земјоделството во регионот.

Address

Улица Јордан Мијалков број 38
Skopje
1000

Telephone

+38972273567

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Здружение Македонска асоцијација на земјоделските задруги posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Здружение Македонска асоцијација на земјоделските задруги:

Share