29/05/2026
НЕКОИ ОД ЗЛОБА, ДРУГИ ОД ЕГО, А ТРЕТИ ОД НЕИНФОРМИРАНОСТ И ПЛИТКО РАЗМИСЛУВАЊЕ ГИ ФРЛИЈА ДЕЦАТА ПОД ВОЗ
Веќе имавме неколку објави на темата забрана на социјалните мрежи за деца и објаснивме дека ваквите петиции и законите воопшто немаат за цел да ги заштитат децата, туку напротив - да контролираат информации и податоци за сите што имаат профили и акаунти на Фејсбук, Инстаграм, ТикТок итн.
Оние кои не ја прочитале таа објава, можат да ја најдат на следниов линк:
https://www.facebook.com/share/p/17sJcmjXXD/
Весна Петрушевска-Бејби, иницијаторот да се покрене ваков закон и во Македонија, во својот повик до јавноста да се приклучи во поддржување на нејзината иницијатива, се повика на Австралија како пионер и пример дека забраната на социјалните мрежи за деца е нешто позитивно и потребно. Очигледно, Весна Петрушевска-Бејби воопшто не е информирана кои се последиците од тоа кон што повикува и како тоа ќе се рефлектира на децата.
Поминаа 5 месеци откако забраната стапи на сила во Австралија - првата земја во светот која го воведе законот, но она што луѓето таму го сведочат е дека 70% од децата се сѐ уште на социјалните мрежи, зашто успеваат да ги заобиколат сите проверки. (1)
Но, Мета сега воведува нов начин на контрола на возраста преку скенирање на сите видеа и слики што се на профилот, како и скенирање на коскената структура на децата со помош на вештачка интелигенција. Со скенирање на коскената структура на децата, која што е уникатна за секој еден човек, Мета ќе има целосни дигитални информации за ликот и телесниот изглед на секое едно дете на социјалните мрежи.
Ќе поставиме едно навидум дистописко, но фактите кажуваат дека е многу реално прашање, до сите оние родители, граѓани, и за жал организации кои се декларираат како заштитници на децата, а гордо ја поддржаа оваа иницијатива:
Со оглед на тоа што овие гигантски корпорации се поврзани со други технократи, трансхуманисти и мониторинг тела, дали може тие, штом ја поддржуваат иницијативата, да гарантираат дека овие информации нема да завршат во рацете на оние кои си играат со вештачката интелигенција и нема во иднина да гледаме реалистични роботи со ликот на нашите деца?
Ќе поставиме и уште едно прашање: Може ли да гарантирате дека меѓу оние кои ќе ги собираат, обработуваат и складираат овие податоци, нема педофили и предатори кои сакаат да им наштетат на децата, а ние им ја доверуваме уникатноста на самата личност?
Повторно да потсетиме дека Мета неодамна изгуби судски спор во кој ќе треба да плати 375 милиони долари заради тоа што свесно не ги заштити децата од опасности и педофили (2), и прикривала докази за такви ризици. (3)
Ова се само две од многуте сериозни прашања кои се отвораат како пандорина кутија со оваа забрана. Се надеваме дека поттикнавме критичко размислување за самите да можете да претпоставите какви други опасности се кријат зад ваквата лажна "заштита на децата".
Во прилог, видео од д-р Џоан Орландо од Австралија, долгогодишен истражувач на технологијата за информирање и комуникација, како и роботиката и образованието, која објаснува какви мерки и проблеми повлекува овој "заштитен" механизам за децата. (4)
🌐
1) https://www.facebook.com/share/r/18rfHzBxPX/
2) https://nmpoliticalreport.com/2026/03/24/new-mexico-jury-finds-meta-guilty-of-putting-profits-over-child-safety-ordering-375-million-fine/
3) https://www.bbc.com/news/articles/c5y8x3md05no
4) https://researchers.westernsydney.edu.au/en/persons/joanne-orlando/fingerprints/