Italiano in Karev

Italiano in Karev Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Italiano in Karev, Youth Organization, СУГС „Никола Карев“, Skopje.

“Italiano in Karev“ е официјалната фејсбук страна на специјалната билингвална паралелка по италијански јазик во СУГС „Никола Карев“ - Скопје, каде што италијанскиот јазик се изучува како втор странски јазик со 6 часа неделен фонд на часови во текот на сите 4 години од гимназиското образование.

Оваа паралелка работи по специјална програма којашто им овозможува на учениците постепено да го изучуваат италијанскиот јазик од почетното А1/А2 до напредното Б1/Б2 ниво.

Topic: Подготвителна настава по италијански јазик 2025Time: Jun 16, 2025 02:00 PM Warsaw        Every day, until Jun 21,...
16/06/2025

Topic: Подготвителна настава по италијански јазик 2025

Time: Jun 16, 2025 02:00 PM Warsaw
Every day, until Jun 21, 2025, 6 occurrence(s)
Please download and import the following iCalendar (.ics) files to your calendar system.
Daily: https://us06web.zoom.us/meeting/tZcoce2vqzMpHtOw5pE-nVGD6G00f5eFhGKZ/ics?icsToken=DPCZKnX0zcwcFVmGdQAALAAAACEXBodWyaek15F-GAHvLg8T1eIlnef9QHPkPf5vPqNJxi6QNoKxjL6uNkr5CBLx7hLUvddtmlyJDtBNmDAwMDAwMQ&meetingMasterEventId=LOrHhze8SZ-CPglHTw7OfA
Join Zoom Meeting

https://us06web.zoom.us/j/83564758347?pwd=6mVlARD0oWwf1BY42BAQ82asriPtLC.1

Meeting ID: 835 6475 8347
Passcode: 079393

👇👇👇
15/06/2025

👇👇👇

22/05/2025

Драги наши идни Каревци, во среда на 28.05.2025 г. во 18:30 часот, во училишниот двор на СУГС гимн.,,Никола Карев" се организира Отворен ден за вас и вашите родители.
Ќе ни претставува особена чест да нè посетите за да дознаете повеќе за предметите кои се изучуваат во нашата гимназија и да се запознаете со дел од наставниот кадар.
Ве очекуваме.
Карев во ❤️

09/05/2025

И оваа година на државниот натпревар по италијански јазик нашите ученици постигнаа одлични резултати и ги освоија следниве места:

Прва година - ментор проф. Александра Шапе-Курета
Ева Петрушевска🥇место

Втора година:
Клара Колева 🥇место - ментор проф. Кристина Нушевска
Анастасија Костовска 🥈 место - ментор проф. Кристина Нушевска
Калина Калчоски 🥉 место - ментор проф. Александра Шапе-Курета

Трета година - ментор проф. Кристина Нушевска
Ена Велеска 🥇 место
Ивана Митова 🥉место
Викторија Ѓорѓиеска 4 место

Четврта година:
Мона Ристова 🥈 место - ментор проф. Кристина Нушевска
Катерина Димовска 🥉 место - ментор проф. Александра Шапе-Курета
Христина Крстевска 4 место - ментор проф. Кристина Нушевска


🥇🥈🥉
🇮🇹

По повод промоцијата на романот Солзотворец од Ерин Дум (Fabbricante di lacrime), во превод на Радица Никодиноска, учени...
30/04/2025

По повод промоцијата на романот Солзотворец од Ерин Дум (Fabbricante di lacrime), во превод на Радица Никодиноска, учениците од четврта година учествуваа во посебна проектна активност посветена на книжевноста и преводот. На настанот беа прочитани одломки од книгата и на италијански и на македонски јазик, при што учениците го покажаа своето познавање на јазикот и љубовта кон читањето. Книгата, полна со емоции и човечки судбини, стана повод за дискусија за теми блиски на младите - пријателство, загуба, љубов и личен раст. Со оваа активност учениците имаа можност да го продлабочат својот интерес за современата италијанска литература, да вежбаат изразно читање и да се запознаат со уметноста на преведувањето. Настанот помина во топла атмосфера, исполнета со емоции, размислувања и креативност, како вистинско книжевно патување низ зборовите на Ерин Дум.

Прекрасна вечер, исполнета со многу музика и вкусна италијанска храна!Голема благодарност до професорките Aleksandra Kur...
21/11/2024

Прекрасна вечер, исполнета со многу музика и вкусна италијанска храна!

Голема благодарност до професорките Aleksandra Kureta и Кристина Нушевска и учениците од 1-8 за целокупната организација и подготовка на италијанската храна по повод Неделата на 🇮🇹 кујна во светот!

Искрени честитки и до мандолинскиот оркестар "Скопје" кој со својата музика придонесе оваа вечер да биде магична!

Среќен 80 роденден СУГС гимназија ,,Никола Карев“ - Скопје


#80годиниКаревНашаДНК

21/11/2024
Изразуваме огромна БЛАГОДАРНОСТ до маркетинг агенцијата ЕФЕКТИВА која во соработка со печатницата СОФИЈА од Богданци, во...
29/10/2024

Изразуваме огромна БЛАГОДАРНОСТ до маркетинг агенцијата ЕФЕКТИВА која во соработка со печатницата СОФИЈА од Богданци, во рамките на активностите предвидени за одбележување на Неделата на италијанскиот јазик во светот, донираа македонско-италијански речници за сите ученици од нашата гимназија кои го изучуваат италијанскиот јазик.

Grazie mille!
Карев во 💚🤍❤️





Vi aspettiamo numerosi 👇👇👇
27/05/2024

Vi aspettiamo numerosi 👇👇👇

Идни Каревци, ве очекуваме на Отворениот ден на нашата гимназија!

Со вашата посета ќе имате можност да се запознаете со дел од наставниот кадар и да дознаете повеќе за предметите кои се изучуваат во нашата гимназија. Во 19 часот ќе ги слушнете и ќе уживате во музичките изведби на нашите училишни бендови! 🎶

🗓️ 29.5.2024 г.(среда)
⏰ 18:00 часот,
📍 Во училишниот двор на СУГС гимназија ,,Никола Карев“ - Скопје

Прекрасен ден за нашите ученички кои денес на државниот натпревар по италијански јазик постигнаа одлични резултати! Во к...
17/05/2024

Прекрасен ден за нашите ученички кои денес на државниот натпревар по италијански јазик постигнаа одлични резултати!

Во категоријата втор странски јазик:

Катерина Димовска од трета година 🥇 место
Ева Маргаритова од трета година 🥈 место
Ена Велеска од втора година 🥈 место
Клара Колева од прва година 🥈место

Во категоријата трет странски јазик:

Дарја Петрушевска од четврта година 🥈 место

Секогаш горди на вас 💚🤍❤️

Address

СУГС „Никола Карев“
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Italiano in Karev posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Italiano in Karev:

Share