24/08/2026
Твоето хуманитарно лето продолжува! Погледни ја програмата за неделата од 24 до 30 август! 🌟
Младите на Црвениот крст се активни на повеќе локации низ земјата со неверојатни активности, хуманитарни акции и дружби. Пронајди го твојот град, приклучи се и биди дел од промената:
🎒 ООЦК Гази Баба: Приклучи се на собирната акција „Полн ранец среќа“ за собирање училишен прибор за децата од социјално загрозени семејства📍 Локација: Локални книжарници и маркети (од 24 до 28 август)
🩸 ОО Карпош: Дарувај крв на традиционалната крводарителска акција во прекрасниот Манастир „Успение на Пресвета Богородица“📍 Локација: Манастир Матка (реализација на 27 и 28 август)
✏️ ООЦК Куманово: Поддржи ја собирната акција за училишен прибор и помогни им на оние на кои им е најпотребно📍 Локација: Низ центарот на градот и околните книжарници (од 25 до 29 август)
🎬 ООЦК Прилеп: Уживај во кино на отворено под ѕвездите📍 Локација: Камена бина (25 август, 20:00 часот)
🎲 ООЦК Чаир: Развиј ги своите комуникациски и лидерски вештини преку забавни игри на нашиот Game Day📍 Локација: ЦКРСМ - ОО Чаир (25 август)
🤝 ООЦК Битола: Нов си во организацијата? Дојди на дисеминацискиот состанок за нови волонтери и запознај се со нашите вредности📍 Локација: Простории на ООЦК Битола (27 август, 19:30 часот)
⚪ ООЦК Гевгелија: Облечи нешто бело и дојди на неформална дружба, друштвени игри и безалкохолни коктели на забавата „Бела ноќ“📍 Локација: ООЦК Гевгелија (29 август, 20:00 часот)
❤️ ООЦК Тетово: Поддржи ги хуманитарните активности на нашите вредни волонтери📍 Локација: Центар на градот Тетово (во тек на целата недела)
ОЦК Штип: Посетете ги нашите работилници за ментално здравје и вечерите на друштвени игри со забавни тимски предизвици📍 Локација: Простории на ООЦК Штип (активности во тек до крајот на август)
Стани волонтер, донирај или едноставно дружи се со нас! Ве очекуваме! 🙌❤️
#ЦрвенКрст #МладиЦК #ЛетниАктивности #Хуманитарност #Волонтирај #ЗабавниАктивности