Cities for Humanity - Хумани градови

Cities for Humanity - Хумани градови Cities for Humanity is a civic initiative committed to fostering more humane and inclusive urban development practices

Годинава ја заокружуваме со публикацијата од нашиот последен проект – Архитектура на солидарноста: пет дизајни на засолн...
24/12/2025

Годинава ја заокружуваме со публикацијата од нашиот последен проект – Архитектура на солидарноста: пет дизајни на засолништа за напуштени миленици.

Идејата позади овој проект е да му дадеме видливост на проблемот со бездомната популација на животни, низ призмата на одговорност и сочувствителност, но истовремено, како архитекти и дизајнери, да ја покажеме моќта на архитектурата како инструмент на општествена одговорност.

Во таа насока, сакаме да им се заблагодариме на студијата и дизајнерите кои се вклучија во овој процес, како и на Амбасадата на САД во Скопје, со чијашто поддршка беше реализиран проектот.

🔗 Целата публикација е достапна на следната врска:https://citiesforhumanity.org/wp-content/uploads/2025/12/Архитектура-на-солидарноста.pdf

11/11/2025

Проектот за унапредување на благосостојбата на животните е соработка на граѓанската иницијатива ХУМАНИ ГРАДОВИ со локални архитекти, поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.

Едно од петте решенија е проектот на Архитектура Нова кој произлегува од разбирањето на бездомните кучиња како заедница - колектив кој заслужува внимание и почит.

Препознавајќи ги како дел урбаното ткиво произлегуваат решенија кои ги интегрираат потребите на луѓето, животните и животната средина во урбаниот пејзаж. Примарната цел е да се создаде одржлив однос меѓу овие три субјекти, подобрувајќи го квалитетот на животот на животните и поврзаноста на заедницата со нив.

Прочитајте повеќе на marh.mk > > >
https://marh.mk/zasolnishta-za-bezdomni-kuchinja-fotogalerija/

Јавните простори во Скопје низ родовата призма 🛝🥅🏓Во периодот помеѓу 2018 и 2023 година, на територијата на Град Скопје ...
28/10/2025

Јавните простори во Скопје низ родовата призма 🛝🥅🏓

Во периодот помеѓу 2018 и 2023 година, на територијата на Град Скопје најголем дел од новоизградените или реконструираните јавни простори биле детските игралишта со вкупна застапеност од 41% од сите мапирани јавни простори.

Паралелно со овој податок, како најчеста група на корисници на оваа категорија на јавни простори, освен таргет групата, се жените во улога на мајка – дете, негувателка – дете или баба – дете. Дополнително, оваа категорија почесто се среќава во претпладневните часови, укажувајќи на тоа дека грижата за децата до 5 години е најчесто препуштена на жената.

🔗 Врска до целото истражување:https://citiesforhumanity.org/wp-content/uploads/2025/09/Алатки-за-евалуација-на-јавни-простори.pdf

www.pasoshnaskopje.mk

Идејата за формата, дизајнот и обликувањето на засолништето, дизајнирано и изведено од CPD Studio произлезе како еден за...
09/09/2025

Идејата за формата, дизајнот и обликувањето на засолништето, дизајнирано и изведено од CPD Studio произлезе како еден заеднички концепт на елемент од урбана опрема - засолниште и жардиниера. Примарно, беше поставено прашањето како би можеле да ги споиме двете функции во еден елемент, со цел засолништето да добие двојна функција, како елемент кој може да се постави на јавна површина.

Во однос на дизајнот, формата ја следи функцијата, па така чистата геометриска линија е нагласена со аголно спојување на трите оски. Обликувањето ја следи формата, а бојата и материјализацијата се дефинирани така што не би го нарушувале природното опкружување и би се вклопиле во секој концепт на јавен простор каде што би биле поставени.

Овие засолништа се изработени во рамки на проектот за унапредување на благосостојбата на животните, поддржан од U.S. Embassy North Macedonia. Доколку имате маалски миленик, на територија на Општина Центар, на кој му е потребно засолниште, а воедно сакате и да разубавите јавниот простор - контактирајте нѐ!

Понго од ЈП ЛАЈКА - Скопје даде позитивна оценка за дизајнот!

„Две во едно“, концептот на засолниште за куче изработен од архитектката Барбара Иракоска, се карактеризира со модуларни...
03/09/2025

„Две во едно“, концептот на засолниште за куче изработен од архитектката Барбара Иракоска, се карактеризира со модуларни засолништа кои влегуваат едно во друго. Овие засолништа се наменети за среден и голем раст на кучиња. Минималниот и едноставен концепт дозволува различно позиционирање на засолништата во зададени локации како под стреа, доближени до ѕид, раздвоени и споени, самостојни.

Отвореноста на засолништата допринесува до поголема природна вентилација и нивно лесно одржување. Лесно прилагодливиот дизајн, изборот на одржливите материјали, квалитетот на изработката на засолништата, создава безбедна средина за бездомните кучињата да се засолнат во јавен простор.

Овие засолништа се изработени во рамки на проектот за унапредување на благосостојбата на животните, поддржан од U.S. Embassy North Macedonia. Засолништата се донирани на бездомните штитеници во ЈП ЛАЈКА - Скопје, кои трпеливо го чекаат денот кога конечно ќе го најдат својот дом.

Присуството на бездомните кучиња во урбаниот пејзаж на Скопје ја нагласува потребата од колективен придонес и ангажирано...
01/09/2025

Присуството на бездомните кучиња во урбаниот пејзаж на Скопје ја нагласува потребата од колективен придонес и ангажираност за нивна поголема заштита и добросостојба. Начинот на кој општеството се справува со овие прашања зборува за вредностите што ги негуваме и за степенот на сочувство и солидарност што сме подготвени да го понудиме. Овој проект е токму пример за ваков одговорен пристап – иницијатива што преку волонтерски труд ја обединува архитектонската заедница, институциите и јавноста во создавање видливи решенија.

Во рамки на архитектонското студио к87а, беа дизајнирани две куќарки произлезени од универзалниот архетип на куќа – симбол на дом и засолниште, подеднакво значаен и за луѓето и за животните. Основната форма е поделена на две целини – во едната се влегува фронтално, а во другата странично, што остава простор за независно користење на овие два елементи. Конструкцијата е од дрвени летви обложени со ОСБ плочи, обоени во зелена и бела боја за да се впишат во паркот и да станат дел од природниот амбиент.

Во оваа насока, формалната чистота и минималистичкиот јазик се надоврзуваат на делото „The Mainstream“ на Александар Бродски, каде миграцијата на номадските засолништа се претвора во метафора за непрекинливиот тек на колективната меморија. На сличен начин, и овие две засолништа, скромни по форма и материјалност, се впишуваат во пошироката нарација за заедничката грижа, со фокус на бездомните животни како дел од урбаната слика.

Овие засолништа се изработени во рамки на проектот за унапредување на благосостојбата на животните, поддржан од U.S. Embassy North Macedonia. Поставени се позади ТЦ „Три бисери“, со цел да им послужат како засолништа на двете бездомни кучиња, кои со години живеат на оваа локација и за кои се грижат околните жители.

Вториот сет засолништа за бездомни животни, дизајниран и изработен од Студио90, претставува едноставен, но внимателно ос...
29/08/2025

Вториот сет засолништа за бездомни животни, дизајниран и изработен од Студио90, претставува едноставен, но внимателно осмислен концепт, со две варијанти: кружна и квадратна основа. Засолништата се без класични ѕидови, наместо тоа, обложени се полупрозрачна структура која создава чувство на заштита кај животното, а истовремено овозможува природна вентилација и непречена врска со околината.

Проектот се темели на концептот на прималната колиба на Ложиер*, која ги нагласува основните потреби за прибежиште и употребата на природни материјали. Овој концепт нѐ потсетува дека едноставноста е често најинтелигентниот одговор на предизвиците на природата.

Овие засолништа се изработени во рамки на проектот за унапредување на благосостојбата на животните, поддржан од U.S. Embassy North Macedonia, а поради големиот интерес за користење на истите од страна на бездомните штитеници во ЈП ЛАЈКА - Скопје, засолништата им беа донирани и оставени на користење на Понго, Анда, Сречка, Мајче, Шорти и Циги.

По повод Меѓународниот ден на кучето, граѓанската асоцијација ХУМАНИ ГРАДОВИ во соработка со студиото архитектура нова, ...
26/08/2025

По повод Меѓународниот ден на кучето, граѓанската асоцијација ХУМАНИ ГРАДОВИ во соработка со студиото архитектура нова, а со поддршка од Амбасадата на САД во Скопје и Општина Центар - Скопје постави шест засолништа за бездомни кучиња во Паркот на франкофонијата.

Присуството на бездомни кучиња во Скопје, но и во земјава, буди значајна загриженост, трансформирајќи ја оваа група животни во активни корисници на јавните површини во градот. Нивното присуство не само што ги истакнува предизвиците на справувањето со урбаните животни, туку служи и како одраз на нашата колективна свест, сочувство и воспоставените односи што ги негуваме со ранливите заедници. Дизајнот на јавните простори ретко ги одразува потребите и на оваа корисничка група, исклучувајќи ги од единствените простори на кои имаат „право“ на користење.

За таа цел, во рамки на проектот за унапредување на благосостојбата на животните, финансиран од U.S. Embassy North Macedonia, пет локални архитекти се вклучија во процес на редефинирање на јавните простори преку решенија кои ги интегрираат потребите на луѓето, животните и животната средина во урбаниот пејзаж.

Решението на архитектура нова има за цел да создаде одржлив, но и емпатичен однос помеѓу потребите на овие три субјекти, притоа подобрувајќи го квалитетот на животот на бездомните животни и поврзаноста на заедницата со нив. Во овој контекст, предложеното решение е дизајнирано како структура со „прилагодлив размер“, што овозможува флексибилност и приспособливост во различни урбани средини.

Address

Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Cities for Humanity - Хумани градови posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share