Period Skopje

Period Skopje Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Period Skopje, Nonprofit Organization, Skopje.

Повторете по нас:Ендометриоза е состојба што влијае на целото тело. ❤️‍🩹
25/03/2026

Повторете по нас:

Ендометриоза е состојба што влијае на целото тело. ❤️‍🩹

Подобро да закасниме отколку никогаш да не објавиме ✨Минатиот месец нѐ преплавија објави за краткиот филм што освои БАФТ...
18/03/2026

Подобро да закасниме отколку никогаш да не објавиме ✨

Минатиот месец нѐ преплавија објави за краткиот филм што освои БАФТА награда (британската верзија на Оскарите) „Ова е ендометриоза“.

Комбинирајќи длабоко лични, самодокументирани материјали, интимна семејна архива, опсервациски кадри и реконструирани сеќавања, филмот ја раскажува приказната за млада фотографка која се обидува да остане присутна во сопствениот живот, соочена со ѕид од неверување. „Ова е ендометриоза“ нуди човечки увид во реалноста на живеење со оваа состојба и силно сведоштво за моќта на заедницата.

А сега трк на YouTube да го погледнете!

Доколку сакате да дознаеет повеќе за „Ова е ендометриоза“ движењето можете да најдете повеќе информации на нивниот веб-сајт.

Извори:

https://www.thisisendo.com/watch-this-is-endometriosis

https://directorsnotes.com/2026/02/16/matt-houghton-georgie-wileman-this-is-endometriosis/

Месец март ни ја носи пролетта, но и потсетник дека е време јавно и гласно да зборуваме за ендометриозата. 🌼Март е месец...
13/03/2026

Месец март ни ја носи пролетта, но и потсетник дека е време јавно и гласно да зборуваме за ендометриозата. 🌼

Март е месец посветен на подигање на свеста за оваа хронична и (често) недоволно препознаена состојба што погодува милиони жени ширум светот. Ваквите тематски месеци имаат за цел да обелоденат повеќе информации за ендометриозата и да поттикнат поголема информираност кај пошироката јавност.

Преку едукација, се стремиме кон навремено препознавање на симптомите, намалување на стигмата околу менструалното здравје и создавање поголема поддршка и подобар пристап до соодветна здравствена грижа за лицата кои живеат со ендометриоза. ❤️

Мал потсетник ✨Ова е наша традиција.Ова е наша обврска.Ова е наша борбаЧестит 8 Март, се гледаме на марш!*Архивските фот...
08/03/2026

Мал потсетник ✨

Ова е наша традиција.
Ова е наша обврска.
Ова е наша борба

Честит 8 Март, се гледаме на марш!

*Архивските фотографии се преземени од Види Вака.

Инспирирани од постот на Green and Grace, зборуваме за нешто што e предолго оставено на дното на здравствените приоритет...
10/02/2026

Инспирирани од постот на Green and Grace, зборуваме за нешто што e предолго оставено на дното на здравствените приоритети, a тоа е менструалното здравје (и регулација на истото).

💭 Замислете одите во продавница и купувате лекови, храна или пак медицински препарат на кои не се излистани состојките, ниту пак можните непосакувани ефекти. Звучи малку нереално, нелегално и нефер, нели?

Па за половина од населението на оваа планета, тоа сценарио не е дел од имагинацијата, туку секојдневие од нашата реалност. 😶‍🌫️

29/01/2026
📱 Годината ја започнуваме со размислување за дигитален детокс  или барем за дигитално здравје. Да бидеме посвесни за тоа...
10/01/2026

📱 Годината ја започнуваме со размислување за дигитален детокс или барем за дигитално здравје. Да бидеме посвесни за тоа што споделуваме онлајн и кои се (потенцијалните) ризици што доаѓаат со удобноста на апликациите што ги користиме секој ден.

Често не размислуваме за тоа, но и податоци за нашиот менструален циклус се дел од нашата дигитална трага.

Апликациите за следење на циклусот што ни го олеснуваат секојдневието како „брзи”, „практични”или „безопасни” всушност собираат исклучително чувствителни информации. А кога тие податоци не се соодветно заштитени, можат да станат ресурс што големите технолошки компании го користат за профилирање, таргетирање и комерцијализација- често без наша целосна свесност.

Живееме во време кога менструалното здравје не е само лично прашање. Тоа е и прашање на дигитална безбедност, информираност и право на приватност.

Извор:
Farnworth, R. (2025). Your Menstrual Health Data is Very Valuable, and Big Tech Wants It. Repro Uncensored.

🚩 Среќна Нова година! Менструалното здравје ни оваа година не дојде на дневен ред.На 5-тата пленарна седница на Советот ...
25/12/2025

🚩 Среќна Нова година! Менструалното здравје ни оваа година не дојде на дневен ред.

На 5-тата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода, предлогот менструалната сиромаштија да се стави на дневен ред беше одбиен уште пред да се отвори дискусија.

Но и молкот е став.
Со ваквото гласање се испраќа јасна порака до девојчињата и девојките од Општина Кисела Вода дека менструалното здравје и добросостојбата не се приоритет.

Дополнително загрижува фактот што една третина од оние кои гласаа против се жени - советнички, што наметнува прашања за нивната свесност, одговорност и улога во застапувањето на политики што директно ги засегаат девојчињата и жените.

🔔 Само за потсетник:

Во рамки на Акцискиот план на Националната стратегијата за млади и Националниот акциски план за правата на децата (2025–2029), секоја општина има обврска да креира локален фонд за обезбедување бесплатни менструални производи во основните и средните училишта.

Менструалното здравје не смее да биде табу.
Менструалната сиромаштија не е партиска тема.
Таа е тема од јавен интерес и обврска на локалната власт.

Општина Кисела Вода

11/12/2025
10/12/2025

Прочитајте го интервјуто со Марија Камчева, Координаторката за еднакви можности во Општина Кавадарци, која со својот континуиран ангажман активно придонесува кон ставање крај на менструалната сиромаштија и подобрување на благосостојбата на девојките и жените во заедницата.

Оваа година, на нејзина иницијатива успешно беа поставени диспензери со бесплатни менструални производи во средните училишта во Кавадарци, обезбедувајќи подостоинствен пристап за средношколките и создавајќи поддржувачка средина за нивното менструално здравје.

На овој Меѓународен ден на човековите права, нејзината работа е јасен пример како посветеноста и професионалниот ангажман можат да иницираат системски промени. Горди сме на нашата соработка и на заедничките напори за унапредување на менструалната правда.

🔗 Целиот текст е достапен на следниот линк

Поддршка за оваа многу потребна иницијатива на Организација на жени Битола! 👏Поднесена е иницијатива за:• поставување ди...
10/12/2025

Поддршка за оваа многу потребна иницијатива на Организација на жени Битола! 👏

Поднесена е иницијатива за:
• поставување диспанзери со хигиенски влошки во средните училишта во Битола,
• редовно снабдување со квалитетни менструални производи,
• организирање едукативни работилници и кампањи за подигнување на свеста и намалување на менструалната стигма.

Ова следи по нивното неодамнешно истражување, според кое 105 ученички во Битола изјавиле дека немале пари за влошки загрижувачки податок што бара итна реакција.

Активистките бараат од општинскиот буџет да се обезбедат средства за менструални производи во средните училишта, чекор кој директно ќе го подобри достоинството, здравјето и еднаквите можности на младите девојки.

Менструалната правда е прашање на човекови права. 🩸

Address

Skopje
1104

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Period Skopje posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Period Skopje:

Share