ЛокалАктив

ЛокалАктив МЕДИУМ НА ЗАЕДНИЦАТА (2) Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни и тој што делото ќе го стори преку други средства за јавно информирање.

#ЛокалАктив е алтернативен медиум, независен од државата и огласувачите, чија мисија е да им овозможи на припадниците на локалните заедници пристап до медиумите и учество во создавањето медиумски содржини кои се поинакви од оние во главните медиуми, ставаат акцент врз себепретставувањето и придонесуваат за различноста на гледишта во јавната сфера.

Медиумот на заедницата Локал Актив е „медиум на з

аедницата“. Идејата е тој да ги канализира проблемите на граѓаните од Источниот и Југоисточниот регион и да ги кристализира во јасни барања насочени кон структурите на институционална моќ – оние кои имаат надлежност да ги решат.

Мислиме дека тоа е благородна идеја. Таа е замислена како децентрализиран терен на кој може слободно да се конструираат локални идентитети и солидарност за промена на амбиентот во кој сите живееме. Јасно ни е дека поради општествената хетерогеност постојат различни, често дури и спротивни погледи на нештата, кои ние немаме намера да ги пригушуваме. Но, оваа слобода има граница, а границата е оваа:

Ги цитираме (1) Кривичниот законик и (2). Закон за спречување и заштита од дискриминација, кои ви нудат објаснување, зошто постовите во кои се шири омраза ќе бидат избришани од коментарите на оваа страница кога е бидат детектирани.

Одговорноста е на прво место! Ако не веруваме во ова, тогаш и малите џебови слобода, еднаквост, разбирање и пристојност, ќе се претворат во истата жива кал како и остатокот од она што е познато под името „јавна сфера“.

1. Кривичен законик
Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

Член 394-г
(1) Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална или телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, или на која било друга основа предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор, ќе се казни со затвор од една до пет години. (3) Тој што делото од ставовите (1) и (2) на овој член го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор од една до десет години.

2. Закон за заштита и спречување од дискриминација

Член 5 Дискриминаторска основа
Се забранува секоја дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа (во натамошниот текст: дискриминаторска основа).

Член 6 Дефиниција на дискриминација
Дискриминација е секое разликување, исклучување, ограничување или давање првенство што се заснова на дискриминаторска основа, со сторување или несторување, што имаат за цел или резултат спречување, ограничување, признавање, уживање или остварување на правата и слободите на одредено лице или група на еднаква основа со други. Ова ги опфаќа сите форми на дискриминација вклучително и оневозможување на соодветно приспособување и оневозможување на пристапност и достапност на инфраструктурата, добрата и услугите.

Член 9 Повикување, поттикнување и инструкција за дискриминација
Повикување, поттикнување и инструкција за дискриминација е секоја активност со која посредно или непосредно се повикува, охрабрува, дава упатства или поттикнува да се изврши дискриминација врз дискриминаторска основа.

🎰Од училиште во „кладилница“ – Младите привлечени од ветувањето за брза заработка. #Бараме воведување пилот-програма (со...
01/06/2026

🎰Од училиште во „кладилница“ – Младите привлечени од ветувањето за брза заработка.

#Бараме воведување пилот-програма (со теоретски дел и интерактивни работилници) која ќе се спроведе во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово во учебната 2026/2027 г., од страна на обучени лица, а која ќе има за цел кај средношколците да поттикне: развој на критичкото размислување и емоционална писменост, препознавање на конструктивни и деструктивни модели на однесување во реални ситуации и справување со стрес и ризични однесувања (вклучително и игри на среќа).

#Бараме воведување програма за едукација на родители (работилници, советодавни средби), која ќе се спроведе во истото училиште во учебната 2026/2027 година, од страна на стручните служби и/или обучени фасилитатори, а која ќе им помогне на родителите: да препознаваат ризично однесување кај младите (вклучително и игри на среќа), да ја подобрат комуникацијата со нивните деца и полесно да се справуваат со современите психосоцијални предизвици.

#Бараме од надлежните институции да внесат строги одредби во Законот за игри на среќа за операторите на вакви игри и да финансираат и учествуваат во спроведување сеопфатна јавна кампања за зголемување на информираноста за ризиците од игрите на среќа.

⭕ Целата сторија и нашите барања прочитај ги на #ЛокалАктив (ЛИНК ВО КОМЕНТАР)

🤝И Јас Сум - ИЈС / I AM TOO

23/05/2026
20/05/2026

📣Ја шириме иницијативата #ЛокалАктив. Последниве пет години медиуми на заедницата беа креирани во Источниот, Вардарскиот и Пелагонискиот регион, а во следниот период такви медиуми планираме и во Југоисточниот, Полошкиот, Југозападниот и Североисточниот регион.

📝Повикот е наменет за локални новинари кои, откако ќе бидат избрани, ќе бидат вклучени во работна листа на новинари на Локал Актив иницијативата, од која потоа ќе може:

📍 да бидат регрутирани да работат на продукција на сториите и вестите за платформите на медиумите на заедницата,
📍да учествуваат на обуки за членови на медиумите на заедницата предвидени со проектот,
📍да бидат ангажирани од локални граѓански организации во рамки на идни шеми на суб-грантирање надвор од опсегот на овој проект.

🔗Целиот повик, и начинот на кој може да се пријавите, се достапни на следниов линк 👉 https://resis.mk/vesti-i-nastani/202-povik-za-izbor-na-novinari-koi-ke-bidat-angazirani-vo-mediumot-na-zaednicata-vo-ramki-na-inicijativata-lokal-aktiv-2

*Содржината на овој повик е единствена одговорност на Институтот РЕСИС и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или на организациите што ја спроведуваат

📊Половина од проблемите што граѓаните од 12 македонски општини ги споделија со претставниците на Институтот РЕСИС, воопш...
07/05/2026

📊Половина од проблемите што граѓаните од 12 македонски општини ги споделија со претставниците на Институтот РЕСИС, воопшто не се наоѓаат во изборните програми на нивните градоначалници. Ова го покажа анализата на РЕСИС, која беше претставена на јавна дебата одржана вчера во Берово.

📢На настанот, на кој учествуваа граѓани и претставници на општини од Источниот Регион, покрај анализата беше организирана и работилница за важноста и потребата од медиуми на заедницата, а беше презентирана и платформата „Локал Актив“, која низ спој на новинари и активисти информира и се залага за решавање на најважните проблеми со кои се соочуваат граѓаните од регионот.

📌Повеќе прочитајте на линкот во коментар 👇

22/04/2026

🎓Бирократски апсурди - Државата издава диплома, државата не ја признава дипломата.

📌Целата сторија прочитајте ја на #ЛокалАктив

🎓Бирократски апсурди - Државата издава диплома, државата не ја признава дипломата.🚪Младите лица со попреченост кои дипло...
22/04/2026

🎓Бирократски апсурди - Државата издава диплома, државата не ја признава дипломата.

🚪Младите лица со попреченост кои дипломираат во специјалните средни училишта, освен што се судираат со проблем кога бараат работа, автоматски се исклучени и од сите клучни државни мерки за поддршка на младите при вработување.

💬„Единствено се надевам дека оваа неправда ќе се исправи и ќе бидам третирана еднакво како сите млади завршени средношколци“, вели Ѓ.Б. девојка која ја доживеала оваа неправда на сопствена кожа.

📌Целата сторија прочитајте ја на #ЛокалАктив (ЛИНК ВО КОМЕНТАР)

🤝Организација ЖЕНА Делчево

🚲Се градат велопатеки кон селата Дабиле и Просениково.👍Истовремено со изградбата на нови велосипедски патеки, Општината ...
15/04/2026

🚲Се градат велопатеки кон селата Дабиле и Просениково.

👍Истовремено со изградбата на нови велосипедски патеки, Општината работи и на поставување паркинг-рампи за велосипеди.

⭕Прочитај повеќе на #Локалактив 👇

Градежните активности за велопатека кон селото Дабиле / Фото: Локал Актив Општина Струмица со пари од ЕУ почна да гради велосипедски патеки и кон селата. Во првата ф...

🌳🌳🌳Во Струмица беше промовиран новиот парк кој се градеше преку проектот „Зелен пулс во прекуграничниот регион“, вреден ...
09/04/2026

🌳🌳🌳Во Струмица беше промовиран новиот парк кој се градеше преку проектот „Зелен пулс во прекуграничниот регион“, вреден 390 илјади евра.

🛝Станува збор за простор во поранешната струмичка касарна, во непосредна близина на детската градинка „Виножито“. Веднаш до овој парк, во наредниот период треба да никне уште една зелена површина за која струмичани гласаа преку Форум на заедниците.

⭕Прочитај повеќе на #Локалактив 👇

Фото: Општина Струмица Преку програмата за прекугранична соработка со соседна Бугарија, во Струмица се изгради урбан зелен парк на површина од 12 712 м². Станува збор ...

09/04/2026

🎓Патот до факултетската диплома за лицата со попреченост во Македонија не е само академски предизвик, туку претставува и чин на радикален отпор против предрасудите.

🚧Додека нивните врсници размислуваат за испитни сесии, овие студенти водат секојдневна битка со физички и административно-бирократски бариери, кои често им изгледаат непремостливи.

🎓Патот до факултетската диплома за лицата со попреченост во Македонија не е само академски предизвик, туку претставува и...
09/04/2026

🎓Патот до факултетската диплома за лицата со попреченост во Македонија не е само академски предизвик, туку претставува и чин на радикален отпор против предрасудите.

🚧Додека нивните врсници размислуваат за испитни сесии, овие студенти водат секојдневна битка со физички и административно-бирократски бариери, кои често им изгледаат непремостливи.

⭕ Целата сторија прочитајте ја на #Локалактив (ЛИНК ВО КОМЕНТАР)

🤝Мобилност Кочани

Address

Orce Nikolov
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЛокалАктив posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to ЛокалАктив:

Share