Мрежа за медиумска писменост

Мрежа за медиумска писменост Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Мрежа за медиумска писменост, Community Organization, Улица Македонија бр. 38, Skopje.

Мрежата за медиумска писменост е создадена со цел да ги олесни комуникацијата и консултацијата меѓу различните субјекти во земјава кои работат на подигнувањето на нивото на медиумската писменост на сите граѓани. Таа треба да придонесе за почеста соработка меѓу релевантните чинители и за подобри и поодржливи резултати од проектите.

19/12/2025

🎥 Работилница „Интердемократија“ во рамки на Деновите на медиумска писменост 2025, каде средношколци дискутираа за можностите и ризиците од генеративната вештачка интелигенција и креираа свои препораки - погледнете повеќе во видеото.

03/12/2025
24/11/2025

Дали цртаните филмови се само за деца? 🎬🍿

Во анимираните филмови уживаат и возрасните, а често зад хуморот се кријат и други поважни пораки.

Дознај кои!

#ДеновиНаМедиумскаПисменост

21/11/2025

🎮 Сега имаш добар изговор за твојата омилена активност.
Гејмањето не е само игра!

Тоа може да ти помогне да размислуваш критички.🎯

Дознај како!

Во понеделник ги заокружуваме Деновите на медиумска писменост!Годишниот состанок на Мрежата ќе го одговори едноставното,...
21/11/2025

Во понеделник ги заокружуваме Деновите на медиумска писменост!

Годишниот состанок на Мрежата ќе го одговори едноставното, но моќно прашање: Што сработивме?

Ви благодариме на сите кои и оваа година бевте дел во борбата против лажните вести и нашата кампања #КажиФејк #КажиЛажно

21/11/2025

Во свет преплавен со информации, секој текст изгледа поинаку – некој објаснува, друг информира, трет забавува… а некој манипулира.
Затоа е важно да знаеш што читаш и како да го препознаеш вистинскиот извор.

КонЕду Глобал може да ти помогне да ги разликуваш текстовите и да донесуваш информирани одлуки.

Продолжуваме со богата програма и на утрешните Денови на медиумска писменост:🕙 Дискусија и работилница на тема „Разоблич...
20/11/2025

Продолжуваме со богата програма и на утрешните Денови на медиумска писменост:

🕙 Дискусија и работилница на тема „Разобличување штетни странски влијание - техники за новинари и граѓански организации“

🕙 Панел дискусија и отворена седница на СЕММ: „Вештачката интелигенција во редакциите: предизвици за саморегулација и медиумска писменост“

🕙 Вибинар на тема „Анти-ЕУ наративи на Западен Балкан: Предизвици и одговори“

🕙 Дебата за „Странско мешање и манипулирање со информации“

Приклучи се и ти! #КажиФејк #КажиЛажно

20/11/2025

Ирвасите на Дедо Мраз го фатија градскиот превоз!

Утрово во Скопје, патниците на градскиот превоз беа сведоци на сцена која никогаш не би ја очекувале: ирваси си влегоа во автобус како да го користат секој ден.

Според шеговитите коментари на минувачите, Дедо Мраз ја оставил санката во гаража поради гужвата во Скопје, па ирвасите решиле да се снајдат сами и да фатат автобус.

Снимките од чудната ситуација веднаш се проширија и станаа хит на социјалните мрежи.

Дали ова е најсмешниот зимски момент досега?

👉 Прочитајте повеќе на https://mediumskapismenost.mk/

#ИрвасиВоЈСП #ИрвасиНаДедоМраз #Скопје #ГрадскиПревоз #НовогодишнаМагија #ДедоМраз #Хумор #ФејкВести #МедиумскаПисменост #КажиФејк #КажиЛажно #ТиЗнаешДругНеЗнае #ДеновиНаМедиумскаПисменост #СкопскоЧудо #Скопје2025

Минатата вечер, жителите и туристите на Охрид беа сведоци на невообичаен феномен: водата во езерото почна да свети во зе...
19/11/2025

Минатата вечер, жителите и туристите на Охрид беа сведоци на невообичаен феномен: водата во езерото почна да свети во зелено-сини нијанси секоја полноќ. Сцената личеше на северна светлина, но во вода – и веќе е наречена Aurora Balkanis.

Фотографии и видеа брзо се проширија на социјалните мрежи, а експертите од Природно-научниот факултет коментираат дека причината може да биде ретка комбинација на алги и рефлексија од месечевата светлина. „Во нормални услови, овие микроорганизми се невидливи, но при одредена температура и чистота на водата, тие почнуваат да светат,“ вели еден биолог.

Локалните жители, пак, ја гледаат појавата како благослов: „Охрид отсекогаш бил магичен, ама ова е нешто што ниту старите го паметат,“ вели едно семејство од стариот дел на градот. Туристите веќе најавуваат дека ова ќе биде „најголемата атракција на Балканот“.

Дали Aurora Balkanis ќе остане редок природен феномен или ќе стане нов симбол на Охрид?

👉 Прочитајте повеќе на линкот во био

https://mediumskapismenost.mk/

19/11/2025

Минатата вечер, жителите и туристите на Охрид беа сведоци на невообичаен феномен: водата во езерото почна да свети во зелено-сини нијанси секоја полноќ. Сцената личеше на северна светлина, но во вода – и веќе е наречена Aurora Balkanis.

Фотографии и видеа брзо се проширија на социјалните мрежи, а експертите од Природно-научниот факултет коментираат дека причината може да биде ретка комбинација на алги и рефлексија од месечевата светлина. „Во нормални услови, овие микроорганизми се невидливи, но при одредена температура и чистота на водата, тие почнуваат да светат,“ вели еден биолог.

Локалните жители, пак, ја гледаат појавата како благослов: „Охрид отсекогаш бил магичен, ама ова е нешто што ниту старите го паметат,“ вели едно семејство од стариот дел на градот. Туристите веќе најавуваат дека ова ќе биде „најголемата атракција на Балканот“.

Дали Aurora Balkanis ќе остане редок природен феномен или ќе стане нов симбол на Охрид?
👉 Прочитајте повеќе на https://mediumskapismenost.mk/

На утрешната програма за Деновите за медиумска писменост:🕙 Панел дискусија за „Стратегиски тужби против учество на јавно...
19/11/2025

На утрешната програма за Деновите за медиумска писменост:

🕙 Панел дискусија за „Стратегиски тужби против учество на јавноста - СЛАПП“

🕙 Предавање и работилница за „Користење јавно достапни ресурси за разобличување на дезинформации

🕙 Детска работилница „Гласови на инклузијата“

Биди дел од оние кои се борат против дезинформациите и лажните вести #КажиФејк #КажиЛажно

Утре нè очекува вистински разновидна програма во рамките на Деновите на медиумска писменост:🕙 „Дали е трик или го заслуж...
18/11/2025

Утре нè очекува вистински разновидна програма во рамките на Деновите на медиумска писменост:

🕙 „Дали е трик или го заслужува мојот клик?“ е работилница наменета за да ги научи најмалите да препознаат лажни вести. Во ера кога младите од рана возраст се среќаваат со онлајн медиумите, важно е да ги научиме за што е вреден нивниот клик.

🕙 Промоција на извештајот „Овозможувачи и поттикнувачи на странско мешање и манипулирање со информации за време на изборите во Северна Македонија, од страна на Фондацијата Метаморфозис.

🕙 Во хотелот „Стоун Бриџ“ во Скопје, Здружението на новинарите на Македонија и ридрих Еберт Штифтунг ќе одржат панел дискусија на тема „Онлајн напади, офлајн последици: заштита на новинарите денес“.

Приклучи се на Деновите за медиумска писменост. Не оставај лажното да помине тивко #КажиФејк #КажиЛажно

Address

Улица Македонија бр. 38
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Мрежа за медиумска писменост posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Мрежа за медиумска писменост:

Share