31/05/2026
Колеги и идни доктори,
како студенти по медицина, најдобро ја разбираме важноста на крвта како незаменлив и животоспасувачки ресурс во секојдневната клиничка пракса.
Обезбедувањето на безбедни и квалитетни крвни компоненти, како и одржувањето на соодветни залихи, зависи и од нашата лична одговорност, хуманост и пример што го даваме како идни здравствени професионалци.
Со цел да се намали ризикот од несакани реакции, како постдонаторска синкопа, и да се обезбеди максимален квалитет на даруваната крв, особено значајни се правилната исхрана и добрата хидратација пред и по дарувањето.
Како потсетник за претстојната крводарителска акција, во постот можете да најдете неколку важни насоки за соодветна подготовка.
Ве очекуваме!