14/09/2021
„Публикум Ин“ активно учествува во заедничките напори за борба против евроскептицизмот кај младите Европјани. Нашите Мартина и Петрина од 7 до 16 септември во Јаши, Романија учествуваат на семинарот организиран од нашата партнерска организација „Каста Морели“, ко-финансиран од програмата Еразмус + на Европската Унија.
Девојки, ви благодариме за вашата мотивираност и за интересот заеднички да ги шириме европските вредности!