Млади од семејна разновидност / Youth of Diverse Families

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Млади од семејна разновидност / Youth of Diverse Families

Млади од семејна разновидност / Youth of Diverse Families Младинска организација за унапредување на правата на деца и млади од семејна разновидност.

🧡 Горди сме што текстот на нашата активистка Елена беше објавен од COFACE Families Europe и што гласот на еднородителски...
27/05/2026

🧡 Горди сме што текстот на нашата активистка Елена беше објавен од COFACE Families Europe и што гласот на еднородителските семејства се слуша и на европско ниво.

Текстот отвора важни прашања за предизвиците со кои секојдневно се соочуваат еднородителските семејства, особено жените и децата погодени од семејно насилство и системската негрижа.

Како организација, продолжуваме да се бориме за поголема поддршка, заштита и достоинствен живот за сите семејства.
Ниту едно дете и ниту едно семејство не смеат да бидат оставени сами. 🙌🏻

Текстот можете да го прочитате тука:
https://coface-eu.org/opinion-one-parent-families-and-the-fight-to-escape-violence/

27/05/2026

A few days before March 8th, Macedonia was shaken by a case that exposed the most painful and darkest side of the systemic neglect toward women and children who are victims of domestic violence.

Студентите секоја година се борат не само со испитите, туку и со неизвесноста за образованието. Немаат поддршка, немаат ...
25/05/2026

Студентите секоја година се борат не само со испитите, туку и со неизвесноста за образованието.
Немаат поддршка, немаат средства. Сега е време да им помогнеме. 💪

Поддржете не преку иницијативата Плати Семестар. Да им помогнеме на студентите од самохрани и еднородителски семејства да го платат својот семестар. 🩷

Сметка 👉🏼300000005356764 (назнака: „Донација за Плати семестар“)
ECrowd 👉🏼 https://ecrowd.mk/projects/0a6981a1-4c92-497b-bfaf-a9e137b5b1c8

‼️ РЕАКЦИЈА НА МЛАДИ ОД СЕМЕЈНА РАЗНОВИДНОСТ‼️Здружението „Млади од семејна разновидност“ остро реагира на предложените ...
19/05/2026

‼️ РЕАКЦИЈА НА МЛАДИ ОД СЕМЕЈНА РАЗНОВИДНОСТ‼️

Здружението „Млади од семејна разновидност“ остро реагира на предложените измени во Законот за студентски стандард, со кои се намалува квотата за студенти од социјално ранливи категории од 49% на 40%.

Студентите од самохрани и еднородителски семејства токму во оваа категорија ја гледаат можноста за финансиска сигурност и мотивација за продолжување на образованието, имајќи предвид дека студентите коишто се деца на самохран родител добиваат дополнителни 10 бодови за подобро рангирање. Но, дополнителните бодови нема да значат ништо доколку бројот на достапни места за овие категории континуирано се намалува.

Како организација која секојдневно работи со млади од еднородителски и самохрани семејства, сведочиме дека голем број студенти веќе живеат во услови на финансиска несигурност, ограничен пристап до ресурси и постојан ризик од прекин на образованието. Намалувањето на квотите директно ќе ги погоди токму овие млади луѓе, кои и онака се соочуваат со системски бариери и нееднакви можности.

Образованието мора да биде достапно за сите, а не привилегија само за оние кои можат финансиски да си го дозволат. Наместо намалување на квотите и дополнително оптоварување на студентите, потребни се политики што ќе ја зголемат поддршката, ќе овозможат достоинствен студентски живот и ќе гарантираат еднакви можности за младите од ранливите категории.

Ги повикуваме Министерството за образование и наука, пратениците и сите надлежни институции да ги преиспитаат предложените измени и да отворат суштинска јавна дебата со студентите и граѓанските организации. Политиките што ги засегаат младите мора да се носат во интерес на младите, а не на нивна штета.

Младите од социјални категории не смеат повторно да бидат оставени на маргините.

19/05/2026

Семејството има многу форми, а секоја од нив е еднакво важна равенка. Во втората епизода на „Равенката семејство“, фокусот се еднородителските семејства.Боја...

Среќен Меѓународен ден на семејството!15 мај - За секое семејство, со многу љубов ❤️Денес славиме се она што не прави на...
15/05/2026

Среќен Меѓународен ден на семејството!
15 мај - За секое семејство, со многу љубов ❤️

Денес славиме се она што не прави нас - нас.
Семејството не е само една слика, една форма, еден калап.
Семејството е љубов во безброј облици.

Каква и да е вашата приказна;
каков и да е бројот на луѓе за вашата маса,
кои и да се лицата на вашите фотографии
вашето семејство е вистинско.

Честитаме на сите! 🌟
Нека е секој фамилијарен ден исполнет со смеа, топлина и луѓето кои ви значат најмногу. 🧡🌼🤍

11/05/2026

Стереотипите кон децата од самохрани и еднородителски семејства започнуваат уште од најрана возраст — токму затоа промените мора да започнат од образованието и општеството.

Нашата претседателка, Елена Божиновска, зборува за предизвиците, предрасудите и потребата од поголема поддршка и разбирање.

🎥 Целото интервју погледнете го на линкот:
https://youtu.be/XVEb7vUWCTg?si=-7OcWm6tUo0svYHg

За мајките кои секој ден тивко се борат за подобро утре. 🌷За мајките кои со љубов и сила ги држат семејствата заедно.За ...
10/05/2026

За мајките кои секој ден тивко се борат за подобро утре. 🌷

За мајките кои со љубов и сила ги држат семејствата заедно.
За мајките кои поминале низ тешки одлуки, нови почетоци и непроспиени ноќи.

Денес ја славиме вашата храброст, нежност и неизмерна посветеност.
Вашата љубов остава трага што трае засекогаш. 🧡

Запознајте се со тимот што стои зад нашите идеи, активности и успеси 🙌🏻Со многу амбиција, креативност и тимска работа, с...
09/05/2026

Запознајте се со тимот што стои зад нашите идеи, активности и успеси 🙌🏻

Со многу амбиција, креативност и тимска работа, секој од нас придонесува за создавање на нови можности за нашите млади 💪🏻

Ова е тимот што секојдневно работи со посветеност, енергија и желба за позитивни промени.

Заедно сме посилни, погласни и помотивирани! 🧡

Запознајте го нашиот Претседател и Основач на организацијата - Елена 🧡Контакт информации може да се најдат на нашата веб...
06/05/2026

Запознајте го нашиот Претседател и Основач на организацијата - Елена 🧡

Контакт информации може да се најдат на нашата веб страна. Линк во био! 🔎

Address

Skopje

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Млади од семејна разновидност / Youth of Diverse Families posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Млади од семејна разновидност / Youth of Diverse Families:

Share