04/11/2026
ПРОМЕНА ВО УСЛОВИТЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПРАВОТО НА ТРАЕН НАДОМЕСТОК ЗА РОДИТЕЛ НА ДЕТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Почитувани,
Во насока на навремено и соодветно запознавање со промените во законската регулатива кои влијаат на остварувањето на правата на дел од лицата со мултипла склероза и нивните семејства, Националното здружение за МС Ве информира дека Уставниот суд на седницата одржана на ден 07.10.2026 година донесе Одлука со која го укина член 60 став 2 во делот „кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 60 години на живот за жена, односно 62 години на живот за маж“ од Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/2019, 146/2019, 275/2019, 302/2020, 311/2020, 163/2021, 294/2021, 99/2022, 236/2022, 65/2023 и 192/2025).
Детални информации👇👇👇
Почитувани, Во насока на навремено и соодветно запознавање со промените во законската регулатива кои влијаат на остварувањето на правата на…