17/11/2025
Придружете ни се на првата регионална конференција за волонтерство – „Мостови на искуството: Зајакнување на сениорското волонтерство за одржлив развој низ Балканот“.
📅 24–25 ноември 2025
📍 Клуб на Пратеници, Скопје
Настанот ќе се случи во рамки на прогласувањето на 2026 година како Меѓународна година на волонтерите за одржлив развој (IVY 2026) од страна на ООН, а во организација на Центарот за европско волонтирање, Конфедерацијата на услуги на европски сениорски експерти, Асоцијацијата за спорт и волонтерство и ИДУЕП.
Повеќе детали за настанот: https://shorturl.at/BSt7r
Линк за регистрација и учество: https://shorturl.at/s629k
Очекуваме конструктивни дискусии, регионални партнерства и заедничко креирање политики во областа на волонтерството. 🌍🤝