Синдикат на Медиумски Информативни Агенции - СМИА

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Синдикат на Медиумски Информативни Агенции - СМИА
Directions

Синдикат на Медиумски Информативни Агенции - СМИА Синдикатот на МИА е регистриран во Министерството за труд на Република Северна Македонија. Основан е од група новинари од МИА.

24/08/2026

Македонија и натаму има најниска минимална плата во регионот, со околу 424 евра месечно. Додека соседните земји го зголемуваат минималецот, синдикатот предупредува ...

03/07/2026

На членовите на УПОЗ денес им е најлесно да бидат уверени дека се на вистинскиот пат, затоа што на чело на нивниот синдикат стои лидер кој никогаш не се двоумел да застане во одбрана на работниците. Историјата покажала дека претседател кој е мета на напади од власта најчесто не им служи на моќните, туку на луѓето што ги претставува. Нападите кон Трпе Деаноски затоа не се товар, туку потврда дека УПОЗ останал доследен на својата мисија, да биде гласот на работниците кога тој глас најсилно треба да се слушне. Најголемото признание за неговата работа не доаѓа од политиката, туку од довербата на членовите и од конкретните резултати...десетици колективни договори. Честит јубилеј УПОЗ честитки за реизборот претседателе Деановски!

03/07/2026
27/04/2026

1 Мај: Да не видат бројни, за да не почитуваат

1 Мај не е само датум во календарот. Тоа е денот кога работниците подигнуваат глас за она што им припаѓа, а тоа е достоинствен живот, фер плата и почит кон трудот што ја движи целата држава.

Да, 1 Мај поради продолжениот викенд може да биде ден за одмор со семејството. И треба да биде. Но токму тоа е парадоксот, многумина од нас можат да си дозволат одмор само ако работат на две, понекогаш и три работни места. Со една плата не се покриваат ни основните сметки, струја, вода, телефон, а каде е храната, облеката, превозот, школувањето на децата. Тоа не е достоинствен живот. Тоа е живот во кој сме принудени да преживуваме, наместо да живееме.

Затоа 1 Мај не смее да биде тивок.

Оние што треба да ги прифатат нашите барања гледаат само бројки. Не ја гледаат нашата мака, туку излезноста. Не ја слушаат нашата потреба, туку мерат колку сме тивки. Ако сме малку, тие го толкуваат тоа дека сме задоволни. Ако сме многу, тогаш конечно сфаќаат дека работниците не молчат, туку бараат плати за достоинствено да го живеат месецот.

И додека ние се бориме со работа на две/три работи за да преживееме, тие располагаат со примања од над 120.000 денари, службени возачи и средства за репрезентација, привилегии недостапни за обичниот работник.

Затоа 1 Мај мора да биде ден кога ќе покажеме единство и поддршка. Ден кога ќе стане јасно дека достоинството не се гази, а минималната и останатите плати мора да растат.

На 1 Мај да бидеме присутни, бројни и гласни.
Само така ќе нè слушнат.
Само така ќе нè почитуваат.

Работничката солидарност не смее да има граници, денес се бориме за оние со најниски плати, утре за сите нас. Затоа, на ...
26/04/2026

Работничката солидарност не смее да има граници, денес се бориме за оние со најниски плати, утре за сите нас.

Затоа, на 1 Мај да бидеме солидарни, гласни, обединети и одлучни!

Излези на протест, застани рамо до рамо со своите колеги и покажи дека работничкиот глас не може да се игнорира.

Македонија за повисоки плати !

За плата се бориме – не се молиме!

Многумина чекаат „некој друг" да излезе за нив, друг да го направи првиот чекор....Никој нема да дојде за тебе, затоа на...
10/03/2026

Многумина чекаат „некој друг" да излезе за нив, друг да го направи првиот чекор....Никој нема да дојде за тебе, затоа на 14-ти дојди за себе, за да видат дека твојот труд треба да се вреднува.

10/02/2026

ИО на Синдикатот на Медиумски Информативни Агенции - СМИА со длабока загриженост реагира на јавно објавеното видео на Фејсбук профилот кај пратеничката Дафина Стојановска во кој се гледа како претседателот на ССМ Слободан Трендафилов се движи заедно со своите деца. Начинот на кој снимката е направена, како и аголот и упорното следење што може да се забележи, отвораат сериозни сомнежи дека лицето и неговото семејство биле набљудувани и снимани без нивна согласност.
Ваквото снимање претставува флагрантно нарушување на приватноста, семејниот интегритет и личната безбедност. Особено е алармантно што во видеото се прикажани малолетни деца, кои под ниту една околност не смеат да бидат изложени на ваков тип јавно објавени материјали.
Правото на слободно движење, приватност и безбедност е основно човеково право кое мора да се гарантира за секој граѓанин, независно од неговата професија, функција или јавна видливост.
Фактот дека снимката наликува на следење е силен повод за вознемиреност и бара итно утврдување од кои мотиви и на кој начин е дојдено до материјалот. Овој случај не смее да остане без реакција, затоа што испраќа опасна порака дека сечија приватност може да се нарушува без последици.

Address

Str. „Plostad Presveta Bogorodivca" 3
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Синдикат на Медиумски Информативни Агенции - СМИА posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category