Судско-медиумски совет

Судско-медиумски совет Судско-медиумскиот совет е советодано тело oд судии и новинари

Моделиран по премерот на Судско-медиумската комисија при Врховниот суд на Масачусетс, Судско-медиумскиот совет е американско практично решение втемелено на европските принципи и начела на судска транспарентност и јавност, содржани во одлуките на ССЈЕ (Европскиот консултативен совет на судиите). Неговата цел е да ги унапреди односите помеѓу медиумите и судовите во Северна Македонија во делот на отв

орена комуникација, снимање и следење на судења, пристапот на јавноста до судски и предметни информации, како и изнаоѓање на механизми за превенција од дезинформации. Европската комисија во извештаите за напредокот на земјата во 2018 и 2019 година го нотира Советот како позитивно решение за зајакнување на судската транспарентност во земјата.

21/04/2026

Судско-медиумскиот совет со длабока тага ја прими веста за смртта на Гордана Дувњак, првиот претседател на Советот и долгогодишен новинар со исклучителен придонес во развојот на професионалното и одговорно новинарство.

Нејзината посветеност, интегритет и визија оставија траен белег во унапредувањето на односите меѓу судството и медиумите, како и во градењето на транспарентно и одговорно општество.

Изразуваме искрено сочувство до нејзиното семејство, колегите и сите кои имаа чест да соработуваат со неа.

Нејзиното дело и вредности ќе останат трајно вградени во работата на Судско-медиумскиот совет.

11/01/2026

🟪🟥🟩🟦 11 stycznia 2020 roku tysiące sędziów, prokuratorów i prawników z Polski i innych krajów Europy, przemaszerowało ulicami Warszawy, by wraz obywatelami zamanifestować potrzebę niezależności sądownictwa.

Rocznica “Marszu Tysiąca Tóg” przypomina nam o istocie sędziowskiej niezawisłości, która wymaga nie tylko niezależności w podejmowaniu codziennych decyzji zawodowych, ale także – solidarności i odwagi publicznego sprzeciwu wszędzie tam, gdzie niezależność sędziów jest atakowana systemowo, co zagraża wprost prawom i wolnościom obywateli.

Sędziowska niezawisłość nie jest przecież przywilejem sędziów, lecz właśnie - prawem obywateli.

Stowarzyszenia sędziowskie zabiegają o ustanowienie 11 stycznia dniem niezależnego sądownictwa obchodzonym w rocznicę Marszu Tysiąca Tóg. Wierzymy, że te starania pozostają aktualne i dziś, gdy na całym świecie chwieją się demokratyczne wartości.

Chcemy wzmocnić przekonanie, że niezależność wymiaru sprawiedliwości i niezawisłość sędziów służą nade wszystko bezpieczeństwu i ochronie obywateli. Dlatego Zarząd Stowarzyszenia Sędziów Polskich “Iustitia” wystąpił z inicjatywą, by począwszy od 2026 roku tydzień rozpoczynający się dniem 11 stycznia był obchodzony w Polsce corocznie jako Tydzień Niezależnego Sądownictwa.

Jedynie niezawiśli, legalnie powołani sędziowie oraz niezależne sądy i prokuratura, wolne od politycznych nacisków mogą w pełni chronić interesy ludzi, którzy przynoszą swoje sprawy przed polski wymiar sprawiedliwości. Każdy obywatel ma przy tym prawo, by korzystać w tych sprawach z pomocy adwokatów i radców prawnych, wykonujących swój zawód bez jakiejkolwiek presji ze strony organów władzy.

Marzymy o czasach, w których już nie trzeba będzie podkreślać do znudzenia, nieustannie, że jeśli sądownictwo - to niezależne, a jeśli sędziowie - to niezawiśli. I kiedy żaden polityk nie zdoła wmówić nikomu, że ma prawo decydować o sędziowskich powołaniach i decyzjach zawodowych.

👉Serdecznie zachęcamy do wsparcia naszej inicjatywy poprzez zaangażowanie w wydarzenia związane z rocznicą Marszu Tysiąca Tóg i inne aktywności, o których do 17 stycznia br. będziemy informować na naszej stronie: www.iustitia.pl oraz na portalu w mediach społecznościowych IUSTITIA Stowarzyszenie Sędziów Polskich, x.com/JudgesSsp, instagram.com/iustitiapolska

На ден 11.11.2025 година во Академијата за судии и јавни обвинители се одржа специјализирана обука на тема: „Судството и...
11/11/2025

На ден 11.11.2025 година во Академијата за судии и јавни обвинители се одржа специјализирана обука на тема: „Судството и медиумите, кризна комуникација и современи предизвици во односите со јавноста“. Предавачи на обуката беа членови на Судско-медиумскиот совет, судија Џемали Саити, судија на Врховен суд и Зоран Јаневски, новинар во телевизија Сител. Обуката беше наменета за претседатели на судовите.

На ден 19.09.2025, во Академијата за судии и јавни обвинители, се одржа обука во рамки на специјализираната програма за ...
22/09/2025

На ден 19.09.2025, во Академијата за судии и јавни обвинители, се одржа обука во рамки на специјализираната програма за новоизбрани судии (модули: кривично право и граѓанско право). Обуката беше организирана со цел да се зајакнат капацитетите на новоизбрани судии во областа на јавната комуникација, транспарентноста и односите со јавноста.

На оваа тема предаваа членови на Судско-медиумскиот совет, Емилија Шопар Јованова, Васка Николовска Масевска, Дитурие Елези Незири, Марија Митевска, Маја Јовановска и Михајло Видимлиски.

Членови на Судско медиумскиот совет денеска одржаа средба со млади политичари од шест држави од САД кои се запознаа со д...
28/08/2025

Членови на Судско медиумскиот совет денеска одржаа средба со млади политичари од шест држави од САД кои се запознаа со досегашната работа на ова тело и стратегијата и активностите кои ќе се преземат во наредниот период со цел поотворено и потранспарентно судство. Членовите на Судско медиумскиот совет кој седум години работи на зголемување на соработката меѓу новинарите и судиите ги информираше младите политичари дека благодарение на нивните заложби пресудите од судските процеси кои се во интерес на јавноста се отворени за аудио и видео следење, а водено дека и пресудите кои не се правосилни, но се од интерес на јавноста се објавуваат на веб страниците на судовите. Дополнително за поголема информираност на новинарите и граѓаните се изготвуваат и информативни видеа на социјалните мрежи за тоа како може заинтересирани странки може да добијат дозвола за следење на судски рочишта.
Прашањата на кои се осврнаа гостите се однесуваат на тоа како Судскиот медиумски совет кој е базиран на американскиот модел придонесува за зголемување на довербата во судството, како функционира судскиот систем во земјата, неговата херархија и процесот како се станува судија. Тие истакнаа дека работата која ја извршува Судско медиумскиот совет е особена важна за зајакнување на довербата на граѓаните во судството, но и за подобро информирање на јавноста од судските процеси кои се од јавен интерес.

Судско медиумскиот совет седум години работи на зголемување на соработката меѓу новинарите и судиите
24/07/2025

Судско медиумскиот совет седум години работи на зголемување на соработката меѓу новинарите и судиите

Седма година по ред и во нов состав, Судско медиумскиот совет и понатаму гради соработка меѓу судиите и новинарите за подобро информирање на јавноста. Иако Судско м...

10/07/2025

📣Препораките за снимање во судница изработени од Судско-медиумскиот совет, нотирани во Извештајот на ЕК
Во делот за владеење на правото, извештајот наведува дека, ,,Врховниот суд и Судско-медиумскиот совет издадоа заеднички препораки за известување за судски предмети од јавен интерес, со цел да се подобри транспарентноста и довербата на јавноста".

Воведување интерактивна обука за објава на пресуди од јавен интерес, правилна примена на правната терминологија кај нови...
02/06/2025

Воведување интерактивна обука за објава на пресуди од јавен интерес, правилна примена на правната терминологија кај новинарите кои известуваат од судските рочишта, поголема активност на судовите на социјалните мрежи и унапредување на соработката на судиите и новинарите со цел зголемување на јавната доверба во судскиот систем, се само дел од програмските активности на кои Судско медиумскиот совет ќе работи во следните две години.
На работилницата на советот, одржана од 29 – ти до 31 мај, на тема „ЗАЈАКНУВАЊЕ НА УЛОГАТА ЗА СУДСКО МЕДИУМСКИОТ СОВЕТ ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА СУДСКАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ЈАВНАТА ДОВЕРБА ВО ПРАВОСУДНИОТ СИСТЕМ„ судиите и новинарите беа едногласни дека напредокот во меѓусебното разбирање и соработка се евидентни и од корист како за претставниците на третата власт така и на медиумите.
Сепак, со напредокот на технологијата, наплив на нови информативни портали, ширење на лажни вести и шпекулации на социјалните мрежи, очекувањата на голем медиумски интерес за претстојните постапки поврзани со трагедијата во Кочани, како и изборот на нови судии, Советот смета дека соработката, обуки и работилници треба да продолжат и да се прилагодат на современите текови за работа.
Во тој правец, Судско медиумскиот совет во наредните две години, согласно новата програма за работа, ќе продолжи во реализација на меморандумите за соработка со Здружението на новинари на Македонија и Академијата за судии и Јавни обвинители, ќе ја продлабочи соработката со младите новинари и судии и ќе работи на поголема транспарентност на судовите како и квалитетно и професионално известување од судењата.

📌📌Судско медиумскиот совет и Академија за судии и Јавни обвинители со заеднички сили за поголема транспарентност и довер...
23/05/2025

📌📌Судско медиумскиот совет и Академија за судии и Јавни обвинители со заеднички сили за поголема транспарентност и доверба кај јавноста во судскиот систем

Судско медиумскиот совет на средба со Директорот и Заменик директорот на Академијата за судии и јавни обвинители договорија нови проекти и активности во рамки на веќе потпишаниот Меморандум за соработка. Па така, претставниците на советот и раководството на Академијата се на заеднички став дека е потребно зголемување на фондот на обуки за кандидатите за судии и јавни обвинители како и едукативни работилници за веќе именуваните функционери на судската власт.
Судиите и новинарите кои се членови на советот во иднина ќе придонесат за воведување интерактивни обуки во кои судиите и новинарите ќе разменат мислења и искуства во делот на јавна објава на пресуди кои се од интерес на јавноста со примена и на модерната технологија за пренесување на главните расправи, користење на социјалните мрежи од страна на судовите, а се во правец за поголема отчетност на судиите, методи кои веќе се применуваат во Кривичниот суд Скопје.
Академијата за судии и ЈО, пак со свои претставници ќе придонесе во обуките на младите новинари во правец на поголема едукација за применување на Законските одредби при известување од јавните судски расправи.
Денешната средба со Академијата е дел од програмската активност на Советот во правец на унапредување на соработката со сите релевантни институции кои може да влијаат на професионално зближување на новинарите и судиите се со цел подигнување на јавната доверба во правосудниот систем.

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Судско-медиумски совет posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Судско-медиумски совет:

Share