ALTER

Центарот за развој на демократијата АЛТЕР од крајот на минатиот век придонесува за подемократска, поотворена, послободна и послободоумна Македонија! Група новинари формално се регистрираше како невладина организација на 08 октомври 2000-та година. Од тогаш направивме повеќе од 200!!! видео емисии кои ги третираат правата на „помалку еднаквите“ во македонското општество на ... еднакви. Пишувавме и

правевме видеа за луѓето со посебни потреби, за жените и за децата, за обесправените мажи, за ЛГБТ заедницата, за Ромите, за младите, за меѓуетничките односи и за живеењето со различности... Соработувавме со слични и подобри од нас од Албанија, Бугарија, Германија, Романија, Србија и од Унгарија. Работевме заедно со УНДП, ФООМ, со СОЖМ, со Пактот за Стабилност, а не поддржуваше, главно, Германското министерство за развој и заедничка соработка преку Институтот за односи со странство. Првата декада на новиот милениум ја минавме справувајќи се со кризата во нашата земја. Меѓуетничките односи и сиромаштијата и понатаму продолжуваат да бидат проблем, и со нив и натаму ќе се занимаваме. Но сега, во втората декада на 21-от век, ќе го прошириме опсегот. Во нашата работа, покрај медиумите, ќе ги вметнеме и културните институции во земјата. Ќе се обидеме покрај главниот град, во кој се е сконцентрирано, повеќе во фокус да ги донесеме помалите градови. Ним да им го доближиме светот, и нив да ги доближиме до светот! Демократијата е цел, а за остварување на целта – сите средства се дозволени!

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ALTER posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share