21/08/2026
ХИВ тестирањето е едноставен, брз и одговорен чекор во грижата за сопственото здравје.
Многу луѓе кои живеат со ХИВ можат долго време да немаат никакви симптоми, па затоа единствениот сигурен начин да го знаеме својот ХИВ статус е да се тестираме.
Раното откривање овозможува навремено започнување терапија и долг, квалитетен и здрав живот.
Тестирањето не треба да биде поврзано со страв или стигма. Тоа е знак на грижа, одговорност и почит кон себе и кон партнерите.
Знај го својот ХИВ статус. Тестирај се. Грижи се за себе.