09/02/2026
СВЕСЕН СУМ зошто сте збунети… со право на овој хаос со нафрлање на термини во јавниот простор.
Ајде да расчистиме:
ЕУ ФУНДАМЕНТАЛИСТИ (тука сум и јас)
Луѓе кои Европската Унија ја третираат како догма, убедени во 6те основачки вредности: почитување на човечкото достоинство, слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото и почитување на човековите права. За нив, европската интеграција / обединување е вредност сама по себе. Тие се најомразени од бриселските бирократи / арамии, кои ги напуштија идеалите на основачите / татковиците на ЕУ: Роберт Шуман, Жан Моне, Конрад Аденауер, Алчиде де Гаспери, Пол-Анри Спаак и др.
ЕУ КЛИЕНТЕЛИСТИ (најголем дел мак политичари и НВО аналитичари)
Ова се актери кои го поддржуваат европскиот процес од инструментални и материјални причини, пристап до фондови, позиции, политички легитимитет или лична корист. Нивниот однос кон ЕУ не е ниту идеолошки ниту стратешки, туку зависнички и опортунистички. Користат површна реторика без суштинска реформска посветеност. Ваквите се омилени на бриселските бирократи, особено на арамиите во ЕУ амбасада во Скопје и таквите “еуропјани” како Михалис Рокас. Со нив си играат “ташак” и ги користат како извор на информации и крадење евра од ЕУ буџет.
ЕУ ОПТИМИСТИ
Тие ја гледаат ЕУ како најдобра рамка за стабилност, развој и демократска консолидација, но без догматизам. Тие веруваат во потенцијалот за реформирање и подобрување на Унијата, и ја поддржуваат интеграцијата врз основа на интереси на земјите членки.
ЕУ ПЕСИМИСТИ
Оваа група ја нагласува кризата на европскиот проект, прекумерната регулација, дефицитот на демократска легитимност и слабата економска динамика. Тие сметаат дека сегашната форма на Унијата е неодржлива и треба да се расформира.
ЕУ РЕАЛИСТИ (делумно и јас)
Тие ја третираат ЕУ како геополитички инструмент и ја оценуваат Унијата според конкретните национални интереси и ризици. За нив, интеграцијата е средство и треба да се користи прагматично, за национални цели.
#небидиизмеќар #свеснонадесно #македонијанапрвоместо #кауза #МакедонскиКонцепт