12/05/2026
ДЕМАНТ
Шаховската Федерација на Македонија ги демантира сите информации изнесени во изјавите на Г-н Тони Кироски на неговиот личен фејсбук профил како и изјавите дадени за порталот Маркукуле.мк. Изјавите се крајно некоректни и малициозни, со нив се манипулира шаховската и пошироката јавност и се обид на одредени случувања на шаховските екипни лиги организирани од ШФМ им даде пристрасност и територијална нееднаквост што е сосема невкусно и крајно невистинито.
1. Квалификации за втората лига одржани на ден 10.05.2026 лига, на меч помеѓу Младинскиот Шаховски Клуб Центар и Женскиот Шаховски Клуб Прилеп: му зазвонува телефонот на играчот Zeca Skrielj кој му бил во џебот. Главниот Судија ФА Зоран Илиќ согласно ФИДЕ правилата и јавно објавениот правилник на лигата го контумацира играчот на кој му заѕвонил телефонот и му доделил поен на противникот.
Согласно актуелниот правилник за судии на ФИДЕ од 2025 година „Секој играч на кој ќе му биде пронајден дури и исклучен мобилен телефон неговата партија веднаш се прекинува и се доделува поен на противникот независно од позицијата на шаховската табла.“
Квалификациите за Втората Лига се играат по правилата на ФИДЕ, и истите се рејтингувани во ФИДЕ. Дополнително во самиот Правилник за квалификациите е напишано дека е забранета употреба на мобилни телефони, таблети и слични уреди во салата за игра, и за се што не е предвидено во правилникот важат правилата на ФИДЕ.
Сакаме да веруваме дека г-н Тони Кироски како Интернационален шаховски судија би постапил на истиот начин како и главниот судија Зоран Илиќ, затоа што во спротивно би ги прекршил правилата на ФИДЕ и шаховскиот судиски кодекс.
2. Изјавите за наводно неправедно дисквалификување на втората лига одржана во Струга 2024 година, на играчот Симон Пазески од Женскиот Шаховски Клуб Прилеп за кој дисциплинската комисија на ШФМ му изрече казна од 3 години неиграње на официјални натпревари е поради неговото вулгарно и недолично однесување, изречени погрдни зборови и пцости спрема судијата и официјалите лица и рушење на фигурите. Оваа одлука нема никаква релација играчот на кој клуб му припаѓа, напротив г-н Кироски не ги изнесува сите факти со цел да ја замајува јавноста и да ја наведе на погрешни заклучоци.
Капитенот на ЖШК Прилеп и во двата наврата ја прифати одлуката на главниот судија.
Г-нот Кироски, во иднина, наместо обвинувања и клевети, би било подобро повеќе да поработи на шаховска едукација на своите играчи, наместо само фиктивно формирање на 3 клубови на кој тој е Претседател, со што сака да прикаже божемна активност и успех. Шахот е витешка игра, а не полигон за насилно и безобразно изразување и однесување.
УО на ШФМ, согласно Статутот на ШФМ дополнително ќе ги преземе сите мерки за спречување на рушење на угледот на ШФМ со вакви крајно некоректни изјави каде се поттикнува и инсинуира некаква регионална нетрпеливост во ШФМ.
На следниот линк може да го погледнете официјалниот прирачник за судии на ФИДЕ каде на 36-тата страна јасно пишува за употребата на електронски уреди за време на шаховска партија и санкциите кон играчите.
На сликата е прикажан пасусот од тој правилник кој говори токму за (зло)употреба на електронски уреди за време на шаховска партија и мерките кои треба да ги превземат судиите.
https://arbiters.fide.com/wp-content/uploads/Publications/Manual/Arbiters_Manual_2025.pdf
Маркукуле.мк