21/04/2026
Со длабока тага ја примивме веста за заминувањето на нашата драга членка, Гордана Дувњак.
Таа искрено се заложуваше и посветено работеше за афирмација и медиумска покриеност на нашето здружение и женското лидерство и беше активна во спроведување на нашите програмски активности за што сме и бескрајно благодарни.
Беше извонредна новинарка и уредничка, препознатлива по својата бескомпромисна посветеност кон вистината, професионалната етика и одговорноста кон јавноста. Беше сила, храброст и светлина за сите нас. Жена која остава неизбришлива трага, лидерка што инспирираше и отвораше пат за генерациите што доаѓаат. Како пријателка и колешка беше синоним за човечност, топлина и достоинство.
Низ својата работа и посветеност, воспитуваше и обликуваше многу млади генерации, оставајќи дел од себе во секој од нив.
Пред сè, беше горда мајка на два сина, нејзината најголема љубов и животна радост.
Ќе ја паметиме засекогаш со длабока почит, благодарност и љубов.
Почивај во мир драга наша Гоца.
Твоите Елитки!