30/05/2026
Почитувани пријатели и соборци со Дијабетес Тип 1,
Со особена чест и големо задоволство објавуваме дека Panorama Global – The T1D Community Fund, по успешното завршување на двегодишната поддршка на Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија (СЗДМ), донесе одлука да ја продолжи својата поддршка уште една година.
По разгледувањето и усвојувањето на наративните и финансиските извештаи, заедно со целокупната потребна документација, одобрена е нова финансиска поддршка во износ од 10.000 американски долари наменета за активности во корист на лицата со Дијабетес Тип 1 во нашата држава.
Во периодот што следува ќе реализираме бројни активности: соочување со предизвиците, едукативни програми за деца и млади, работилници, дебати и средби со возрасните лица со дијабетес, како и заеднички иницијативи со здруженијата-членки на Сојузот.
Оваа силна поддршка претставува признание за посветената работа, транспарентноста и резултатите што заеднички ги постигнуваме во интерес на лицата со Дијабетес Тип 1.
Им благодариме на Panorama Global – The T1D Community Fund за довербата и партнерството. Заедно продолжуваме да создаваме подобри услови, повеќе знаење, поддршка и можности за нашата заедница.
Се гледаме на бројните активности кои ќе се реализираат до март 2027 година!
💙 Заедно сме посилни.
💙 Заедно за подобар живот со Дијабетес Тип 1
https://panoramaglobal.org/the-t1d-community-fund/