05/06/2026
Античкиот театар во Охрид, еден од најзначајните културно-историски споменици во земјата, претставува редок пример за успешно поврзување на археолошкото наследство со современиот културен живот.
АРХРИД () ве поканува на настанот „Антички театар: адаптивен континуитет“, посветен на историјата, реставрацијата и современото користење на овој исклучителен простор.
📅 13.06.2026 (сабота)
📍 Антички театар – Охрид
Агенда:
19:00 – 19:30 | АРХРИД
Воведно обраќање + поздравни обраќања
19:30 – 20:15 | Проф. д-р Елизабета Касапова
Историја на Античкиот театар во Охрид
20:30 – 21:15 | Проф. д-р Емил Јурцан (Praksa, Хрватска)
Искуства од реконструкцијата на римскиот театар во Пула (2013–2022)
21:20 – 21:50 | Lars Westhoff (MALM GbR, Германија)
Lychnidos ex Machina
21:50 – крај
Вмрежување, изложба и коктел
Влезот е слободен а публикацијата „Антички театар: адаптивен континуитет“ ќе може да се набави на денот на настанот.