Фондација ,,Ице Бегов"

Фондација ,,Ице Бегов" Фондација ,,ИЦЕ БЕГОВ''

Пет години без тебе.Пет години со твоето име во срцето на сè што правиме.Не забораваме. Продолжуваме - со тебе во секој ...
13/04/2026

Пет години без тебе.
Пет години со твоето име во срцето на сè што правиме.
Не забораваме. Продолжуваме - со тебе во секој чекор.
💙 Ице Бегов
13.04.2021 – 13.04.2026

💙 2 АПРИЛ – Ден на лицата со аутизамДенес не е само ден за подигнување свест. Денес е потсетник.Потсетник дека не сме си...
02/04/2026

💙 2 АПРИЛ – Ден на лицата со аутизам
Денес не е само ден за подигнување свест. Денес е потсетник.
Потсетник дека не сме сите исти, и дека тоа е во ред.
Во нашата заедница има деца, млади и возрасни кои светот го доживуваат поинаку. Некои зборуваат помалку, но чувствуваат многу. Некои не гледаат во очи, но имаат свој начин да покажат љубов и поврзаност.
И сите тие заслужуваат да бидат прифатени такви какви што се.
Не треба да ги менуваме нив. Треба да научиме подобро да разбереме, да бидеме трпеливи и да создадеме средина каде што секој се чувствува добредојден.
Вистинската заедница се гради кога има место за сите, без исклучок.
💙 Да прифаќаме без предрасуди
💙 Да бидеме поддршка секој ден, не само денес
#ФондацијаИцеБегов #Инклузија #2Април 💙

🌼 Ден исполнет со насмевки, грижа и заедништво во инклузивниот парк Ице Бегов 🌳Денес го направивме паркот уште поубав, н...
30/03/2026

🌼 Ден исполнет со насмевки, грижа и заедништво во инклузивниот парк Ице Бегов 🌳
Денес го направивме паркот уште поубав, но и уште позначаен.
На иницијатива на здружението ЦПЛИП Порака, нивните членови засадија 21 цвеќе – симболично, по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром. 💛
Овој мал, но силен гест нè потсети дека инклузијата не е само збор – туку дело, грижа и љубов што ја споделуваме секој ден.
🌱 Заедно засадивме и нови дрвца, додавајќи живот и свежина во ова наше посебно катче – место каде што сите деца се добредојдени, а семејствата создаваат убави спомени.
🙏 Голема благодарност до:
❤️ волонтерите од Црвениот крст
⛰️ ЗПСК Кожуф
🤝 и сите кои денес беа дел од оваа убава приказна
📢 Овој парк е наш заеднички дом.
Да го чуваме, да го негуваме и да го направиме уште поубав – за сите.
💬 Сподели, означи пријател и потсети:
Инклузијата започнува од нас.
#ИцеБегов #ЦПЛИППоракаГевгелија #Инклузија #ЗаедноМожеме #Гевгелија

Силата на луѓето е во она што го споделуваат со другите. За нас беше чест што Роберт и Јове беа дел од нашите активности...
27/01/2026

Силата на луѓето е во она што го споделуваат со другите. За нас беше чест што Роберт и Јове беа дел од нашите активности – од подготовките за Run Together, до инклузивните планинарења каде што Јове е водич и поддршка за сите.

Вистинската инклузија се случува кога гледаме способности, одговорност и придонес.
Благодарни сме за ова заедништво и за признанието што ни беше доделено од Здружение на граѓани „Исчекор“ – Валандово.

Инклузијата се живее – не се објаснува. 💙

Фондација Ице Бегов реализираше донација на: ‍трака за трчање за Центар Мајка Тереза, иклима уред за Дневен Центар Гевге...
19/01/2026

Фондација Ице Бегов реализираше донација на: ‍трака за трчање за Центар Мајка Тереза, и
клима уред за Дневен Центар Гевгелија.

Како и во изминатите години, и оваа година продолжуваме да ги поддржуваме активностите на овие две исклучително важни установи, кои секојдневно обезбедуваат грижа, поддршка и достоинствени услови за лицата на кои им се најпотребни.

Оваа донација е дел од нашата трајна заложба за подобрување на условите за рехабилитација, здравје и грижата на лицата со попреченост, затоа што поддршката за нив е континуирана обврска.

🙏 Продолжуваме со срце, одговорност и солидарност, за поинклузивна заедница.

Драги донатори, соработници, пријатели и волонтери на Фондација Ице Бегов,На крајот од оваа година, со благодарност и по...
30/12/2025

Драги донатори, соработници, пријатели и волонтери на Фондација Ице Бегов,

На крајот од оваа година, со благодарност и почит, сакаме да ви кажеме **благодарам**.
Благодарение на вашата поддршка, доверба и човечност, и во 2025 година заедно создававме мали, но значајни промени во животите на многу луѓе.

Секоја донација, секоја подадена рака и секој заеднички чекор беа потсетник дека хуманоста живее кога сме заедно.

Во 2026 година продолжуваме со истата мисија – со повеќе емпатија, со повеќе грижа и со уште посилна верба дека заедно можеме повеќе.

Ви посакуваме **среќна, здрава и хумана 2026 година**, исполнета со топлина, солидарност и добри дела.

Со искрена благодарност,
**Фондација Ице Бегов**

Денес, Здружението на родители на деца и млади со тешко оштетување на слухот и корисници на кохлеарни импланти - Кохлеар...
27/12/2025

Денес, Здружението на родители на деца и млади со тешко оштетување на слухот и корисници на кохлеарни импланти - Кохлеарно срце“, организираше по 6-ти пат предновогодишна забава за деца и младинци со оштетен слух. 🎄❤️

Со насмевки, смеа и искрена радост, децата уживаа во програма исполнета со аниматори, игри и посета од Дедо Мраз.

Фондацијата „Ице Бегов“ донираше едукативни материјали за 50 деца, како мал придонес за нивниот развој, учење и секојдневна поддршка. За нас, ова беше знак на почит кон нивната сила, истрајност и кон семејствата кои секојдневно се борат за подобри можности за своите деца.

Посебно сме благодарни за доделената благодарница – признание кое го примаме со голема одговорност да продолжиме да бидеме поддршка таму каде што е најпотребно.
СоSanja Igor Atanasovi

Денес ги посетивме четирите мали групни домови за живеење со поддршка во Градско и Башино Село, каде што живеат 20 лица ...
26/12/2025

Денес ги посетивме четирите мали групни домови за живеење со поддршка во Градско и Башино Село, каде што живеат 20 лица со попреченост, под водство и грижа на Zdruzenie Cerebralna Здружението за лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.

Со скромна, но искрена донација во постелнина и перници, од страна на Фондација Ице Бегов, а со поддршка на нашите долгогодишни пријатели и сојузници Електронова и Ман Електроникс, уште еднаш потсетивме дека грижата за достоинствен живот не се мери со големи гестови, туку со континуирано присуство.

Овие домови не се институции – тие се ДОМ. Место каде што секојдневието значи сигурност, рутина, топлина и чувство дека некој мисли на тебе. Потребите на луѓето кои живеат тука не се врзани само за празници, Нова година или симболични датуми. Тие постојат секој ден.

Затоа, една од нашите завршни активности за 2025 година, како и секоја година досега, беше токму ваква – тивка, човечна и насочена кон најранливите. Традиционално, во декември реализираме хуманитарни акции со една јасна порака: поддршката не смее да биде повремена, туку постојана.

Благодарност до сите што се со нас од самиот почеток и веруваат дека општеството се гради со почит, континуитет и заедништво. Daliborka Zlateva

🤍 СИТЕ ЗА МИХАЕЛА 🤍Михаела има потреба од нашата поддршка.Секој повик, секоја донација и секој споделен апел значи надеж...
25/12/2025

🤍 СИТЕ ЗА МИХАЕЛА 🤍
Михаела има потреба од нашата поддршка.
Секој повик, секоја донација и секој споделен апел значи надеж и чекор поблиску до подобро утре.
📲 Броеви за донации:
Телеком: 143 / 142
A1: 143-486
🏦 Трансакциска сметка за донации:
250-0020005883-48
Митровски Горан – Шпаркасе банка
IBAN: MK0725008008242197
SWIFT: INSBMK22
🙏Да помогнеме денес – за Михаела.

Викендот бевме дел од една навистина посебна и емотивна хуманитарна оперска гала вечер, посветена на кампањата „Заедно з...
22/12/2025

Викендот бевме дел од една навистина посебна и емотивна хуманитарна оперска гала вечер, посветена на кампањата „Заедно за нов дом“.

Од срце им честитаме на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес за посветеноста да ја започнат оваа значајна акција – проширување на капацитетите на социјалната услуга „Живеење со поддршка“, која обезбедува 24-часовна грижа за лица со попреченост.

Ова не е само проект, туку реална поддршка што значи повеќе сигурност, достоинство и мир за луѓето и нивните семејства. Поддршка што создава чувство дека не се сами.

📢 Ги повикуваме сите кои се во можност да ја поддржат кампањата:

📞 143 401 – A1
📞 143 144 – Македонски Телеком

Секоја донација е чин на човечност и чекор поблиску до нов дом и подобар живот.
Ви благодариме од срце. 🤍

20/11/2025

Почитувани,

Во прилог ја споделуваме репортажата на Сител телевизија за нашата донација во Детската клиника во Скопје.

Уште еднаш изразуваме голема благодарност до сите хумани луѓе и компании кои помогнаа, донираа и учествуваа. Посебна благодарност до Sport Life за донацијата на апаратот Билирубинометар.

Искрена благодарност и до Сител телевизија за медиумската поддршка и за пренесувањето на нашата хумана иницијатива.

Заедно правиме добро. ❤️

Address

Георги Димитров бр. 17
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Фондација ,,Ице Бегов" posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Фондација ,,Ице Бегов":

Share