11/09/2026
НОВИ ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ШЕНГЕН ЗОНАТА
ETIAS е планиран да започне во последниот квартал од 2026 година (октомври–декември 2026)
Македонските граѓани кои патуваат во земјите од Шенген зоната треба да се подготват за нова процедура – ETIAS (European Travel Information and Authorisation System).
✈️ ETIAS не е виза, туку електронско одобрение за патување кое ќе биде задолжително за граѓаните на земјите со безвизен режим, меѓу кои е и Северна Македонија.
💶 Таксата ќе изнесува 20 евра, а од плаќање ќе бидат ослободени лицата под 18 и над 70 години. Сепак, и тие ќе треба да имаат одобрена ETIAS авторизација.
📅 Одобрението ќе важи до 3 години, или до истекот на пасошот со кој е поднесена апликацијата – зависно од тоа што ќе настапи прво.
🛂 ETIAS се поврзува со пасошот и овозможува повеќекратни патувања, но не го менува правилото за краткорочен престој – и понатаму важи до 90 дена во период од 180 дена.
⚠️ ВАЖНО ЗА ПАТНИЦИТЕ
ETIAS ќе треба да се обезбеди пред патувањето. Превозниците, како авиокомпаниите и автобускиот превоз, ќе проверуваат дали патникот ги исполнува условите за патување.
Тоа значи дека без потребното одобрение може да се појави проблем уште пред качување во авион или автобус.
Аплицирањето ќе се врши електронски, со внесување лични податоци и информации од пасошот. Затоа е особено важно сите податоци да бидат внесени точно.
🔵 ETIAS И EES НЕ СЕ ИСТО
ETIAS – електронско одобрение кое се обезбедува пред патувањето.
EES – систем за дигитално евидентирање на влезот и излезот од Шенген зоната, со регистрација на податоци и биометриски информации.
И уште нешто важно: одобрениот ETIAS не гарантира автоматски влез во Шенген зоната. Конечната одлука и понатаму ја носат граничните органи.
🇪🇺 Информирајте се навреме и планирајте го вашето патување.
Национална асоцијација на туристички агенции – НАТА