Зеукстритон

Зеукстритон Здружение за екологија и унапредување на културата и спортот ЗЕУКСТРИТОН
Association for ecology and promotion of culture and sport ZEUKSTRITON

Наши претставници учествуваа т на дводневната обука за јакнење на нашите капацитети спроведена од НВО Инфоцентар. Голема...
18/12/2025

Наши претставници учествуваа т на дводневната обука за јакнење на нашите капацитети спроведена од НВО Инфоцентар. Голема благодарност до Нив за укажаната можност.

🎯 РЕЗУЛТАТИ И ПРЕПОРАКИ ОД ЈАВНАТА ДЕБАТАМинатата Среда 19.11.2025 во Ростуше одржавме јавна дебата/расправа посветена н...
26/11/2025

🎯 РЕЗУЛТАТИ И ПРЕПОРАКИ ОД ЈАВНАТА ДЕБАТА

Минатата Среда 19.11.2025 во Ростуше одржавме јавна дебата/расправа посветена на резултатите од анкетата за иднината на средношколците од Општина Маврово и Ростуше – "Дома или надвор?"
На настанот учествуваа претставници од Општината, средното и основните училишта, родители, млади и граѓани, кои заеднички ги разгледаа клучните предизвици и можни решенија.

📊 КЛУЧНИ РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТАТА:

✅ Анкетирани беа 90 лица - 45 ученици и 45 родители
✅ Покриеност на целата територија на Општина Маврово и Ростуше
✅ Временски период - една недела на активно анкетирање со стратешка распределба на анкетари
✅ Главен заклучок- најголем број од учениците одлучуваат да го продолжат своето образование надвор од општината.

💡 ГЛАВНИ МЕРКИ И ПРЕПОРАКИ ОД ДЕБАТАТА:
🔹 Воведување нов смер (профил) во Гимназијата - итна имплементација на образовна програма која подобро одговара на потребите на учениците и локалната економија.

🔹 Подобрување на образовната инфраструктура - адекватна опремување и прилагодување на кабинети во локалното средно училиште
🔹 Развој на младински политики - активно вклучување на младите во процесот на одлучување за образовниот развој
🔹 Партнерство Општина-Училишта-Родители -Бизнис активна соработка со цел да се најде најсоодветно решение
🔹 Поддршка за останување на младите - конкретни мерки за задржување на средношколците во регионот како: финансиска помош или стипендии.

Активноста е спроведена од Здружението за екологија и унапредување на културата и спортот ЗЕУКСТРИТОН и е поддржана од НВО Инфоцентар во рамките на проектот: „Здружени за активно
граѓанство“. финансиран од Европската унија.

Им Благодариме на сите учесници, родители, наставници, претставници од Општина и младите граѓани кои активно придонесоа во ова значајно собирање!🙏 Заедно можеме да ја изградиме иднината на нашите млади во нашата општина! #АктивноГраѓанство #МладинскаПолитика #ОбразованиеОдЗначение #МаврововРостуше #ЕвропскаУнија #ЛокалнаИницијатива #ГраѓанскоАнгажирање

20/11/2025

12/11/2025

Во рамките на активностите вклучени во проектот ,,Од патеката на чајот до вкусот на природата" е изготвено видео кога има за цел да ги претстави те активности од проектот со фокус на настанот ,,Еко Саем", го имаше за цел промоција и поттик на локалните земјоделци активно да се вклучат во производство и продажба на готови производи од недрвенести шумски плодови и лековити растенија.
Голема благодарност до CNVP Foundation и Prespa Ohrid Nature Trust - PONT со чија финансиска поддршка овој проект беше успешно реализиран.

Овој викенд, претставници на нашето здружение "Зеукстеитон" беа во организирана посета во градот и околината на Грамш - ...
09/11/2025

Овој викенд, претставници на нашето здружение "Зеукстеитон" беа во организирана посета во градот и околината на Грамш - Албанија. Во рамките на оваа посета, беше посетен откупниот пункт за ароматични растенија и лековити билки ,Egland Rrodhe",каде што бевме срдечно пречекани од страна на домаќините . Во рамките на оваа посета бевме запознаени со начинот на култивирањето на лаванда, перуника, начинот на собирање и организиран откуп на диво растечки растенија - црвен кантарион, смрека, шипинки, глуварче, лист од орев и др Ги проширивме нашите знаења за начинот на култивирање, како и економскиот бенефит од нивната преработка и употребна вредност. Беа споделени взаемните искуства и разменети контакти кои во иднина ќе послужат за вмрежување и понатамошна соработка, како и за начинот на остварување на додадена вредност на овие производи, што би значело многу за опстанокот во руралните средини.Оваа активност се реализира во рамките на проектот "Од патеката на чајот, до вкусот на природата" кој е финансиски поддржан од
CNVP Foundation и Prespa Ohrid Nature Trust - PONT .

Во рамките на проектот ,,Од патеката на чајот од вкусот на природата" изработен е флаер односно мини брашура со најважни...
05/11/2025

Во рамките на проектот ,,Од патеката на чајот од вкусот на природата" изработен е флаер односно мини брашура со најважните не дрвенести шумски плодови во околината на националниот парк маврово се со цел да ги информираат сите собирачи на НДШП и граѓани кои сакаат да уживаат во прекрасната флора во нашиот крај, а исто така и ги пробаат нејзините прекрасни плодови. Брошурата ќе биде за кратко достапна на нашата веб страна, каде ќе може да се спушти во PDF формат.
голема благодарност до CNVP Foundation и Prespa Ohrid Nature Trust - PONT , кои го овозможија овој проект.

Во рамките на проектот "Од патеката на чајот до вкусот на природата", е набавена и доделена земјоделска опрема на руралн...
01/09/2025

Во рамките на проектот "Од патеката на чајот до вкусот на природата", е набавена и доделена земјоделска опрема на руралните жени кои соработуваат со нашето здружение.
Со оваа активност, руралните жени добија практична опрема која ќе им помогне во нивната работа за култивирање на чај, собирање на недрвни шумски производи, билки и други земјоделски активности. Секој сет содржи колектор за боровинки, преносен фрижидер, комплет ножици, алатка за коров, садилка и заштитно одело
Оваа опрема ќе им помогне во нивното работење со што се поддржува економското зајакнување на жените во руралните средини.
Проектот е финансиски поддржан од CNVP Foundation и Prespa Ohrid Nature Trust - PONT

Денес Ростуше блесна во знак на  #ЕКОСАЕМ2025! 🎉Денешниот еко настан беше вистинско празнување на локалните богатства и ...
03/08/2025

Денес Ростуше блесна во знак на #ЕКОСАЕМ2025! 🎉

Денешниот еко настан беше вистинско празнување на локалните богатства и заедничкиот дух! 👏 6 неверојатни изложувачи ја наполнија нашата еко оаза со домашни природни чаеви, прекрасно изработени џемови од диви шумски плодови, рекански мед и уште многу други вкусни производи што ни ги разбудија сите сетила! 🍯🌿

Посебна благодарност за нашата играорна група, чии чекори одекнаа како срцето на Река – нивниот настап инспирираше и поврза генерации, а нивниот меѓународен успех ни донесе вистинска гордост!

Врвот на забавата беше одличниот диџеј сет, малата но оригинална кетеринг закуска, и убавата атмосфера што остана да се памети! 🎶🍰

Среќни и полни срца се разделивме со ветување дека следната година ќе бидеме уште побројни и покреативни! Огромна благодарност до сите изложувачи и посетители – без вас немаше да биде оваа магија!
🤝 И огромно фала до CNVP Foundation и Prespa Ohrid Nature Trust - PONT за нивната финансиска поддршка, и исто така и Општина Маврово и Ростуше за успешната соработка, зашто заедно успешно ја пишуваме оваа убава приказна!

💚 До следната еко дружба – сочувајте ја природата, градете пријателства и не се заборавајте: најголемите моменти почнуваат од заеднички мали чекори! 🌱

#ЕкоСаем2025 #Ростуше #ЗаедноСмеПојаки #ВредиДаСеПовтори #ГолемаБлагодарност

🎉Нешто НОВО во Ростуше! 🎉📅 3-ти Август | ⏰ 11:00 часот | 📍 РостушеПодгответе се за посебен ден, исполнет со традиција, е...
01/08/2025

🎉Нешто НОВО во Ростуше! 🎉
📅 3-ти Август | ⏰ 11:00 часот | 📍 Ростуше

Подгответе се за посебен ден, исполнет со традиција, еко вредности и вистински домашен вкус!

🌿 ЕКО САЕМ ВО РОСТУШЕ 🌿
✨ Во срцето на Река, сите љубители на природата и културата ќе уживаат во:

🎭 Специјален перформанс на Играорна група со автентични танци!

🥧 Уникатна можност да дегустирате традиционално реканско јадење – ПИТИ!

🛒 Домашен еко пазар со органски производи!

Не ја пропуштајте оваа прилика за забава, дружење и поддршка на локалните производи и култура!

❗ Доаѓајте со пријатели и семејство да создадеме спомени заедно!
#ЕКОСАЕМ2025 #Ростуше #Традиција #ЕкоПазар #Пити #ДомаЕНајубаво

Ве покануваме на првиот еко-саем кој ќе се одржи во Центарот на Ростуше, на 03.08.2025 година - недела, со почеток во 11...
28/07/2025

Ве покануваме на првиот еко-саем кој ќе се одржи во Центарот на Ростуше, на 03.08.2025 година - недела, со почеток во 11 часот. На саемот ќе бидат промовирани локални производители кои ќе изложат ароматични растенија, недрвни шумски производи и диво растечки растенија, мед и други производи со географско потекло од НП Маврово.
Настанот ќе биде збогатен со музичка програма и традиционални кулинарски производи. Оваа активност е во рамките на проектот: ,, Од патеката на чајот до вкусот на природата". Проектот е можност за запознавање со природните богатства што ги нуди локалната животна средина како и начин за поддршка на локалните производители.
Повелете, посетете не ..
Ве очекуваме !
Проектот е финансиски поддржан од CNVP Foundation и Prespa Ohrid Nature Trust - PONT ,а во соработка со Општина Маврово и Ростуше

Ќе ни претставува особена чест и задоволство ако и Вие бидете дел од нашиот настан што има за цел да ги поттикне локални...
19/07/2025

Ќе ни претставува особена чест и задоволство ако и Вие бидете дел од нашиот настан што има за цел да ги поттикне локалните земјоделци и останати граѓани кои се занимаваат со производство на еко производи да се промовираат ној продаден нивните производи директно на граѓаните. Оваа активност е во склоп на проектот: ,,Од патеката на чајот до вкусот на природата", а истиот е финансиски поддржан од CNVP Foundation и Prespa Ohrid Nature Trust - PONT .

Address

Rostushe
Rostusa
1254

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Зеукстритон posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Зеукстритон:

Share