Месна заедница Јанковец

Directions

Месна заедница Јанковец cooperative association

🌸 ДЕТСКИ ГЛАСОВИ 2026 🌸Седма поетска манифестацијаПочитувани,Со особена радост Ве покануваме утре на 26 септември заедно...
25/09/2026

🌸 ДЕТСКИ ГЛАСОВИ 2026 🌸
Седма поетска манифестација

Почитувани,

Со особена радост Ве покануваме утре на 26 септември заедно да го прославиме празникот на детската поезија, творештвото, дружењето и убавите пораки.

✨ ПРОГРАМА како дел од програмата на ПРЕСПАНСКИ ЈАБОЛКОБЕР 2026

🕑 14:00 часот – Дружење на поетите и менторите во преубавиот манастир „Свети Никола“ во с. Јанковец.

📖 Книжевна работилница Лили Арсова; Промоција на сликовницата за деца „Ива и Џуле“
Автор: Вера М. Самарјанин
Промотор: Виолета Ристевска

🌸 „Цветна штафета на мирот“ од почитуваниот г. Живко Поповски – Цветин.

🕓 16:00 часот – Почеток на манифестацијата во спортската сала „Зоран Стојановски“ во Ресен.

📚 Промоција на стихозбирката „Детски гласови 2026“

🎤 Литературно читање – децата учесници ќе ги претстават своите творби.

🏆 Доделување на збирки, пофалници и награди

🎂 Прослава на седмиот роденден на Здружението „ЖАР ПРЕСПА“ – Ресен, со музички и танцови точки.

🕠 17:30 часот – Завршување на настанот.

💗 Влезот е слободен!

Повелете да бидеме заедно, да ги поддржиме детските гласови и заедно да создадеме уште еден ден исполнет со поезија, детска радост, творештво, мир и љубов кон културата.

🌸 Повелете – заедно да го направиме овој ден посебен! 💕

ЗДРУЖЕНИЕ „ЖАР ПРЕСПА“ – РЕСЕН
Седум години создавање, поврзување и оставање трага во културата. ❤️

Горди сме на нашиот Наум .......
25/09/2026

Горди сме на нашиот Наум .......

Berufserfahrung: Christliches Klinikum Paderborn · Ausbildung: Ss. Cyril and Methodius University Skopje · Ort: Bad Lippspringe · 500+ Kontakte auf LinkedIn. Sehen Sie sich das Profil von Naum Geshtakovski Naum Geshtakovski auf LinkedIn, einer professionellen Community mit mehr als 1 Milliarde Mi...

Прекрасен ден за нашиот Јанковец, како и секогаш кога сме заедно! ❤️И овојпат се собравме, заеднички и со добра волја, д...
22/08/2026

Прекрасен ден за нашиот Јанковец, како и секогаш кога сме заедно! ❤️

И овојпат се собравме, заеднички и со добра волја, да го дотераме манастирот и неговата околина за претстојниот празник. 🙏

Голема благодарност до сите кои помогнаа и дадоа свој придонес:

🙏 Тихи Милутиновиќ Константин Начевски
🙏 Ресторан Вито
🙏 Месара Стево
🙏 Симе Еленчевски – Clean Carpet
🙏 Бутик CODE
🙏 Биљана Цаловска
🙏 Делишес Комерц
🙏 Гого Б’цот
🙏 Зоран Брич
🙏 Членовите на Месната заедница

Благодарност до сите што одвоија време, вложија труд и помогнаа Јанковец и нашиот манастир да изгледаат достојно за празникот.

Кога сме заедно, можеме многу! ❤️
Да ни е честит и за многу години празникот! 🙏⛪

Јанковец – заедно, како и секогаш! ❤️

ПОВИК - АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ И УРЕДУВАЊЕ🙏 За престојниот празник Успение на Пресвета Богородица организираме акција за чист...
18/08/2026

ПОВИК - АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ И УРЕДУВАЊЕ

🙏 За престојниот празник Успение на Пресвета Богородица организираме акција за чистење, косење и уредување на манастирскиот простор.

📅 Сабота 22.08.2026
⏰ 08:00 часот
локација - пред портите на манастирот

Потребни се:
🌿 косачки и тримери
🚜 тракторски косачки и мулчери
🚜 тракторски приколки за гранки
🪚 моторни пили
🧹 гребала
🛠️ и друга опрема за чистење и уредување

Да се собереме што повеќе и со заеднички сили да го средиме манастирскиот простор, достојно да го дочекаме големиот празник.

❤️ Секој кој може да помогне – со опрема, со работа или со своето присуство – е добредојден.

Заедно за нашиот манастир! 🙏

⚽🏆 ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ – ЈАНКОВЕЦ 2026! 🏆⚽Љубители на фудбалот, време е повторно за добра фудбалска атмосфера во Јанков...
17/08/2026

⚽🏆 ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ – ЈАНКОВЕЦ 2026! 🏆⚽
Љубители на фудбалот, време е повторно за добра фудбалска атмосфера во Јанковец! 🔥

📅 Почеток: 23 август
🏆 ФИНАЛЕ: 28 август
💰 Котизација: 3.000 денари по екипа
📞 Пријавување: 078/899-996
👤 Контакт: Дејан Ѓуро

Соберете ја екипата, пријавете се и бидете дел од турнирот! ⚽Очекуваме многу екипи, добра игра, спортски дух и уште подобра атмосфера! ⚽
📢 Пријавете ја вашата екипа навреме!

📢 Важна информација за жителите на ЈанковецВо Општинската организација на Црвен крст – Ресен започна со работа социјални...
07/08/2026

📢 Важна информација за жителите на Јанковец

Во Општинската организација на Црвен крст – Ресен започна со работа социјалниот сервис „Помош и нега во домот“.

Услугата е наменета за немоќни лица на кои им е потребна помош во секојдневното функционирање, а се обезбедува неговател во домашни услови.

✅ Услугата е бесплатна.

Доколку вие или некој ваш близок има потреба од ваква поддршка, информирајте се и искористете ја можноста.

🤝 Споделете ја оваа информација за да стигне до сите на кои им е потребна.

31/07/2026

Почитувани верници!
Ве покануваме во манастирот св. ИЛИЈА ЧЕШИНО
На ден 1.08 2026 на Вечерна Богослужба(петолебие) во 18:00 часот а потоа ќе се служи вечера од кумовите.
Во 19:00 часот ќе настапува реномирана музичка група
На ден 2.08 2026 на утрена летургија во 7:30 часот.
Ве покануваме и очекуваме патот е поправен и прооден за сите видови на возила.
За многу години Црковен одбор и кумовите

Додека некои без размислување валкаат, уништуваат и не се грижат за заедничкиот простор, постојат и деца кои покажуваат ...
29/07/2026

Додека некои без размислување валкаат, уништуваат и не се грижат за заедничкиот простор, постојат и деца кои покажуваат што значат одговорност, воспитување и љубов кон својата средина.

Овие мали девојчиња со своите вредни раце го исчистија целиот сутерен на училиштето. Без да бараат пофалби, покажаа дека големината на човекот не се мери со годините, туку со делата.

Ви благодариме што сте пример за сите нас. Нека вашата свест, труд и добрина бидат поттик и за другите, затоа што училиштето е наше заедничко место и сите сме должни да го чуваме.

👏 Браво, девојчиња! Вие покажавте дека иднината е во сигурни раце. ❤️

13/07/2026

🚌 БЕСПЛАТЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ОД РЕСЕН ЗА КОНЦЕРТОТ НА МИЛЕ КУЗМАНОВСКИ! 🎶

На 15.07.2026 година ќе се одржи големиот солистички концерт на Миле Кузмановски – „Ехо од Хераклеа“, во магичниот амбиент на Хераклеа, Битола, со почеток во 20:30 часот.

🎼 Публиката ќе ужива во неговите најголеми хитови во придружба на НУ Камерен оркестар – Битола, како и специјални гости кои засега остануваат изненадување.

🚌 Бесплатен автобуски превоз од Ресен📍 Поаѓање: 19:30 часот📍 Локација: пред Автобуската станица во Ресен

🎫 Продажба на карти:
Гоце – 📞 076 421 231
Цена 600 денари

Не пропуштајте вечер исполнета со врвна музика, емоции и незаборавна атмосфера!

🎶 „Ехо од Хераклеа“ – концерт кој ќе се памети!

Address

Jankovec
Resen
7310

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Месна заедница Јанковец posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share