EKO Gerila Prespa

EKO Gerila Prespa Здружение за заштита на животната средина ЕКО ГЕРИЛА ПРЕСПА - Ресен

Здружението за заштита на животната средина ЕКО ГЕРИЛА ПРЕСПА Ресен е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните вред

ности, зајакнување на меѓуетничките односи и економски развој на територијата на Р. Македонија и пошироко, а во согласност со Уставот и Законот.
Визијата на Здружението за заштита на животната средина ЕКО ГЕРИЛА ПРЕСПА Ресен е: Да ја подигнеме граѓанската свест за активно учество во процесите кои се од особена важност за подобрување на функционирањето на јавните претпријатија на ниво на Општината и вклучување на граѓаните како битен фактор за подобрување на квалитетот на животната средина во рамките на истата.
Мисијата на Здружението за заштита на животната средина ЕКО ГЕРИЛА ПРЕСПА Ресен е: да се работи на активирање на граѓаните и подигање на нивната свест дека се активни чинители на општествените промени и на придонесот кон промените за подобрување на квалитетот на животната средина и на целокупното живеење. Со својата активност членовите на Здружението за заштита на животната средина ЕКО ГЕРИЛА ПРЕСПА Ресен треба да дадат позитивен пример и насока во која треба да се движат сите граѓани, кога имаат за цел да остварат некое свое право или да побараат од локалната самоуправа остварување на нивните права, пред сѐ во областа на заштита на здравата животна средина и на унапредување на условите во кои живеат и работат.
Стратешки цели на Здружението се: мотивирање на локалното население за активно учество во промените и правило адресирање на локалните проблеми до надлежните институции.

Повелете, уште еден начин и место, каде секој со своето учество,  може да придонесе за почиста и поздрава животна средин...
27/08/2026

Повелете, уште еден начин и место, каде секој со своето учество, може да придонесе за почиста и поздрава животна средина.

Clean Macedonia — национална платформа за чиста и здрава Македонија, еколошки пријави и транспарентни резултати.

https://www.facebook.com/share/p/1Y15BfSbLQ/
24/08/2026

https://www.facebook.com/share/p/1Y15BfSbLQ/

За тоа како технологијата може да помогне во заштита на животната средина, разговараме со Андреа Соколовски од „Агримак“. Можете ли да ни кажете што е всушност „А....

18/08/2026

Два дена исполнети со забава, дружење, кампување и екоактивности привлекоа повеќе од 600 посетители на третиот „Камп фест Преспа 2026“, кој се одржа на 15 и 16 август на ....

Нека зборуваат делата!Над 600 луѓе викендот во Крани, на плажата Сончев Брег беа дел од една интерактивна содржина. Заба...
16/08/2026

Нека зборуваат делата!
Над 600 луѓе викендот во Крани, на плажата Сончев Брег беа дел од една интерактивна содржина. Забава, еко акција, кампување, вело тура🙋🍀⛺️🚲
Да ја сакаме Преспа со дела, онака како што заслужува!
Благодариме за објавата https://bitolanews.mk/2026/08/16/%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%B6%D0%B0-%D1%81%D0%BE%D0%BD%D1%87%D0%B5%D0%B2-%D0%B1%D1%80%D0%B5%D0%B3-%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%98-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B8/?fbclid=IwdGRjcATuugRjbGNrBO65k3Bkb2YFZXh0bgNhZW0CMTEAc3J0YwZhcHBfaWQMMzUwNjg1NTMxNzI4AAEeObbSn6Qd67dSkEIIrIHPITmkxI8wmVe9VB1ReD_NLmYiVA-q4c3DrFxPGCo_aem_6hEcQaS-m8sX7R1hHhOPfw

Жанета Ристевска -На помалку од 50 километри од Битола се наоѓа плажата “Сончев Брег“ во авто-кампот “Крани“, а таму, овој викенд започна „Камп Фест Преспа 2026“, на....

16/08/2026

Новата Вело тура, прогласена за отворена⛺️🚲🌳

Турата е дел од проект
"Prespa by bike“ од програмата „ЕУзаПреспа“, поддржана од Делегацијата на Европската Унија, a реализирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Ден 2 Еко Акција на дело 🍀
16/08/2026

Ден 2
Еко Акција на дело 🍀

15/08/2026

🏕️ Камп Фест Преспа 2026 🌿
📅 15 и 16 август 2026
📍 Автокамп Крани – плажа „Сончев брег“

➖➖➖➖➖➖➖➖➖➖➖➖➖➖
📣 АГЕНДА 📣

🌊 15.08.2025 (сабота) 🌊
▪️ Пристигнување на плажата и пријавување на обележан пулт од 14:00 часот;
▪️ Почеток на забавата од 19.00 часот;
Кратко отворање на настанот и објаснување на агендата;
▪️ Забавен музички дел до 24:00 часот.

🌊 16.08.2025 (недела) 🌊
▪️ Едукација и проекција на документарен филм од 09:00 часот;
▪️ Еко работна акција од 10:00 до 11:00 часот;
▪️ Промотивна еко велосипедна тура по патеката Крани–Претор од 11:00 часот;
▪️ Забава и музичка програма од 13:00 часот
➖➖➖➖➖➖➖➖➖➖➖➖➖➖

🏕️ Два дена покрај Преспанското Езеро исполнети со музика, дружење и екоакција! 🌿

Address

Gradski Trgovski Centar Br. 23
Resen
7310

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when EKO Gerila Prespa posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share