Младински Парламент ЈИР

Младински Парламент ЈИР Младински Парламент на Југоисточен регион,
прв регионален младински парламент во Македонија

19/12/2025

Во период кога младинското учество во општините е занемарено, Младинскиот Парламент на Југоисточниот регион претставува редок пример на организирана, функционал....

30/09/2025

📢 Јавен проглас за претстојните локални избори 2025: Младински центар во секоја општина!

🗣 Со овој проглас се обраќаме до сите партии и независни кандидати/ки кои ќе настапат на локалните избори со цел да се осигурa дека потребите на младите и одредбите од Законот за младинско учество и младински политики што се однесуваат на општините - нема да бидат занемарени!

❗Неопходно е:
✅ Отворање младински центар во секоја општина;
✅ Редовна финансиска поддршка за нивно функционирање
✅ Почитување на правата и достоинството на младинските работници.

🔗 Целиот проглас е достапен на следниот линк: https://smr.org.mk/2025/09/27/proglas-mladinski-centar-vo-sekoja-opshtina/

#младинскицентарвосекојаопштина

Денес, заедно со учениците од ОУ „Гоце Делчев“ – Конче и нивните наставници, ја спроведовме нашата младинска иницијатива...
25/09/2025

Денес, заедно со учениците од ОУ „Гоце Делчев“ – Конче и нивните наставници, ја спроведовме нашата младинска иницијатива „Есенска Еко-Акција“. 👦👧🌱

Нашите најмлади од Конче заедно со наставниците покажаа дека љубовта кон природата се учи од најмали нозе.💚

👏 Огромна благодарност до учениците, наставниците и сите кои се приклучија на „Есенска Еко-Акција“ во Конче. Заедно создадовме почиста и поубава средина! 🌿

Оваа иницијатива е дел од проектот „Регионален младински парламент“, спроведуван од Здружението ѐ GKC KREA во партнерство со ЦЕЛОР - ЦЕНТАР ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ / CELOR- Center for Local Development а со поддршка од Европската Унија преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар - фаза 2"

🌱 Биди дел од „Есенска Еко-Акција“ во Конче! 🌱На 25 септември 2025 (четврток) во 12:00 часот, во дворот на ОУ „Гоце Делч...
22/09/2025

🌱 Биди дел од „Есенска Еко-Акција“ во Конче! 🌱

На 25 септември 2025 (четврток) во 12:00 часот, во дворот на ОУ „Гоце Делчев“ – Конче, ќе се спроведе младинската иницијатива „Есенска Еко-Акција“.

Ќе чистиме загадени делови во с. Конче и училишниот двор заедно со учениците и сите заинтересирани жители.
Да покажеме дека грижата за нашата околина е заедничка одговорност! 💚

📅 Датум: 25.09.2025 часот
🕛 Време: 12:00 часот
📍 Локација: Дворот на ОУ „Гоце Делчев“ – Конче

Заедно за почисто секојдневие! 🌳✨

19/09/2025

Денеска како дел од одбележувањето на „Европската недела на мобилност“,се одржа велосипедско дефиле кое е произлезена како младинска иницијатива „Вело енерџи-Р....

🚴‍♀️ Младинска енергија во движење! 🌱Денес во Радовиш успешно ја реализиравме младинската иницијатива „Вело Енерџи – Рад...
19/09/2025

🚴‍♀️ Младинска енергија во движење! 🌱
Денес во Радовиш успешно ја реализиравме младинската иницијатива „Вело Енерџи – Радовиш во движење“ во рамки на проектот „Регионален младински парламент“. Заедно со младите, наставниците и граѓаните испративме силна порака за поздрав и почист град и промоција на здрави, одржливи начини на транспорт. 💚
#МладинскаИницијатива #ВелоЕнерџи #РадовишВоДвижење

Оваа иницијатива е дел од проектот „Регионален младински парламент“, спроведуван од Здружението ѐ GKC KREA во партнерство со Здружението ЦЕЛОР - ЦЕНТАР ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ / CELOR- Center for Local Development а со поддршка од Европската Унија преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар - фаза 2"

🌱♻️ Заедно направивме разлика! ♻️🌱Денес младите од Богданци, Гевгелија и Дојран се обединија на младинската иницијатива ...
17/09/2025

🌱♻️ Заедно направивме разлика! ♻️🌱

Денес младите од Богданци, Гевгелија и Дојран се обединија на младинската иницијатива „ЕКО-ДЕН“ и ја покажаа својата еколошка свест и одговорност. 💚

📍 Исчистивме делови од главната улица, паркот и јавните простори во Богданци – создадовме почиста и поубава средина за сите нас.
🤝 Ви благодариме на сите учесници, ученици, наставници и жители кои се приклучија и дадоа свој придонес!
#ЕКОДЕН #МладинскаИницијатива #БогданциПочистГрад

Оваа иницијатива е дел од проектот „Регионален младински парламент“, спроведуван од Здружението ѐ GKC KREA во партнерство со Здружението ЦЕЛОР - ЦЕНТАР ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ / CELOR- Center for Local Development а со поддршка од Европската Унија преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар - фаза 2"

🚴‍♀️✨ Време е за движење, дружење и енергија! ✨🚴‍♂️На 19 септември (петок) во 12:00 часот, од плоштадот „Св. Спасо Радов...
15/09/2025

🚴‍♀️✨ Време е за движење, дружење и енергија! ✨🚴‍♂️

На 19 септември (петок) во 12:00 часот, од плоштадот „Св. Спасо Радовишки“, започнува нашето ВЕЛО-ЕНЕРЏИ дефиле низ улиците на Радовиш во рамки на Европската недела на мобилност. 🌍💚

Ајде заедно да покажеме дека велосипедот не е само превоз – тој е стил на живот, здравје, дружење и позитивна енергија! 🚲

👉 Секој учесник потребно е да си донесе свој велосипед и заштитна опрема (кацига, ракавици – според желба).

Ќе возиме низ централното градско подрачје и ќе извлекуваме мотивирачки пораки – за потсетник дека промената почнува од нас! 🌱
Доаѓај со насмевка, дружење и тркала во движење! 🌀

#РадовишвоДвижење
#ЕвропскаНеделаНаМобилност
Оваа иницијатива е дел од проектот „Регионален младински парламент“, спроведуван од Здружението ГКЦ КРЕА во партнерство со Здружението ЦЕЛОР - ЦЕНТАР ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ а со поддршка од Европската Унија преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар.

🌱♻️ Се ближи големата еко-акција во Богданци! ♻️🌱Дојди и стани дел од младинската иницијатива „ЕКО-ДЕН“ – заедно да ја н...
15/09/2025

🌱♻️ Се ближи големата еко-акција во Богданци! ♻️🌱

Дојди и стани дел од младинската иницијатива „ЕКО-ДЕН“ – заедно да ја направиме нашата општина почиста и поубава! 💚

📍 Старт: Двор на СОУ „Богданци“
📅 Датум: 17.09.2025 (среда)
🕐 Време: 13:00 часот

👫 Младите, учениците, граѓаните – сите сме поканети да ја исчистиме главната улица, паркот и јавните површини.
🤝 Заедно даваме пример за одговорност и грижа кон нашата животна средина.

📣 Сподели ја оваа објава, повикај ги твоите пријатели и дојдете да се дружиме, работиме и да оставиме позитивен траг!

#ЕКОДЕН #МладинскаИницијатива #БогданциПочистГрад
Оваа иницијатива е дел од проектот „Регионален младински парламент“, спроведуван од Здружението ГКЦ КРЕА во партнерство со Здружението ЦЕЛОР - ЦЕНТАР ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ а со поддршка од Европската Унија преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар.

📸 Прв Регионален Младински Парламент – Струмица 10.09.2025👥Млади претставници и одговорни лица од општините во Југоисточ...
10/09/2025

📸 Прв Регионален Младински Парламент
– Струмица 10.09.2025

👥Млади претставници и одговорни лица од општините во Југоисточниот регион.
💡 Учесниците:
✨ презентираа иницијативи
🗣️ дебатираа за младински политики
🤝 разменија идеи
📑 креираа заеднички препораки
🎯 Сето ова со цел ➡️ подобрување на состојбата на младите во регионот!

🌐Настанот се реализира во рамки на проектот „Регионален Младински Парламент“ кој го спроведува Здружението GKC KREA – Радовиш во партнерство со ЦЕЛОР - ЦЕНТАР ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ / CELOR- Center for Local Development, како дел од програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“ финансирана од Европската Унија.

Ви пренесуваме дел од атмосферата преку овие фотографии 👇

🌟 Денес во NEXUS Центар – Радовиш ја реализиравме третата Работилница во рамки на проектот „Регионален младински парламе...
27/08/2025

🌟 Денес во NEXUS Центар – Радовиш ја реализиравме третата Работилница во рамки на проектот „Регионален младински парламент“.
Младите од Радовиш преку дискусии, тимска работа и креативни активности идентификуваа предизвици од заедницата и развија конкретни идеи за нови младински иницијативи. 💡🙌

Ова е само уште еден чекор кон градење посилна младинска мрежа и погласен младински глас во нашиот регион. 💙
Проектот го спроведува Здружението GKC KREA – Радовиш во партнерство со ЦЕЛОР - ЦЕНТАР ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ / CELOR- Center for Local Development, а со поддршка од Европската Унија преку програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“ 🇪🇺

Address

Radovis

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Младински Парламент ЈИР posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share