03/11/2025
Голема благодарност до сите кои го поддржаа и го збогатија овој меморијал. Вашето присуство, вашата енергија и вашата искрена почит кон ликот и делото на Зоки го направија овој ден да биде посебен и достоен.
За сите нас, ова не беше само обичен настан. Ова беше заеднички момент кога повторно се спојуваат патеките, врвовите и сеќавањата. Кога планината и карпата не обедини како што многу пати досега не обединуваше него и нас.
Чест ни е што сите клубови, најголеми, најмали, најискусни и најмлади, застанаа еден до друг и ја донесоа таа убавина на заедништво.
Нека оваа традиција продолжи, нека оваа почит биде поттик за сите нас дека луѓето кои ги сакаме и ги цениме продолжуваат да живеат преку нашите чекори во планината и карпите, преку нашите искачувања и преку нашето другарство. Благодариме од срце за се што вложивте и што дадовте за меморијалот да биде достоинствен и незаборавен.
ПК „Бел Камен“ - Радовиш, ВелоЛисец - Радовиш, Astibo Climbing, Алпинистички клуб Скопје, Алпинистички клуб 8 - АК 8, Sport climbing club Zlatovrv Спортско качувачки клуб "Златоврв", П.К. "Љуботен" - Тетово, Boulder - Menada, пријателите од Република Бугарија-Петрич и сите останати качувачи, вљубеници на планината и природата !
Посебна благодарност до сите кои беа во позадина и ни помогнаа овој меморијал да биде организиран и достоинствен. Вашата поддршка многу значеше. Благодариме од срце.
Green's restaurant, Фурна Марфи-Величко, BONSAI-Radovis, нашите соседи Тони и Весна и домарот на Манастир Свети Пантелејмон, с. Брест