07/05/2026
📢 ЈАВЕН ПОВИК ЗА НАБАВКА НА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА МЕХАНИЗАЦИЈА
ЛАГ ПЛАЧКОВИЦА објавува отворен повик за доставување понуди за доделување на договор за набавка на стоки.
🔹 Предмет на набавка: „Набавка и испорака на специјализирана механизација за превенција од пожари на ниво на предел и помошна теренска опрема“
🗓 Клучни датуми:
Краен рок за прашања: до 12.05.2026 година.
Краен рок за доставување понуди: 16.05.2026 година, до 16:00 часот.
📩 Начин на аплицирање:
Понудите се доставуваат во електронска форма на е-пошта: [email protected] на начин опишан во тендерската документација.
💰 Финансиски дел: Понудите треба да бидат изразени во МКД (без ДДВ).
📄 Тендерска документација:
Целосната документација, техничките спецификации и критериумите за евалуација се достапни на следниот линк:
🔗 http://plackovica.lag.mk/
🌍 Оваа набавка е дел од проектот „Зајакнување на капацитетите за подобрена отпорност во управувањето со пожари“, поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).