Младински Центар Пробиштип / Youth Center Probishtip

Младински Центар Пробиштип / Youth Center Probishtip Младинскиот центар е достапен и безбеден простор за личен и социјален развој на младите.

✨Во саботата славевме 3 години Младински центар Пробиштип – 3 години простор за младите во нашата заедница ✨Првпат во ов...
31/12/2025

✨Во саботата славевме 3 години Младински центар Пробиштип – 3 години простор за младите во нашата заедница ✨

Првпат во овие години, најголемиот дел од публиката беа луѓе токму од нашата заедница – пријатели, млади, поддржувачи, лица што веруваат дека младите заслужуваат да бидат видени и слушнати. И тоа ни значи повеќе отколку што може да се напише со зборови.

Зборувавме за важноста на младинската работа и професијата младински работник, за искуствата на младите со младинскиот центар, славевме, дувавме свеќички и искрено – ептен убаво си поминавме. 🧡 Чувството дека оваа приказна расте ни дава надеж дека многу скоро ќе ни треба уште поголема сала за сите што сакаат да бидат дел од неа.

🫶Крајот на оваа година го означува и завршувањето на договорот на GRIT/ГРИТ за управување со младинскиот центар, но уште повеќе сме возбудени да видиме што следно нè очекува и како оваа приказна ќе продолжи да се развива.

🎄Со оваа објава сакаме да ви честитаме и среќна Нова година 🎉 – година во која влегуваме полни со благодарност, возбуда и надеж.

Голема благодарност до сите што дојдоа, што нè поддржуваат и што веруваат во младите 🤍
Се надеваме и веруваме дека во следните години уште повеќе млади ќе се приклучат и ќе ја градат оваа приказна заедно со нас.💫

Новогодишен базар!!!✨Со големо задоволство бевме дел од новогодишниот базар и уживавме во секој момент — дружењето, креа...
30/12/2025

Новогодишен базар!!!✨
Со големо задоволство бевме дел од новогодишниот базар и уживавме во секој момент — дружењето, креативноста и празничната атмосфера.

Ви благодариме на сите што не посетивте и ја споделивте радоста со нас! 🎄💫

29/12/2025

🎄✨ НОВОГОДИШЕН ХЕПЕНИНГ И НОВОГОДИШЕН БАЗАР ВО ПРОБИШТИП ✨🎄
Општина Пробиштип ги поканува сите жители и посетители да бидат дел од празничната новгодишна магија!

📅 29.12.2025 година
🕔 Почеток: 17:00 часот
📍 Градски плоштад „Св. Гаврил Лесновски“ – Пробиштип

🎶 ПРОГРАМА:
🎁 Новогодишна претстава за деца „Новогодишни подароци“
🎧 DJ Дарио
🎄 Новогодишен базар со празнична понуда и изненадувања.

Дојдете со вашите семејства и пријатели да ја споделиме празничната радост, музиката и новогодишниот дух!
✨ Ве очекуваме! ✨

29/12/2025
⭐️Recap⭐️ на работилницата за декорирање на новогодишни колачи.🎄🎅🤶
26/12/2025

⭐️Recap⭐️ на работилницата за декорирање на новогодишни колачи.🎄🎅🤶

♻️ На 23.12 на работилницата за рециклирање хартија учевме како од стара хартија може да се направи нова!Со малку труд, ...
24/12/2025

♻️ На 23.12 на работилницата за рециклирање хартија учевме како од стара хартија може да се направи нова!
Со малку труд, трпение и креативност, научивме колку е важно да рециклираме и да ја чуваме природата. 🌿

Користевме стара искористена хартија од малдинскиот центар и ја претворивме во нова.🍀
Мал чекор за нас — голем чекор за планетата! 💚

23/12/2025
🎄🍪 Работилница за изработка на новогодишни колачиња 🍪🎄📅 Четврток, 25 декември⏰ 17:00 часотДали уживаш во правење колачи ...
22/12/2025

🎄🍪 Работилница за изработка на новогодишни колачиња 🍪🎄
📅 Четврток, 25 декември
⏰ 17:00 часот

Дали уживаш во правење колачи и размислуваш како твоето хоби може да стане бизнис? 👩‍🍳👨‍🍳

Придружи ни се на оваа работилница водена од страна на Оливера Ефремовска, каде ќе учиме како да украсуваме новогодишни колачиња.🎁✨

👥 Возраст: 14–18 години
📝 Пријавување до: среда, 24 декември во 16:00 часот

📩 Пријави се во инбокс на нашиот инстаграм или фејсбук профил
📞 или јави се на 072 608 034 (Мартина).

Се гледамеее!!!🤍

♻️ Работилница за рециклирање хартија Дали знаеш дека старата хартија може да добие сосема нов живот?Придружи ни се на к...
19/12/2025

♻️ Работилница за рециклирање хартија

Дали знаеш дека старата хартија може да добие сосема нов живот?
Придружи ни се на креативна и едукативна работилница каде заедно ќе учиме како да рециклираме и создадеме нова хартија со свои раце.✂️📄

🗓 Вторник, 23 декември
🕐 13:00 часот
📍 Младински Центар Пробиштип

📩 Пријавување преку DM на нашата Instagram страна
📞 или пријавете се на 072608034

Доклку сакаш да дознаеш што ќе креираме со рециклираната хартија дојди на работилницата!!!🤫

Се гледаме!!!♻️

🎅🎁 Последен English Club за оваа година – Secret Santa!На 18.12 го одржавме нашиот последен English Club за оваа година ...
19/12/2025

🎅🎁 Последен English Club за оваа година – Secret Santa!

На 18.12 го одржавме нашиот последен English Club за оваа година во Пробиштип, игравме Secret Santa🎄
Членовите тајно купија подарок за некој друг, а потоа се обидуваа да погодат кој им бил Secret Santa. 🎁👀

По размената на подароци, ја покажавме нашата креативност со правење шекерни куќички.🍭🍫

💙 Голема благодарност до сите членови на English Club кои беа дел од прекрасните активности оваа година и за сите убави спомени што ги создадовме заедно! ✨

Се гледаме!!!🤍

💗Ти благодариме, Kerrymay, што беше толку прекрасен дел од нашето патување. 🫶🏻Твојата енергија, љубезност и позитивен ду...
18/12/2025

💗Ти благодариме, Kerrymay, што беше толку прекрасен дел од нашето патување.

🫶🏻Твојата енергија, љубезност и позитивен дух навистина направија разлика и многу сме благодарни за сите моменти што ги споделивме заедно.

Ти посакуваме многу среќа, успех и нови авантури понатаму.✨

Среќен пат и благодариме за сè!🤍

✨ English Club – Злетово (Recap) 🌍На 16.12 беше нашата последна средба на English Club во Злетово за оваа година. Зборув...
18/12/2025

✨ English Club – Злетово (Recap) 🌍

На 16.12 беше нашата последна средба на English Club во Злетово за оваа година. Зборувавме за празничните традиции во земјите каде што се зборува англиски, а учесниците имаа можност да дизајнираат и презентираат постери за Америка, Австралија, Канада и Ирска. 🎄🎉

За крај, членовите на клубот потпишаа македонско знаме кое Kerrymay ќе го понесе со себе назад во Ирска како мал сувенир🇮🇪.

Голема благодарност до сите кои беа дел на English Club во Злетово💙

Address

Младински Центар Пробиштип
Probistip
2210

Opening Hours

Monday 12:00 - 20:00
Tuesday 12:00 - 20:00
Wednesday 12:00 - 20:00
Thursday 12:00 - 20:00
Friday 12:00 - 20:00
Saturday 12:00 - 18:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Младински Центар Пробиштип / Youth Center Probishtip posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Младински Центар Пробиштип / Youth Center Probishtip:

Share