29/05/2023
На првиот одржан ПБХ Самит од 23-26 Мај во Единбург беше присутна нашата претставничка Билјана Мирческа, на кој за прв пат беа присутни истовремено претставници од лекарската фела, фармацевтските компании и организации на пациентите. Голема е честа на ваков настан да имаме претставник од нашата земја каде што може да се разменуваат искуства со земји од целиот свет, и да ги дознаеме најновите истражувања од страна на фармацевтските компании не само за терапија за ПБХ туку и за останатите потреби кои пациентите ги имаат. Огромна благодарност до PBC Foundation , Robert Mitchell-Thain и целата организација на настанот. Нашата работа започнува сега!