28/02/2026
Понекогаш, вистинските промени започнуваат со еден чекор.
Кај , тој чекор не води само нагоре кон планинските врвови, но и подалеку од нив: кон училници, деца и нови можности.🌱🌱🌱
👉🏻 Како меѓународна иницијатива која верува дека физичките предизвици можат да создадат општествено влијание - нивната визија е едноставна, но моќна: 10 планини – 10 училишта – 1.000.000 долари за образование. 💥
⛰️ Приказната започнува во 2019 година со искачување на планината Килиманџаро во Танзанија. Тоа не беше само спортски предизвик, туку прва храбра акција со јасна цел – да се соберат средства за училиште во Наироби, Кенија.
Преку оваа експедиција беа собрани 100.000 долари, а неколку години подоцна, во 2023 година, таа визија стана реалност.
🏠 Во Наироби официјално беше отворено првото училиште на – конкретен доказ дека чекорите направени на планина можат да променат животи.🌱
⛰️⛰️ Истата година, продолжи со нов предизвик – искачување на Планината Кенија. Овојпат целта беше уште поголема: второ училиште, во Танзанија. Повторно беа собрани 100.000 долари, потврдувајќи дека проектот не е еднократна акција, туку континуирано движење.
🏠🏠 Во 2025 година, во градот Моши, Танзанија, беше отворено второто училиште, поддржано со вкупно 120.000 долари.
Со тоа, уште една заедница доби пристап до образование, а уште едно ветување беше исполнето.🌱
⛰️⛰️⛰️ Следниот чекор водеше кон , Непал. Експедицијата во 2025 година имаше за цел собирање средства за трето училиште – овојпат во една од најпредизвикувачките, но и најинспиративните земји во светот- Непал.
🏠🏠🏠 Проектот во моментов е во завршна фаза, собрани се 100.000 долари потребни за целосна реализација на третото училиште во Непал.
Зад овие бројки стојат приказни – за деца кои добиле шанса 📖, за заедници 👫👬👭кои добиле иднина и за жени♀️ кои покажале дека спортот и солидарноста можат да одат рака под рака.❤️
🚶🏻♀️🚶🏻♀️🚶🏻♀️Патувањето продолжува.
⛰️⛰️⛰️⛰️ Следниот предизвик веќе се наѕира на хоризонтот, но мисијата останува иста: секој врв да значи уште една отворена врата кон знаењето.🏠🏠🏠🏠
#бидикако