Interact Club Mirce Acev High School - Prilep

Interact Club Mirce Acev High School - Prilep Интеракт клуб е хуманитарен клуб кој преку младински активизам помага во опшеството

07/05/2026

Драги наши,
пријавите се официјално отворени!
Регистрација: https://forms.gle/raFmQANb8VuZNdQN8
(линкот е достапен на профилот)
Се гледаме во Прилеп на 14ти Јуни во 08:00ч!

Интеракт клуб Прилеп организира хуманитарен турнир во:Пикадо 1x1 (котизација 100 денари од учесник)FIFA 2x2 (котизација ...
22/04/2026

Интеракт клуб Прилеп организира хуманитарен турнир во:
Пикадо 1x1 (котизација 100 денари од учесник)
FIFA 2x2 (котизација 300 денари од тим)
Билијард 1x1 (котизација 200 денари од учесник)

Пријави за учество во DM (на нашиот Инстаграм профил).
Собраните средства ќе бидат донирани за социјални грижи.

📍 Локација: Табана Billiard Coffee
📅 Датум: 26.4.2026 (недела)
⏰ Време: 10:00

Со голема чест и благодарност објавуваме дека нашиот Интеракт клуб доби Третоноемвриска награда! Ова признание е потврда...
04/11/2025

Со голема чест и благодарност објавуваме дека нашиот Интеракт клуб доби Третоноемвриска награда!
Ова признание е потврда дека трудот, единството и посветеноста секогаш се препознаваат. Благодарност до сите што беа дел од нашиот пат и ја споделуваат оваа радост со нас! ❤️

Денес, со дечките од центрите за поддршка Ѕуница и Порака бевме во посета на фабриката Витаминка, на погонот за производ...
13/05/2025

Денес, со дечките од центрите за поддршка Ѕуница и Порака бевме во посета на фабриката Витаминка, на погонот за производство на смоки Стоби Флипс. Возбудата неизбежна, радоста и среќата неизмерни. Денес сите сме побогати за нова авантура! Голема благодарност до Витаминка!

Ииии, 10 години Интеракт клуб Прилеп🎉🥹Да се биде интерактовец, тоа е гордост. Сите средношколци, кои биле, знаат каква е...
05/05/2025

Ииии, 10 години Интеракт клуб Прилеп🎉🥹
Да се биде интерактовец, тоа е гордост. Сите средношколци, кои биле, знаат каква е дружбата меѓу членовите, и дружбата на сите настани. И дефинитивно, дружбата е главниот виновник за 10 годишното постоење. До секој член досега, благодарам за посветеноста, благодарам за истрајност, благодарам за хуманитарноста. Да не бевте вие, немаше да стигнеме до ова, гордо го кажувам тоа. Одговорноста е голема, ама да се работи во Интеракт, е задоволство. Си посакуваме уште долги години истрајност, активизам и хуманост😊 Среќен роденден Интеракт, да постоиш уште долго и да служиш на овој град!
#одчленовитенавашиотомиленклуб #Интерактовци

Декемвриски, одлучивме да организираме настан исполнет со новогодишна магија. И така, ви ја претставуваме проекцијата на...
20/12/2024

Декемвриски, одлучивме да организираме настан исполнет со новогодишна магија. И така, ви ја претставуваме проекцијата на филмот The Christmas chronicles. Таа ќе се одржи на 23.12.2024 во Понеделник, со почеток од 20часот, во киното Мис стон. Цена на карта е 150ден, а со вашето присуство ќе ја почуствувате предновогодишната магија, и воедно, на децата со посебни потреби ќе им ја разубавите Новата Година.
*Филмот е прифатлив за повеќе генерации
*Карти може да резервирате во порака, или да купите на билетара пред почеток на филмот
Ве очекуваме❤️!

На ден 11.05.2024 година, се одржа хуманитарен турнир во баскет во дворот на ООУ ,,Кире Гаврилоски-Јане”. Голема благода...
22/06/2024

На ден 11.05.2024 година, се одржа хуманитарен турнир во баскет во дворот на ООУ ,,Кире Гаврилоски-Јане”. Голема благодарност до сите учесници.
До следно видување❤️!

Ни претставува големо задоволство што присуствувавме и бевме дел од организацијата на уште еден роденден на ,,Ротари клу...
25/04/2024

Ни претставува големо задоволство што присуствувавме и бевме дел од организацијата на уште еден роденден на ,,Ротари клуб”-Прилеп. На овој роденден присуствуваа чартер претседателот на Ротари клуб Прилеп- Александар Ристески и координаторот на македонските ротари клубови Горан Митевски кои посебно внимание насочија кон работата на ,,Интеракт клуб”-Прилеп.

Ве повикуваме да бидете хумани! ❤️

На ден 18.04.2024 година, нашиот клуб ја посети градинката “Наша иднина”- Работнички. Со собраните средства од хуманитар...
25/04/2024

На ден 18.04.2024 година, нашиот клуб ја посети градинката “Наша иднина”- Работнички.
Со собраните средства од хуманитарниот натпревар во билјард, пикадо и FIFA одржан на 10.02.2024 во Табана Caffe & Billiard Club, успеавме да донираме клима и да измамиме многу насмевки.
Благодарност до .coffeeclub и учесниците на натпреварот!❤️

Изминатиот викенд (13-14.04) се одржа првата Интеракт конференција во нашата држава. Нашиот клуб заедно со Интеракт Бито...
25/04/2024

Изминатиот викенд (13-14.04) се одржа првата Интеракт конференција во нашата држава. Нашиот клуб заедно со Интеракт Битола, Кочани и Виница имаше шанса да биде дел од овој значаен настан каде што работевме на нови идеи за проекти, се забавувавме и се дружевме. Голема благодарност до Марјан Ѓоргиевски кој говореше на теми актуелни во секојдневието, како и до сите Ротаријанци кои несебично вложија труд во овој настан. Се надеваме дека и во иднина ќе има повеќе вакви дружби!❤️

На ден 16.02.2024 година се одржа хуманитарна забава во кафичот Тротоар. Сите собрани средства ќе бидат донирани во учил...
24/03/2024

На ден 16.02.2024 година се одржа хуманитарна забава во кафичот Тротоар. Сите собрани средства ќе бидат донирани во училиштата во руралните средини. Голема благодарност до сите кои присуствуваа. До следно видување❤️!

Address

Orde Kabeco 7
Prilep
7500

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Interact Club Mirce Acev High School - Prilep posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Interact Club Mirce Acev High School - Prilep:

Share