ЦЕНТАР ЗА СОВРЕМЕНА ЛИКОВНА УМЕТОСТ- ПРИЛЕП
Културата е многу важен фактор во човечкото општество, се појавува заедно со човекот и го следи како најдобар пријател низ развојот на вековите. Таа е вистинското лице на човештвото, никогаш нема да згасне, а ние преку нејзиниот напредок , успеваме да им дадеме појасна слика за нашето постоење на идните генерации. Културата го негува пос
тоењето на еден народ и ги овековечува сите оние кои што на различни начини помагаат во остварувањето на нејзината цел,а наша цел е да ви помогнеме да станете нејзини блиски пријатели.
НЕШТО ЗА НАС
Главни виновници за нашето денешно постоење се Проф. Д-р Бошко Бабиќ и академскиот сликар Проф. Ристо Лозановски и нивната идеја и желба да се внесе ликовната уметност во средината во која живееме. Идејата се раѓа есента 1956 година, за да конечно се реализира 1957 година, со формирањето на Центарот за современа ликовна уметност и во негови рамки првата ликовна манифестација во Прилеп, сега веќе една од најстарите ликовни колонии на Балканот, се развива со текот на годините за да на крај се претвори во угледна општествена организација во земјава и надвор од неа.
Колекциите на ЦСЛУ во Прилеп, овозможуваат избор на најразновидни експозиции од одбласта на сликарските и вајарските дисциплини.Творците од различни ликовни средини од земјава , Европа и другите континенти, во текот на годините за време на летните сеанси создаваат творби со кои ја збогатуваат ликовната уметност и ризницата во Прилеп. Покрај творењето за нас важна е и комуникацијата и дружењето на ликовните творци од различни културни средини и од наша страна пријателскиот одос кон уметниците и презентацијата на богатствата на Р.Македонија по кои ќе не паметат.
Ова ни дава за право да кажеме дека ликовните атељеа во овој извонреден творечки амбиент, овозможуваат експериментирања и истражувања со цел да се дојде до нешто ново, што ќе се вклучи во општите сликарски токови и ќе биде дел од светската современа ликовна уметност , придонесувајќи за тамошниот нејзин развој. Творбите од оваа ризница секогаш предизвикуваат голем интерес во јавноста.
Во текот на нашето постоење се стремиме кон зголемување на консументите на културниот производ, како и регрутирање на нови консументи меѓу младата популација, и се залагаме за целосна заштита на културните објекти.
КРАТОК ПРЕГЛЕД НА РАБОТАТА И РАЗВОЈОТ НА ЦСЛУ
Во првата 1957 година, Сликарската колонија го започнува скромно својот понатамошен пат, со присуство од тројца сликари,но во следните години нивниот број постепено се зголемува. Во првите години гостите својот престој го обавуваа во стариот прилепски хотел " Југославија ", но поради желбата да се оствари атмосвера на заеднички живот, која хотелот не ја овозможувал, во 1968 година коонијата се организира на конаците на манастирот Трескавец, недалеку од Прилеп, а од 1969 година во обновениот конак на манастирот Св. Архангел Михаил во Варош, Прилеп. Во првите три години колонијата дејстува под името Сликарска колонија, а од 1960 како Интернационална сликарска колонија. Во 1963 година по иницијатива на Проф. Д-р Бошко Бабиќ , кој во тој период е претседател на колонијата, а по завршувањето на неговиот мандат станува доживотен почесен претседател, се формира Интернационалниот скулпторски симпозиум "МЕРМЕР", а осум години подоцна во 1971 година исто така на негоа иницијатива се формира Интернационалното студио за пласика во дрво. Предлогот за името на ова студио го дава нашиот долгогодишен соработник Д-р. Борис Петковски професор на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј " -Скопје.
Оие три манифестации влегуваат во рамките на Ценатрот за современа ликовна уметност, кој до 1980 година функционира во склоп на Народниот музеј во Прилеп, а од 1980 година ЦСЛУ преминува во самостојна организација.
Во 1984 година е формирано Интернационалното атеље за склулптура во метал, по иницијатива на тогашноит секретар на ЦСЛУ - Диме Јанески (денес и раководител на ЦСЛУ). Во 2004 година е формирано Интернационалното студио за пласика во платика по иницијатива на раководителот Диме Јанески и скулпторот Предраг Јаневски. Освен овие пет манифестации кои се одржуваат секоја година, за време на летниот период , поверемено се одржуваат и Интернационално атеље за витраж, Интернационална работилница за керамика, Интернационално атеље за уметничка фотографија, Интернационално атеље за мозаик и Интернационално атеље за графика.
Колонијата до 1992 година трае три месеци, но откако е преместена во центарот на градот времетраењето е скратено на 15 дена.
Нашиот квалитет се гледа преку делата од постојаната изложба на скулптури во центарот и останатите делови на град Прилеп.
До 1998 година ЦСЛУ е општествена институција од посебен национален интерес, а по 1998 година преминува во здружение на граѓани. Во текот на нашето постоење ЦСЛУ имал учесници од : Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Босна, Австрија, Полска, Израел, САД, Белгија, Унгарија, Русија, Бугарија, Франција, Швајцарија, Англија, Норвешка, Јапонија, Романија, Германија, Шведска, Италија, Финска, Португалија, Грција, Мексико, Сенегал, Алжир, Ирак, Турција, Австралија, Куба, Аргентина, Албанија, Кипар, Кина, Малезија и Египет. До сега сме имале бројка од преку илјада учесници на колонијата.
Во посебните многубројни признанија кои ги доби ЦСЛУ за својата работа, посебно место завземаат неговите збирки кои високо се оценети во македонски и меѓународни рамки.
КАКВО Е МИСЛЕЊЕТО НА ОСТАНАТИТЕ ЗА НАС
- Симпозиумот е доста организиран.Атмосверата беше пријателска и имавме многу слобода во работата и во поглед на изборот на мермер. На овој симпозиум добив нови искуства кои што ќе ги пренесам кај моите колеги.
Џејм Ричи, скулптор, Скотска
-Ова место делуваше врз нас имресивно, пријатно е да се работи во симпозиумот и со сигурност можам да кажам дека е еден од најдобрите во Европа.
Дејвид Мур, скулптор, Скотска
- Големо задоволство и чест ми е да учествувам на најстарата колонија на Балканот. Прилеп заслужува да има ваква манифестација и да стане ликовен центар на земјава.
Кирил Ефремов, сликар од Штип, Македонија
-За мене Прилеп е бисер на Македонија , колонијата е богатство, со неа се зближуваат другите народи и култури.
Беди Ибрахим, скулптор од
Скопје,Македонија
-Овде постои еден вид творечки занес.
Касиопеја Наумовска, сликар од Скопје, Македонија
-Колонијата дава добри услови за работа, дружење и за посветување доволно внимание на инспирацијата.
Михаил Милуновиќ, сликар, Србија
-Во музиката учеството на фестивалот
Сан Ремо е престиж, во ликовната дејност тоа е Прилепската колонија.
Предраг Јаневски, скулптор, Скопје, Македонија
Подготвил
Дипломиран Историчар на уметност и археолог
Јана Јанеска Ристески