Coalition of youth organizations SEGA

Directions Website Contact the organization

Coalition of youth organizations SEGA SEGA works on developing and implementing youth policies in Macedonia as well as connecting and stren

🔥 Го формираме тимот во новиот Младински центар Карпош!Коалиција СЕГА објавува оглас за:🧭 Раководител на Младинскиот цен...
10/07/2026

🔥 Го формираме тимот во новиот Младински центар Карпош!

Коалиција СЕГА објавува оглас за:

🧭 Раководител на Младинскиот центар (1 позиција)
👥 Младински работник/чка (2 позиции)

Ако си креативен/а, сакаш да работиш со млади и да организираш настани – ова е твојата шанса! ✨

Провери го целосниот оглас, пополни ја пријавата и прикачи го твоето CV на линкот во bio

OpstinaKarpos - Општина Карпош

#МладинскиЦентар #Вработување #Карпош #СегаКоалиција

📣 НОВ МЛАДИНСКИ ПРОСТОР ЗА МЛАДИТЕ ВО ОПШТИНА КАРПОШ!🌟 Коалиција на младински организации СЕГА е официјално избрана да г...
09/07/2026

📣 НОВ МЛАДИНСКИ ПРОСТОР ЗА МЛАДИТЕ ВО ОПШТИНА КАРПОШ!

🌟 Коалиција на младински организации СЕГА е официјално избрана да го воспостави и раководи новиот Младински центар во Општина Карпош!

Ова е нов простор наменет за младите, каде што ќе можат да:
✨ развиваат свои идеи
🎨 креираат
🤝 се поврзуваат со истомисленици
🎤 организираат настани
💡 се информираат и едуцираат

Младите од Карпош конечно ќе имаат свој модерен, отворен и динамичен простор. Подготвени сме да го направиме најдобриот младински центар!

Следете нè за идни детали, настани и повици!

#МладинскиЦентарКарпош #КоалицијаСЕГА #Карпош

🎉 Објавени се резултатите од Конкурсот за Младински Културен Центар во Охрид! 🏆Коалиција СЕГА, во рамки на Програмата на...
09/07/2026

🎉 Објавени се резултатите од Конкурсот за Младински Културен Центар во Охрид! 🏆

Коалиција СЕГА, во рамки на Програмата на Младински Центар Охрид 2025–2026, финансирана од Општина Охрид со задоволство ги објавува најдобрите идејни архитектонски решенија за реконструкција и адаптација на поранешната менза во Касарна „Михајло Апостолски“ во современ, функционален и инклузивен Младински Културен Центар!

🥇 Прва награда (220.000 денари)
Автори: Дарко Христов и Тамара Џерков (со соработници: Анастасија Ташковиќ, Симона Радичевска и Горазд Коцев)
🥈 Втора награда (120.000 денари)
Автори: Марија Милошевска и Бојана Исијанин
🥉 Трета награда (60.000 денари)
Автори: Јована Нецева, Бранкица Митевска и Марија Трајковска

Конкурсот покажа огромен интерес од архитекти и студенти низ целата земја – уште една потврда дека младите во Охрид и регионот го заслужуваат својот модерен културен простор!

Избраното решение ќе послужи како основа за натамошна реализација и ќе стане нов културен симбол на Охрид – место за млади, уметност, култура и заедница.

Промоција на трудовите и доделување на наградите – август 2026, во рамки на Недела на Млади и Меѓународниот ден на младите! 🎨✨

Благодариме на сите учесници за креативните идеи! 💙

🌍 ЛЕТНО ВОЛОНТИРАЊЕ ВО ГРЦИЈА ПРЕКУ ЕВРОПСКИ СОЛИДАРЕН КОРПУС! 🇬🇷🌱Сакаш да патуваш, ја сакаш природата и да се дружиш со...
03/07/2026

🌍 ЛЕТНО ВОЛОНТИРАЊЕ ВО ГРЦИЈА ПРЕКУ ЕВРОПСКИ СОЛИДАРЕН КОРПУС! 🇬🇷🌱

Сакаш да патуваш, ја сакаш природата и да се дружиш со млади од цела Европа? Приклучи се на тимот на „YOU COMPOSE“! 💚

📅 Кога: 13 јули – 31 август 2026 (50 дена)
📍 Каде: Арнеа и Стратони, Грција
💶 Трошоци: 100% покриени (пат, сместување, храна и џепарлак) преку програмата Европскиот солидарен корпус!

Твојата мисија:
✅ Правење станици за компостирање и еко-акции (чистење плажи!) 🌊
✅ Организирање летни забавни активности за деца 🎨
✅ Креирање дигитална содржина и подготовка на настан за 12 Август, Денот на младите! 📱

🙋 За кого: Млади од 18 до 30 години

🚀 Не ја пропуштај оваа шанса за незаборавно солидарно лето!

👉 Аплицирај на линкот во био

⏳ Рок за пријавување: 07.07.2026

📩 За повеќе инфо, пиши ни во инбокс!

☀️ Летото е создадено за нови искуства, дружење и незаборавни моменти!🎨 Те покануваме да бидеш дел од нашата Летна Забав...
03/07/2026

☀️ Летото е создадено за нови искуства, дружење и незаборавни моменти!

🎨 Те покануваме да бидеш дел од нашата Летна Забавна Школа – место каде што креативноста, играта и забавата се спојуваат во едно!

👧👦 Програмата е наменета за деца од 8 до 15 години, кои сакаат активно да го поминат летниот распуст, да стекнат нови пријателства, да научат нови вештини и да уживаат во интересни активности.

📅 Точните термини и распоредот на работилниците ќе бидат договорени со сите пријавени учесници.

Во програмата ве очекуваат:
🎨 Креативни ликовни работилници
⚽ Спортски игри и забавни натпревари
🤝 Тимски активности и дружење
🌟 Можност за развивање на таленти, креативност и самодоверба

📍 Локација: Канцеларија на Коалиција СЕГА (Прилеп)

💙 Учеството е бесплатно!

📩 Пријавете се на формулатот во bio, најдоцна до 17.07.2026

Ве очекуваме заедно да создадеме лето исполнето со насмевки, креативност и убави спомени!

👫Тимот на СЕГА помина 5 инспиративни денови  истражувајќи ги реалностите на младинската работа во Солун, Грција преку ре...
22/06/2026

👫Тимот на СЕГА помина 5 инспиративни денови истражувајќи ги реалностите на младинската работа во Солун, Грција преку реализација на студиската посета "GROW – Exploring realities of Youth work in Greece" 🌱
Голема благодарност до нашите домаќини United Societies of Balkans за одличната организација и сесиите посветени на градење нови Еразмус+ партнерства за идни проекти. 🤝
🧐Во текот на посетата посетивме одлични локални и национални младински организации: Infinity, Balkan Heart, InContact, Aristotales, UNESCO Youth Club, Iasis, Odyssea, Action AID, USB, loesje Thessaloniki и др. 🏢
🤓Истражувавме за модели на младинска работа, младинско учество и младински центри, дигитални вештини, социјална инклузија, ментално здравје, неформално образование и вработливост кај младите.
🎯Активноста е дел од акредитацијата на Коалиција СЕГА (Project Reference No: 2025-1-MK01-KA151-YOU-000298051) поддржана од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Студиската посета се реализираше во периодот од 15-20 јуни, 2026 година.

👇 Отворен повик за учесници за онлајн хакатон на тема „Информациите што ме одминуваат - Далеку од центарот, уште подалек...
22/06/2026

👇 Отворен повик за учесници за онлајн хакатон на тема „Информациите што ме одминуваат - Далеку од центарот, уште подалеку од Европа!“🌍✨

Заедно ќе ги идентификуваме проблемите и ќе бараме решенија за:
🏙️ vs 🏡 Како да го намалиме јазот на информации меѓу градот и помалите/рурални места?
✈️🇪🇺 Како до бесплатен пристап до Еразмус+, волонтирање и патување низ Европа?
📱🛑 Како да препознаеш лажни вести на социјалните мрежи?
🗣️✊ Како твојот глас конечно да се слушне таму каде што се носат одлуките?

📅 Кога? 25 и 26 јуни
⏰ Време? 16:30 – 19:00 часот (за двата дена)
💻 Каде? Онлајн

Не дозволувај вистинските информации повторно да те одминат. 🚀

🔗 Линк за пријавување има во bio

#Млади #МладинскоУчество #Хакатон

📢 Коалиција СЕГА го одржа Годишното собрание за 2026 година✨ Во позитивна и конструктивна работна атмосфера, на 10 јуни ...
11/06/2026

📢 Коалиција СЕГА го одржа Годишното собрание за 2026 година

✨ Во позитивна и конструктивна работна атмосфера, на 10 јуни во Скопје, се одржа редовното Годишно собрание на Коалицијата на младински организации СЕГА. На состанокот, организациите членки ги усвоија програмскиот и финансискиот извештај за 2025 година 📊, а беа презентирани и тековните проекти и активности што СЕГА ги реализира.

🎯 Посебен фокус беше ставен на идните приоритети и развојни насоки на Коалицијата. Во соработка со организациите членки беа разработени стратешки позиции и препораки во областите на младинската работа, младинските политики, образованието и вработувањето на младите , како и за понатамошен развој и зајакнување на членството. Овие насоки ќе претставуваат основа за дејствувањето на СЕГА во претстојниот период.

🌟 Дополнителна вредност на Собранието дадоа инспиративните излагања на нашите партнери – Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Мрежата на Ана Линд Фондација, кои ги претставија актуелните можности за поддршка и соработка преку своите програми.

📝 Заклучоците и дискусиите од Собранието претставуваат силна основа за понатамошно унапредување на активностите на СЕГА и заедничко застапување за подобри можности и услови за младите.

Address

Car Samoil 18
Prilep
7500

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Coalition of youth organizations SEGA posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Coalition of youth organizations SEGA:

Share