Чекоштина урбан

Чекоштина урбан Сопствениците и корисниците на недвижен имот во месно?

15/04/2026

Според заклучоците на УО на здружението, денес го испративме следниот допис до локалните власти:
ЗДРУЖЕНИЕ ЧЕКОШТИНА УРБАН, Охрид

До Градоначалникот на Општина Охрид
Советот на Општина Охрид
Почитувани,
На неодамна одржаното Годишно изборно собрание, членовите на Здружението повторно бараа да инсистираме кај надлежните конечно да почнат да се решаваат елементарните и горливи проблеми врзани со инфраструктурата.
Овој пат Управниот одбор реши да се заложиме за итно решавање на две од многуте приоритетни прашања што многупати сме ги поставувале во директни разговори, во дописи, преку конференции за печат и сл.
1. Алтанин мост е врската на цела Чекоштина со градот . Уште од самото формирање на Здружението безброј пати баравме да се реши прашањето на негово одржување или замена. Се‘ до скоро, кога во програмата за патшта и во буџетот на Општината за оваа година се предвиде изградба на нов мост. Оваа вест и информацијата дека до крајот на месецов ќе биде готов проектот, ги израдуваа сите кои минуваат кон Чекоштина и Орман преку него.
Ве повикуваме што е можно поскоро да се почне со реализација на овој дел од програмата за инвестиции, зашто малата заштита со нафрлените камења пред мостот воопшто не е убедлива и постои голема веројатност тој да се сруши при зголемени врнежи, бидејќи е многу оштетен!
2. Пред две години испративме предлог за воведување уличен систем во урбанизираниот дел од месноста, со графички приказ на синтетичкиот ДУП и предлог за именување на пет основни правци. Близу една година не добивме реакција и затоа побаравме одговор од Секретарот на Општината. Откако тој вети дека тоа ќе го стори до крајот на неделата, следната негова реакција беше увредливо одбивање!
Проблемов се влече долго време. Месноста се населува и луѓето имаат потреба од вистинска адреса на живеење. Сето е сврзано и со прекршок по законот за живеалишта, кој неволно го правиме! И правото на избори не го остваруваме според законот, туку се водиме на некогашните адреси.
Затоа ве молиме да пристапите кон решавање на овој проблем, за кој не се потребни посебни финансиски средства. Стоиме на располагање за соработка по ова прашање.

Охрид, 15. 4. 2026 г. Претседател,
Иван Огненов

04/04/2026

Денес се одржа годишно изборно собрание на здружението, после неуспешната регистрација во Централниот регистар, заради индолентноста на новоизбраното раководство. Така до денес остана да работи стариот УО.
На собранието се водеше расправа со учество на повеќе дискутанти. Основни приоритети се и понатаму мостот, патиштата, уличниот систем и друго. Притоа заеднички став е дека е потребна масовност и поенергични барања од локалните власти.
Новиот УО е во состав: Иван Огненов, претседател и Станко Јовчески, Васви Доко, Павле Лазороски и Никола Маркоски, членови.

16/03/2026

Како што објавивме на 1. 12. 2025 г., на состанокот одржан на 13. 3. 2026 г., УО го закажа годишното изборно собрание.
Покрај другото, УО ги донесе следните заклучоци:

А) Годишното изборно собрание на здружението да се одржи на 4. 4. 2026 г., со почеток во 11 ч., во просториите на Оаза-ин.
Предлог дневен ред за собранието:
-Извештај за работата во 2025 г.
-Програма за работа во 2026 г.
-Финансиски извештај за 2025 г.
-Програма за работа во 2026 г.

Г) Средствата од здружението, во износ од 6.000 ден. да се искористат за поправка на поважните патишта во месноста.

Ги повикуваме членовите и симпатизерите да го планираат терминот САБОТА, 4. АПРИЛ 2026 Г., ВО 11 ЧАСОТ

29/01/2026
12/12/2025

Како што заклучи ИО на 1. 12., до градонаалникот го испативме следново писмо:
Господине Градоначалник,

Алтанин мост се‘ повеќе се оштетува. Сегашната состојба претставува сериозна опасност за бројните корисници. Потребно е итно да се преземат мерки за негова санација. Не е вистина фамата дека е под заштита на законот, како културно наследство.

Ве повикуваме како одговорно лице веднаш да дејствувате! Еентуалните немили последици би биле исклучиво по Ваша вина!

Охрид, 1. 12. 2026 г. Управен одбор на Чекоштина урбан

Од тогаш поминаа скоро две седмици, а нема никаква реакција.
Објавуваме фотографии од кои се гледа каква е состојбата.
Веќе шест години апелираме на празно.
Белки не се чека да се случи несреќа, па да бараме виновник!

01/12/2025

Почитувани пријатели,
Се јавуваме прв пат по одржаното изборно собрание во март.
Причина за ова е што новото раководство не ги регистира измените кај Централниот регистар и се‘ уште официјално се води досегашниот управен одбор. После повеќе обиди да ги регистрираме измените, повеќе конакти со Министерството за правда и со регистарот, остана единствено опцијата да свикаме ново изборно собрание.
Управниот одбор денес ја разгледа информацијата за оваа состојба и реши да свика собрание кое ќе се одржи во февруари-март, 2026г. Точниот датум и предлог-дневниот ред ќе се утврдат дополнително.
Заради точна евиденција, претходно до членовите ќе се достават анкетни листови во кои тие ќе се изјаснат за тоа дали остануваат во членство или не.
УО реши и да се испрати допис до надлежните дека е потребна итна поправка на мостот кој е оштетен и претставува голема опасност по минувачите.
Охрид, 1. 12. 2025 г. УО на Чекоштина урбан

На 15. 3. 2025 г., се одржа годишното изборно собрание. Беа едногласно усвоени извештајот за работа, финансискиот извешт...
18/03/2025

На 15. 3. 2025 г., се одржа годишното изборно собрание. Беа едногласно усвоени извештајот за работа, финансискиот извештај и програмата за работа во 2025 . Во новиот управен одбор се: Алек Чинго, претседател и Васви Доко, Ванчо Стојаноски, Павел Лазооски и Орце Стојаноски, членови. Срдечно им честитаме и им пожелуваме успех!

11/03/2025

УО на Здружението, на денешната седница реши:
Да се одржи годишно, истовремено и изборно собрание во сабота, 15. 3. 2025 ., со почеток во 11 часот, во просториите на Оаза ин (објектот во непосредна близина на Алтанин мост).
За дневен ред да се предложи:
1. Извештај за досегашната работа
2. Финансиски извештај
3. Пограма за работа во 2025 г.
4. Избор на претседаел и членови на Управниот одбор
5. Разно
ГИ ПОВИКУВАМЕ ЧЛЕНОВИТЕ И ДРУГИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ДА ПРИСУСТВИУВААТ НА СОБРАНИЕТО!

Address

Аџи Мустафа , 199
Okhri
6000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Чекоштина урбан posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share