Тактус - Здружение за развој на културно-уметнички вредности

  • Home
  • Macedonia
  • Ohrid
  • Тактус - Здружение за развој на културно-уметнички вредности

Тактус - Здружение за развој на културно-уметнички вредности ТАКТУС е граѓанско здружение чија основна цел е да ги доближи уметноста и културата до луѓето преку концерти, изложби и културни настани

„Бамбино“ на настапот за поддршка на ретките болести🩵🩷💚 #реткиболест #реткоедасиредок #поддршказаретки #меѓународенденна...
01/03/2026

„Бамбино“ на настапот за поддршка на ретките болести
🩵🩷💚

#реткиболест
#реткоедасиредок
#поддршказаретки
#меѓународенденнареткиболести

10/10/2025
Повелете утре на изложбата од учесниците на Летната сликарска школа "Пробај уметност". Плоштадче  "Вангел Наумоски" 19.3...
24/07/2025

Повелете утре на изложбата од учесниците на Летната сликарска школа "Пробај уметност". Плоштадче "Вангел Наумоски" 19.30. Ве очекуваме

🎨🎶 Петок (25.07) од 19:30 часот на плоштадот „Вангел Наумоски“ (МИНИ МАРКЕТ) – вечер полна со уметност, музика и детска креативност!
Од сликарска школа до музички настапи и специјален перформанс – не пропуштајте! 💛

🔉 БАМБИНО повторно започнува со работа. Овој пат на наша огромна чест и задоволство со поддршка на Општина Охрид .      ...
23/06/2025

🔉 БАМБИНО повторно започнува со работа. Овој пат на наша огромна чест и задоволство со поддршка на Општина Охрид . Заследете ја официјалната страница и споделете со Вашите пријатели. Уписите се во тек. 🎵🎶🎵

Доколку Вашето дете поседува исклучителен талент за пеење, чиста интонација и е на возраст од 6 до 14 години, Охридскиот детски хор „Бамбино“ е вистинското место.
Со пеењето во хор, Вашето дете развива музички слух, чиста интонација, тимска работа, поголема самодоверба и чувство на припадност.

Аудицијата ќе се одржи во просториите на Младински културен центар - Охрид, секоја среда, во период од 19.00 до 21.00 часот, а дечињата за пеење треба да имаат подготвено една едноставна песничка.
Контакт телефон за пријавување: 076/499-588.

Едит: бројот за летната школа е пополнет. Благодарност до сите кои споделија и благодарност до сите родители кои ги запи...
20/05/2025

Едит: бројот за летната школа е пополнет. Благодарност до сите кои споделија и благодарност до сите родители кои ги запишаа своите деца.

Се гледаме наскоро :)

Уписи за шестата по ред летна сликарска школа „Пробај уметност“ во организација на Здружение „Тактус“, Охрид. Место на одржување: На отворено, во двор од куќа во н...

19/02/2025
АРТ ЛАБ претставува мултимедијален проект во реализација на Здружение ТАКТУС Охрид во кој учествуваа средношколци од Стр...
18/02/2025

АРТ ЛАБ претставува мултимедијален проект во реализација на Здружение ТАКТУС Охрид во кој учествуваа средношколци од Струга, Охрид и околината.Проектот беше поддржан од ОБСЕ и Министерството за образование и наука преку мисијата „Градиме нови мостови“ која е дизајнирана да ги подобри односите меѓу младите од различни потекла и јазици во текот на училишниот ден и преку заеднички воннаставни активности.
Целиот проект придонесе за зајакнување на мултикултурниот дијалог, за разбивање на бариерите и предрасудите помеѓу младите од различни етнички позадини и развој на меѓусебната соработка преку универзалниот јазик на музиката и уметноста.
Во проектот Арт Лаб учествуваа по 10 средношколци од албанска и македонска националност, 2 Турци, 2 Египјани, 2 Mакедонци Муслимани.
Во првиот дел учесниците спремија концерт наречен „Music Lab“ во кој беа обработени композиции од средниот век до 21 век. Во вториот дел учесниците работеа на Химната за еднаквост, кадешто под водство на менторите, сами ја создаваа музиката и текстот на химната. Понатаму, химната беше снимена и се изработи видеоспот во кој беа прикажани сите моменти од активностите од проектот. На крај учесниците изработија колаборативно сликарско дело,изработено од 28 платнa споени како мозаик. Делото беше насловено „We are one“.
Координатор на проектот беше м-р Снежана Караџовска – Попова, а се спроведуваше во просториите на ДМУ „Тодор Скаловски – Тетоец“ и Europe House Struga.

Во понеделникот, на 30-ти септември, во Младинскиот Центар Охрид, беше одржана презентација, вклучувајќи активности и ди...
03/10/2024

Во понеделникот, на 30-ти септември, во Младинскиот Центар Охрид, беше одржана презентација, вклучувајќи активности и дискусија на тема „ВЕШТИНИ НА ЕМПАТИЧНА КОМУНИКАЦИЈА“.
Овој настан беше дисеминација на обуката за „Ненасилна комуникација“, одржана во Латвија и поддржана преку програмата Еразмус +, која присуствуваше претставник од нашето здружение.
На настанот беа претставени чекорите за употреба на ненасилна комуникација, дефинирање на поимите емпатија, себе-емпатија, опсервации, чувства, потреби и барања.
Се радуваме што имавме мешана група од неколку младинци и двајца возрасни, што ни даде до знаење дека настаните и темите од ваков тип се навистина потребни.
Еве неколку слики од настанот.

дочекавме и мини јубилеј 😊"низ детските очи 5", групна изложбапеток, 26 јули, 19:30 часот, на плоштадот кај нижото музич...
24/07/2024

дочекавме и мини јубилеј 😊

"низ детските очи 5", групна изложба

петок, 26 јули, 19:30 часот, на плоштадот кај нижото музичко училиште, охрид

на изложбата ќе бидат поставени 35 слики, изработени на летната сликарска школа за деца "пробај уметност" на Тактус - Здружение за развој на културно-уметнички вредности

#летнасликарскашкола #здружениетактус #низдетскитеочи #охрид

Address

Ulica Radojca Novicik B. 402
Ohrid
6000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Тактус - Здружение за развој на културно-уметнички вредности posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share